Контакт

Забава

Кралска гробница со ретки артефакти пронајдена меѓу паб и супермаркет во Англија

Објавено пред

Големите археолошки откритија честопати почнуваат со некоја мала трага, а понекогаш се ископуваат и сосема случајно. Таков беше случајот при откривањето неверојатна археолошка локација во Англија кога експертите пронајдоа благороднички гроб во близина на супермаркет за кој се вели дека е англиска верзија на раскошната гробница на фараонот Тутанкамон, објави Би-би-си.

Кога научниците во 2003 година дознале за археолошкото наоѓалиште кое било откриено при реконструкција на улица во Есекс, тие не претпоставувале дека таму ќе го пронајдат најстариот пример на христијански англосаксонски кралски погреб.

Кралската гробница била пронајдена меѓу паб и супермаркетот „Алди“, а археолозите откопале десетици ретки артефакти бидејќи гробницата била недопрена повеќе од илјада години.

Врз основа на фрагменти од забната глеѓ на погребаниот благородник експертите сметаат дека веројатно се работи за гроб на англосаксонски принц од 6 век.

Првин се претпоставуваше дека станува збор за гробот на Сајберт, саксонскиот крал на Есекс, но детаљната анализа покажа дека гробот бил изграден помеѓу 575 и 605 годона, односно најмалку 11 години пред неговата смрт.

Поради тоа, археолозите претпоставуваат дека ова е гробницата на Сеакс, братот на Сајберт.

По 15 години професионална и детаљна анализа, некои артефакти ќе бидат вратени во Саутхенд првпат да бидат изложени во Централниот музеј.

Во рамките на дрвената конструкција на гробницата, на површина од четири квадратни метри, археолозите пронашле 40-ина ретки и скапоцени предмети.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Џенифер Анистон објави на „Инстаграм“ фотографија од детството

Објавено пред

Само два дена по отворањето профил на „Инстаграм“, една од најомилените актерки, Џенифер Анистон (50), со само три објави стана еден од најпопуларните корисници!

По првото селфи со комплетната екипа на „Пријатели“, со кое предизвика воодушевување, а бројот на следбеници нагло се зголемил, убавата Џeн за само три часа собрала три милиони лајка објавувајќи фотографија на која се гледа како изгледала кога била мала.

View this post on Instagram

#TBT In style, then and now…

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

Актерката сакала да истакне дека и како мала била вистинска дама, а истиот стил продолжила да го негува и во зрели години.

„Со стил, некогаш и сега…“, напишала новата корисничка на „Инстаграм“, која доби многу комплименти од следбениците.

Џенифер досега има повеќе од 12 милиони следбеници на „Инстаграм“.

Прикажи повеќе...

Забава

Оливија Њутн Џон ја продава гардеробата од „Брилијантин“

Објавено пред

Актерката и пејачка Оливија Њутн Џон (71), најпозната по улогата во филмот „Брилијантин“, ќе продаде на аукција речиси 500 свои работи и предмети вклучувајќи ги и познатите црни панталони од завршната сцена на познатиот филм.

На аукцијата ќе биде понудена и розовата јакна што ја носеше во филмот, како и црната кожена јакна, која исто така ја носеше во последната сцена на филмот.

Целиот приход од продадените предмети ќе биде даден во добротворни цели, пренесува ТВНЗ.

Познатата актерка се бори со карцином на дојката, кој првпат ѝ беше дијагностициран во 1992 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Тивко и без помпа, Радосав се качил на авион и отишол да ѝ донира бубрег на својата другарка

Објавено пред

Директорот на аеродромот во Тиват, Раде Мариќ, на „Фејсбук“ објави исклучително хуман гест на Радосав Ѓуровиќ кој на својата другарка ѝ донирал бубрег.

