Забава
Кортни Кардашјан влегла во менопауза поради ИВФ-третман

Кортни Кардашјан откри дека е во менопауза поради третмани за ин витро оплодување (ИВФ), форма на асистирана репродуктивна техника.
42-годишната Кортни, која ги има Мејсон (12), Пенелопе (9) и Рејн (7) со поранешниот партнер Скот Дисик, била на третман за плодност бидејќи таа и свршеникот Тревис Баркер сакаат да имаат заедно бебе, но таа призна дека процесот не бил пријатен и дека таа била прилично разочарана од грубите тролови на интернет во врска со тежината што ја добила како резултат на третманот.
Во снимка од новото реално шоу „Кардашјанс“, Кортни вели: „Тревис и јас сакаме да имаме бебе и така мојот лекар нѐ одведе на овој пат на вонтелесно оплодување“.
„Тоа не беше баш некое неверојатно искуство“. И во друг разговор со мајка си Крис Џенер, основачката на Poosh, се отвори за несаканите ефекти од третманот.
„Сите на социјалните мрежи пишуваа: Кортни е бремена, Кортни е бремена, Кортни толку многу се здебелила“.
„Толку е грубо да коментираш за луѓето кога немаш поим низ што всушност минуваат. Лековите што ми ги даваат ме доведоа во менопауза. Буквално во менопауза“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Рики Мартин ги покажа стомачните мускули

Рики Мартин се чини дека ужива во својот престој во Кан.
Порториканскиот поп-пејач (50) познат по хитот Livin ‘La Vida Loca беше фотографиран додека го впива сонцето на балконот од хотелот во кој престојува.
Рики на себе има кратки шорцеви со цветен принт и авијатичарски нијанси.
Добитникот на „Греми“ треба да настапи заедно со Кристина Агилера на галата на Американската фондација за истражување на СИДА во четврток во Кан.
75. филмски фестивал во Кан треба да заврши в сабота, 28 мај.
Забава
(Видео) Евровизискиот трофеј и розовата капа на аукција

Украинската фолк-рап група „Калуш оркестар“, која неодамна победи на Изборот за песна на Евровизија, го продава својот трофеј за да собере средства за украинската армија, објави групата на „Инстаграм“ споделувајќи видео, пренесе Си-ен-ен.
Олег Псиук, фронтменот на групата, исто така понудил да ја продаде својата препознатлива розова капа.
Групата неодамна објави дека ќе ја обиколи Европа за да собере средства за Украина и за нејзините вооружени сили.
View this post on Instagram
Забава
Адвокатката на Џони Деп без коментар за шпекулациите за љубовна афера

Милиони гледачи во светот ја следат правната битка меѓу холивудските тешкаши Џони Деп и Амбер Херд, коментираат американски медиуми, додавајќи дека среде драма во судницата, нова ѕвезда се најде во центарот на вниманието: адвокатката на Деп, Камил Васкез.
Во екот на мачниот судски процес сè погласни се шпекулациите дека актерот е во врска со својата адвокатка.
Од почетокот на судењето минатиот месец таа стана ѕвезда на интернет, а фановите на Деп ја обожаваат поради жестокиот настап и вкрстено испрашување на сведоците, вклучувајќи ја и обвинетата Херд.
Камил убива со прашања и во неколку наврати ја сомле Амбер Херд, коментираат медиумите. Остра е, директна и фокусирана. Корисници на социјалните мрежи пишуваат дека одамна не виделе некој толку многу да се бори за својот клиент.
Неколку нежни прегратки меѓу Деп и колумбиска убавица ги привлекоа медиумите. Многумина почнаа да се сомневаат дека Џони и Камил станале блиски и се вљубиле еден во друг за време на судењето.