Контакт

Забава

Кралицата Елизабета бара изводливо решение по заминувањето на Хари и Меган

Објавено пред

Војвотката од Сасекс, сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, веќе отпатува за Канада, а во монархијата сè уште трае дискусијата за улогите што таа и Хари ќе ги имаат во кралското семејство. Ова следува по вестите дека кралицата Елизабета Втора, принцот Чарлс и принцот Вилијам бараат решение за ситуацијата што настана по ненадејната одлука на Хари и Меган да се повлечат од високите кралски должности.

Кралското семејство наводно е повредено од таквата одлука.

Извори од кралската палата изјавија за Би-би-си дека принцот Хари и Меган Маркл не консултирале никого пред да го објават соопштението дека се повлекуваат од кралските должности.

Во тоа соопштение, објавено во средата, Хари и Меган наведуваат дека се повлекуваат од позицијата високи кралски должности и дека ќе станат финансиски независни.

Тие планираат да поминат доста време на релација Велика Британија – Северна Америка, но ќе продолжат да ги почитуваат должностите кон кралицата, Комонвелтот и сите под нивно покровителство.

Дописникот на британскиот Би-би-си за кралската фамилија, Николас Вичел, вели дека кралицата е во контакт со принцот од Велс (Чарлс) и војводата од Кембриџ (Вилијам). Тие побарале од своите тимови да одржат средби со Хари и Меган и со претставници на владата за да се изнајде решение.

„Ја разбираме нивната желба за поинаков пристап, но сепак ова се комплицирани прашања и потребно е време за решение“, соопшти Бакингемската палата во средата.

И покрај одлуката, Хари останува шести во линијата за наследство на британскиот трон.

 

 

 

 

Забава

Не гледај, Бен! Девојката на Афлек во прегратки на машки модел додека снима реклама за парфем

Објавено пред

Во реалниот живот таа е во среќна врска со Бен Афлек.

Но, најновиот човек на Ана де Армас пред камерите беше дрзок машки модел, кој страсно ја прегрнува и бакнува на реклама за парфем што се снимаше на Малибу неделава.

 

32-годишната актерка и модел лежи на песокот, а нејзиниот колега ја крева во рацете и потоа страсно ја бакнува.

Новата Бонд-девојка, која ја игра и Мерилин Монро во претстојниот биографски филм, зрачи со гламур на снимањето.

Прикажи повеќе...

Забава

Холандскиот крал се извини за годишниот одмор среде рестрикции за патување

Објавено пред

Кралот на Холандија, Вилем-Александер, денес се извини дека се обидел да замине на годишен одмор за време на забрана за патување.

Петчленото семејство се врати од одмор во Грција само 24 часа по напуштањето на Холандија.

Кралот Вилем-Александeр, кралицата Максима и нивните три ќерки беа принудени да се вратат во Холандија по негодувањето на јавноста за нивниот одмор во Грција имајќи предвид дека тие заминаа во исто време кога во земјата беа воведени построги мерки за заштита од Ковид-19 и препораки да не се патува.

Сега, кралот и кралицата јавно се извинија за својата постапка: „Боли што ја изневеривме вашата доверба во нас. И покрај тоа што патувањето беше во согласност со прописите, беше многу неразумно да не се земе предвид влијанието на новите ограничувања врз нашето општество. Нашата одлука за враќање беше донесена со сознание дека не требаше да заминеме.“

Прикажи повеќе...

Забава

Мелани Грифит се вклучи во кампањата за превенција на рак на дојка

Објавено пред

Актерката Мелани Грифит сподели фотографии во розова долна облека наменета за промовирање на светскиот месец за борба против ракот на дојка, дел од меѓународна здравствена кампања за подигање на свесноста за оваа болест.

Мелани (63) седи преку када за фотографија што ја сподели на своите 513.000 следачи на Инстаграм во средата попладне.

„Носам класичен градник Classic Demi и килоти со висока половин“, напиша таа. Брендот  KiT Undergarments всоопшти дека дел од парите од продажбата на овие сетови долна облека ќе бидат наменети за програмата за подигање на свеста преку Фондацијата за истражување на рак на дојка.

Пред две години Мелани призна дека ѝ го отстраниле карциномното ткиво од носот со многу тешка операција.

Мелани неодамна го прослави својот 63. роденден додека беше во карантин среде пандемија на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Дурловски се повлекува од пратеничката функција

Пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ го напушта Собранието. Тој на социјалните мрежи напиша дека негови приоритети се националните интереси по...

Македонија10 часа

Георгиевски во Софија на средба со Захариева

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, денеска имаше средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева. Информацијата...

Регион11 час

Дачиќ е избран за претседател на српското собрание

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и досегашен министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, е избран за претседател на...

Македонија12 часа

Нови 640 заболени и 12 починати од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на...

Свет12 часа

Шведска ги повика повозрасните граѓани да излезат од изолација

На повозрасните Швеѓани, на возраст над 70 години, и на другите ризични групи сега им се препорачува да ги следат...

Свет13 часа

(Видео) Жена се заканувала дека ќе се разнесе на железничка станица во Лион

Желелезничката станица „Пар-Диу“ во Лион е евакуирана поради пријава за бомба, а во тек е полициска акција, соопшти полицијата додавајќи...

Македонија15 часа

Македонскиот државен врв на разговор со претседателот на Европскиот парламент: Подготвени сме за успешна приказна

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска остварија...

Македонија16 часа

Обвинение за поранешниот градоначалник​ на општина Чашка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против поранешниот градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој...

Европа17 часа

И покрај дневниот рекорд од над 11.000 заразени, Германците уверени дека вирусот може да се спречи

Централниот германски епидемиолошки институт „Роберт Кох“ денеска ја оцени актуелната епидемиолошка состојба и рекордниот број на новозаразени во земјата од...

Македонија20 часа

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн средба со Борел

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни...

Регион20 часа

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, десетмина починати во Загреб

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени од коронавирус, а во Загреб има десетмина...

Свет20 часа

99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за...

Македонија21 час

Стевановиќ: Заразените со лесни симптоми да се лекуваат дома

Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние...

Свет21 час

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека...

Македонија22 часа

Активни над 6.000 случаи со коронавирус, болниците се полнат

Во моментот како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје. Само...

Свет1 ден

Починал волонтер што учествувал во тестовите за вакцина против Ковид-19

Бразилската здравствена агенција „Анвиса“ потврди дека починал волонтер што учествувал во испитувања на вакцина против Ковид-19, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Станува...

Македонија2 дена

Дванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на...

Топ2 дена

Кондовец со возило удрил во полицаец и побегнал, нападнати биле и полицајците што го пронашле

Во вечерните часови на 20 октомври, на скопската улица Ѓорче Петров, автомобил „ауди“, управуван од А. А. (26) од село...

Македонија2 дена

Инспекторите ќе можат да ги затвораат кафеаните со новите законски измени

Со новите построги мерки кои се во собраниска процедура инспекторите ќе можат веднаш да ги затвораат угостителските објекти до 30...

Свет2 дена

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Досие