Забава
Критичарот за храна Чуа Лам отвори канал на „Јутјуб“

Многу ретко можете да видите 79-годишен јутјубер.
Станува збор за критичарот за храна од Хонгконг, Чуа Лам, кој минатата година се најде на насловните страници со неговите критики за некои кинески традиционални јадења.
Познатиот колумнист и ТВ-лице отвори свој канал на „Јутјуб“ минатиот месец и веќе има стекнато над 30.000 претплатници.
Неговото прво видео имаше повеќе од 200.000 прегледи, што е солиден доказ за неговата популарност кај дигитално паметната публика.
Во неговите видеозаписи тој патува во различни специјализирани продавници во Хонгконг, подучувајќи ја својата публика како да купи најавтентични состојки за различни видови кујни. Тој исто така покажа некои лични хирови, како што е неговиот омилен начин на јадење леб – со тоа што ќе истрие чешне лук на него.
Публиката е почестена со примамливи визуелни прикази на храна, како и сцени кога Чуа лично готви во кујната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Таа влезе во 6-тата деценија, но нејзините нозе велат поинаку

Прославената дизајнерка Викторија Бекам наполни 51 година, а нејзиниот сопруг Дејвид Бекам ја искористи можноста јавно да и честита на уникатен начин.
Сега, кога впечатоците се смирија, Викторија објави фотографија и кажа дека им се заблагодарува на сите што го направиле нејзиниот роденден незаборавен.
Таа позираше на јахта со роденденска торта, а објави и неколку семејни фотографии. Интересно е дека таа носеше ист бел топ на прославата што го носеше претходно и нејзината снаа, Никола Пелц Бекам.
Останува мистерија дали Викторија го позајмила од неа или едноставно го имаат истото парче облека, но тоа е добар знак кога е нивната врска во прашање, со оглед на тоа што имаше многу шпекулации дека Никола и Викторија не ни разговараат.
Уште еднаш, извајаната фигура беше во центарот на вниманието кога станува збор за оваа жена, а Дејвид не заостануваше, па она што е сигурно е дека на Викторија и понатаму и завидуваат милиони жени.
Забава
Најлоша комбинација: овие хороскопски парови постојано се караат

Додека некои хороскопски парови природно се согласуваат и совршено се надополнуваат, други се чини дека се родени за да се излудат еден со друг.
Нивните расправии не се секогаш лоши, понекогаш ги држи тој „оган“, но нема сомнеж дека меѓу нив постојано летаат искри, но не од романтичниот вид.
Еве три хороскопски парови кои често се наоѓаат во вербални пресметки, без разлика колку се сакаат.
Овен и Рак
Овенот сака акција, брзина и доминација, додека Ракот е чувствителен, емотивен и повлечен. Овие два знака често не успеваат да најдат заеднички јазик.
Додека Овенот брза напред, Ракот бара разбирање и сигурност. Овенот не ги разбира емотивните фази на Ракот, а на Ракот му пречи тоа што Овенот го турка надвор од неговите граници.
Близнаци и Шкорпија
Близнаците се друштвени, зборливи и љубопитни, додека Шкорпијата бара длабочина, лојалност и емоционална поврзаност. Шкорпијата брзо може да стане љубоморна на потребата на Близнаците за флерт и слобода.
Тешко се справуваат со интензивната контрола и драматичните испади на Шкрорпија. Нивната врска често резултира со љубоморни сцени и саркастични расправии.
Лав и Јарец
Лавот бара внимание, признание и сака да биде во центарот на вниманието, додека Јарецот е сериозен, практичен и ориентиран кон целта. Во очите на Јарецот, Лавот изгледа како расипан егоцентрик, додека Јарецот на Лавот му изгледа ладен.
Нивните разлики во приоритетите и начинот на живот често доведуваат до расправии и критики.
Забава
По разводот изгледа подобро од било кога: холивудската убавица привлекува внимание во бикини

Џесика Алба по разводот изгледа подобро од кога било и ужива во секој ден, што го покажува на социјалните мрежи.
Холивудската убавица Џесика Алба неодамна стави крај на долгогодишниот брак со Кеш Ворен и оттогаш привлекува внимание на секој чекор.
Познатата актерка помина многу време на плажа, од каде објави бројни фотографии. Нејзиното друштво главно беа пријатели и нејзините деца, но сепак најголемо внимание привлече нејзиното згодно тело.
Се чини дека по разводот Џесика не облекла ништо освен бикини.
Сега таа сподели неколку фотографии од претходниот одмор на кои позира во минијатурни бели бикини и дефинитивно изгледа подобро од било кога.
„Ментално сè уште тука“, напиша таа во описот на објавата.