Забава
(Видео) Кралот на крцкавото пилешко доаѓа во Македонија
Човекот што направи револуција во светот на вкусната храна и крцкавото пилешко, лицето што милијарди луѓе од целиот свет го препознаваат по неговата легендарна бела брада, бел костум и црна вратоврска, второто најпрепознатливо лице во светот, доаѓа во Македонија!
Неговиот оригинален рецепт од 11 билки и зачини е тајната што привлече илјадници гурмани секојдневно да уживаат во највкусното, свежо и крцкаво пилешко во повеќе од 25.000 ресторани во целиот свет.
А сега проверени извори кажуваат дека човекот од логото на KFC ексклузивно пристигнува кај нас и веќе е виден како чекори на скопските улици.
Подгответе се за огромно изненадување што ќе нѐ истакне на мапата на светот! Доаѓа Полковникот Сандерс!
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Зошто кафето не е решение за мамурлак и што да пиете наместо тоа
Дочекот на Новата година за некои значи и повеќе алкохол, а тоа може да резултира со мамурлак – главоболка, мачнина и вртоглавица, пишува Express.co.uk.
Според лекарите, се препорачува добра хидратација пред, за време и по консумирање алкохол, како и внес на електролити – преку напитоци или таблети, најдобро пред спиење.
Експертите предупредуваат дека кафето не помага, туку може дополнително да ја влоши дехидрацијата. Наместо тоа, се советува вода или електролитни напитоци, особено ако има мачнина или вртоглавица.
Електролитите може да се надоместат и преку исхраната – со храна богата со калиум, како банани, цитрусно овошје, зелен лиснат зеленчук, компири.
Покрај тоа, важен дел од закрепнувањето е одморот. Алкохолот го нарушува квалитетот на сонот, па експертите советуваат да се престане со пиење порано навечер за телото да има време да го преработи алкохолот и да се обезбеди подобар сон.
Фото: pexels
Забава
Зошто Брижит Бардо беше толку привлечна? Дел од одговорот е во математиката
Француската актерка и стилска икона Брижид Бардо, која почина на 91-годишна возраст, со децении важеше за една од најпривлечните жени на 20. век. Според некои експерти, дел од таа привлечност може да се објасни и со математиката – поточно со таканаречениот златен пресек.
Лондонскиот естетски хирург д-р Џулијан де Силва наведува дека лицето на Бардо во голема мера одговара на златниот пресек, математички однос (1,618) што уште од античка Грција се користи за опишување склад и убавина. Анализа направена со онлајн алатка, пренесува „Дејли мејл“, покажала дека лицето на Бардо се совпаѓа со правилата на златниот пресек во 81,62 проценти.
Истражувањето ги земало предвид односите меѓу носот, усните и очите, висината на лицето и симетријата. Иако резултатот е висок, според истата анализа, некои денешни ѕвезди имаат уште поголема усогласеност со златниот пресек.
Освен лицето, во нејзината привлечност улога можела да има и русата коса. Истражување на Универзитетот Вестминстер од 2011 година покажало дека мажите почесто им приоѓале на жени со руса коса, во споредба со други бои.
Сепак, според експертите, бројките не можат целосно да го објаснат феноменот Брижит Бардо. Нејзината привлечност, велат, лежела и во комбинацијата на природност и провокативност, како и во харизмата што не може да се измери со формули.
Забава
Би-би-си објави листа од 20 најдобри дестинации за патување во 2026 година
Новинарите на Би-би-си, заедно со експерти за одржлив туризам, објавија листа од 20 најдобри места за патување во 2026 година – дестинации, кои, освен уникатни искуства, го користат туризмот за поддршка на локалните заедници, заштита на животната средина и зачувување на културното наследство.
На листата се најдоа разни светски региони – од Алжир, Црна Гора и Хебридите во Шкотска, до далечни дестинации како Ишикава во Јапонија, Комодо островите во Индонезија и Улуру во Австралија.
Како една од најдинамичните дестинации се издвојува Абу Даби, каде што во 2026 година се очекуваат значајни културни отворања, меѓу кои Националниот музеј „Зајед“, Природонаучниот музеј „Абу Даби“ и долго најавуваниот „Гугенхајм Абу Даби“.
Меѓу европските избори се најдоа и Гимараеш во Португалија, кој во 2026 година ќе ја носи титулата зелена престолнина на Европа, како и Оулу во Финска, кој ќе биде европска престолнина на културата.
Листата вклучува и дестинации што повикуваат на одговорно патување, како Ишикава во Јапонија, погодена од разорен земјотрес во 2024 година, каде што посетителите директно придонесуваат за обновата на локалните заедници.
Според Би-би-си, заедничко за сите избрани места е тоа што нудат автентични доживувања и можност патувањето да остави позитивен и одржлив траг.
Фото: Žabljak, Montenegro (Pexels)

