Забава
Кралот Чарлс бара нов телефонски оператор: Треба да одговара на 4.000 повици неделно за годишна плата од 30.000 евра
Резиденцијата на британскиот крал Чарлс Трети бара нов телефонски оператор.
Според „Дејли мејл“, неговата работа е да одговара на 4.000 телефонски повици неделно, што би било околу 208.000 повици годишно.
Во соопштението од Бакингемската палата се наведува и дека операторот во палатата мора да работи 38 часа неделно, а неговата плата би била 26.000 фунти годишно, што е околу 30.000 евра. Ова, според споменатите медиуми, е за 9.000 фунти повеќе од просечната минимална плата во Велика Британија.
Годишниот одмор трае од 25 до 30 дена платен одмор, а исто така се наведува дека работата за кралското домаќинство значи „да се биде во срцето на организацијата“ и дека вработениот треба „да биде горд што е дел од тимот посветен на крал“.
Покрај тоа, вработениот има здравствено осигурување и попуст од 20 проценти во бутиците на Royal Collection Trust.
Како што потсетува споменатиот медиум, истиот оглас претходно беше објавен во 2016 година, кога на тронот беше кралицата Елизабета Втора, а тогаш платата беше 23.000 фунти, но бројот на телефонски повици што операторот мораше да ги одговори беше дури 7.000 неделно. , или 364.000 годишно.
Намалувањето на телефонските повици се должи на зголемениот проток на мејлови. Во Бакингемската палата се вработени вкупно 1.200 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Скопје винил конвенција“ годинава со специјално катче за најмладите
На 5-ти октомври, од 12 часот, Куршумли Ан ќе биде домаќин на „Скопје винил конвенција“ (Skopje Vinyl Convention).
Оваа година, освен музиката, предвидено е и специјално детско катче “Жабец” за најмладите. Децата ќе можат да учат за природата преку креативни „лего“ работилници и интересни експерименти, дизајнирани да ја поттикнат нивната љубопитност и креативност.
Организаторите на настанот најавуваат забавни активности, музика и многу нови знаења.
Забава
Бред и Инес привлекоа внимание на хуманитарен настан во Малибу
Актерот Бред Пит (60) и неговата девојка Инес де Рамон (31) привлекоа внимание на хуманитарен настан во Малибу.
Двојката учествуваше на настанот Rock4EB на EBMRF, кој имаше цел да собере средства за истражување и третман на ретка состојба на кожата – epidermolysis bullosa.
За оваа пригода Бред и Инес го координираа својот изглед еден со друг. Актерот носеше бела кошула и беж панталони со жолт кариран дезен, а Инес избра бела маичка со тенки прерамки и беж панталони.
Забава
Бен Афлек се бореше со зависност од алкохол, сега е виден во центар за рехабилитација
Бен Афлек ги загрижи своите фанови кога во јавноста се појавија фотографиите направени од американските папараци. Тие, всушност, го прикажуваат славниот актер како заминува од центар за рехабилитација во Калифорнија.
Некои странски медиуми шпекулираат дека тој дошол само за да им даде поддршка на луѓето што се борат со разни зависности.
Од претходно е познато дека Бен неколкупати бил на лекување и на одвикнување од алкохол.
На тој чекор првпат се одлучил во 2001 година, а во март 2017 година Афлек објави дека го завршил лекувањето од оваа зависност.