Lijepe priče iz naše Crne Gore – SVAKA ČAST za humanost! 🙏🙏❤❤❤

Posted by Kolektiv.me on Четврток, 17 октомври 2019

„Тивко и без никакво медиумско внимание, Ѓуровиќ отпатува за Истанбул и ѝ донираше бубрег на својата другарка. Единствено внимание што му беше дадено при нивното враќање беше помошта од колегите од аеродромот во Подгорица и мојата маленкост, за да можат да ги завршат аеродромските процедури малку побрзо бидејќи се уште беа нежни од операцијата. Ако тоа беше превоз на некој локален или меѓународен „кримос“, речиси од од почеток до крај ќе имавме медиа ВИП третман“, напиша Мариќ на „Фејсбук“, пренесува cdm.me

Тој додаде: „Вака останува таа неуништлива, безвременска човечка доблест дека, колку и да не се гледаат границите на злото, само една човечка добрина и благородност го исполнува целиот универзум со љубов кон која ниту едно зло не може да стори ништо.“

„Секоја чест и почит за овој благороден подарок“, напиша Мариќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во...

Свет14 часа

Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара...

Свет14 часа

Одложено конечното решавање на брегзит

Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на...

Топ15 часа

Во стан во Карпош пронајден мртов маж

Во стан на ул.„Вич“ во скопската населба Карпош, вчера утрото бил пронајден починат 54-годишнен маж, М.Ш., соопшти МВР. По наредба...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори,...

Македонија19 часа

(Видео) Заев предлага предвремени избори што е можно побрзо

Премиерот Зоран Заев предлага одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побрзо. Во своето прво обраќање откако Европската Унија...

Вести20 часа

(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во...

Македонија20 часа

Инспекциски надзор во училиштето во Гостивар каде учениците ја поздравија воената операција во Сирија

Во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, каде што учениците со војнички поздрав ја поздравија турската офанзива во Сирија,...

Македонија20 часа

Измама во ФК Куманово 1903, претседателот затаил данок од речиси милион денари

Полицијата поднесе кривична пријава против претседателот на правното лице „Фудбалски клуб Куманово 1903“, против сметководителка и против правното лице Здружение...

Свет21 час

Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе...

Економија22 часа

Светска банка ќе даде поддршка од 120 милиони долари за финансирање на пет проекти

Светска банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти со кои ќе се подобри...

Европа22 часа

(Видео) Полицијата ја презеде контролата над улиците во Барселона, уапсени 27 лица

Каталонската и шпанската полиција ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови по синоќешните насилни протести. Полицијата...

Македонија23 часа

САД: Разочарани сме од одлуката на ЕУ за Северна Македонија

САД изразија разочараност затоа што Европскиот совет не додели датум за преговори за Северна Македонија и за Албанија.Стејт департментот наведува...

Спорт1 ден

Батистута повторно на операција: Ги молев лекарите да ми ги ампутираат нозете

Аргентинската фудбалска легенда, Габриел Батистута открива дека ги молел лекарите да му ги ампутираат нозете по големите проблеми со повредите...

Македонија1 ден

Хелсиншки бара казна за училиштето во Гостивар каде деца со војнички поздрав ја поддржаа офанзивата во Сирија

Хелсиншкиот комитет остро го осудува злоупотребувањето на учениците од гостиварското основно училиште Мустафа Кемал Ататурк за политички цели. На 17.10.2019...

Македонија2 дена

Ципрас: Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Европа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го осуди фактот дека лидерите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се постигнат согласност...

Култура2 дена

Министерството за култура го осуди вандализмот, бара да се заштити Аквадуктот

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што...

Македонија2 дена

(Видео) Интервју со Села: 18 години не одговарал ниеден функционер од ДУИ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Макфакс“ рече дека не може да се оочекува ЕУ да...

Македонија2 дена

Влада: Во тек се консултации, Заев носи одлуки во интерес на граѓаните и државата

Во тек се интензивни консултации после заклучоците на Европскиот совет, премиерот Зоран Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите...

Македонија2 дена

Лидерската средба ќе се одржи в недела во вилата на Водно

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток...

Досие