Забава
Лејди Гага почнала да губи допир со реалноста на снимањето на „Куќата Гучи“
Лејди Гага откри дека имала психички потешкотии при крајот на снимањето на House of Gucci („Куќата Гучи“), филм инспириран од неверојатна вистинита приказна за семејната империја зад познатата модна куќа.
35-годишната поп-ѕвезда и актерка ја глуми Патриција Реџани во новиот филм во режија на сер Ридли Скот и признава дека глумењето во филмот имало драматично влијание врз нејзиниот реален живот.
Во интервју за британски „Вог“ таа рече: „Имав психички потешкотии во еден момент при крајот на снимањето.“

„Бев или во мојата хотелска соба живеев и зборував како Реџани, или бев на снимање, живеев и зборував како неа. Се сеќавам дека додека бев во Италија на снимање, еден ден излегов за да се прошетам. Не бев излезена надвор околу два месеца и ме фати паника. Мислев дека сум на филмски сет“.
Дејствието на филмот се одвива во 1995 година, по случувањето кое ја потресе Италија – убиството на Маурицио Гучи, нарачано од неговата поранешна сопруга Патриција Реџани. Во 1998 година Патриција беше осудена на затвор откако обвинтелството докажа дека изнајмила платен убиец да го убие нејзиниот поранешен сопруг.

Гага со години се подготвуваше за улогата и на крајот тоа се одрази на нејзиниот личен живот.
„Поминаа три години откако почнав да работам на улогата и ќе бидам целосно искрена и транспарентна: живеев како неа година и пол. И зборував со акцент девет месеци потоа.“

Гага, која е една од најпознатите италијанско-американски ѕвезди во нејзината нација, е исто така чувствителна на тоа како филмот ќе биде оценет во Италија.
Таа за декемвриското издание на британски „Вог“ изјави: „Тоа беше животно искуство што го направив овој филм затоа што секоја минута од денот мислев на моите предци во Италија и што тие мораа да направат за да имам подобар живот.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Домашен лек кој прави чуда за болното грло
Засипнатост, печење и болка при голтање се најчестите знаци на грип, особено во зимските месеци.
Пред да посегнете по лекови, можеби веќе го имате решението во вашата кујна. Топла комбинација од мед, лимон и ѓумбир може да ја смири иритацијата и да го намали воспалението.
Медот допира до слузницата и ја смирува иритацијата, лимонот е богат со витамин Ц, додека ѓумбирот има антиинфламаторно дејство.
Во чаша топла (не врела) вода, додадете сок од половина лимон, лажица мед и неколку парчиња свеж ѓумбир. Оставете да отстои неколку минути и пијте полека, во голтки.
Експертите советуваат и пиење доволно течности и избегнување ладни пијалоци. Доколку болката трае подолго од неколку дена или ако имате висока температура, треба да се консултирате со лекар.
фото/Depositphotos
Забава
(Фото) Облините се тука, но тука е и нејзиното „старо“ лице: Дали убавицата ги отстрани филерите?
Парот кој сигурно привлече најголемо внимание уште од првиот ден од нивната врска – Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, се појавија заедно на доделувањето на наградите БАФТА, а риалити убавицата се држеше до своето „правило“ и не сакаше да привлекува внимание кон себе кога беше во негово друштво.
Сакала или не, новинарите повторно ја бараат и секогаш кога се појавува со Тимоти, нивната врска станува главна тема.
Kylie Jenner and Timothée Chalamet win cutest couple at the EE BAFTA Film Awards 🥹 pic.twitter.com/FiDr0oXtlO
— Chicks in the Office (@ChicksInTheOff) February 22, 2026
На доделувањето на наградите БАФТА, Кајли блесна во црна елегантна тоалета украсена со големи циркони, меѓутоа, тоа не е она што им го привлече вниманието на сите. Нејзиниот природен изглед стана предмет на коментари, а многумина шпекулираа дека ги отстранила филерите од усните.
„Изгледа како порано“, „Изгледа помлада, но поприродна“, „Многу е поубава вака, како помлада верзија од себе“, беа некои од коментарите.
Timothée Chalamet and Kylie Jenner attend the EE BAFTA Film Awards. pic.twitter.com/z7hRoCYBjT
— 📸 (@metgalacrave) February 22, 2026
Кајли и претходно беше мета на коментари поради козметички корекции, а како што самата призна, почнала да прави корекции на усните како тинејџерка бидејќи била несигурна. Пред осум години таа тврдеше дека ги отстранила филери, но во меѓувреме се појавија сомнежи дека ги вратила.
Во секој случај, сега навистина изгледа дека филерите се отстранети и, судејќи според коментарите, конечно ја воодушеви публиката.
Забава
(Видео) Нова песна на Сара Мејс – „Не ме сакаш“
Македонската пејачка Сара Мејс го објави новиот сингл „Не ме сакаш“, придружен со видеоспот во кој глуми и познатиот актер Стефан Николовски.
Музиката и текстот се на Сара Мејс, а аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот се изработени во JustRBProduction.

