Забава
Мадона го прослави 64. роденден во голем стил
Мадона во вторникот со стил го прослави својот 64. роденден со раскошна забава во Сицилија, Италија, во палата од 18 век, и очекувано дотерана.
„Д’ матиријал грл“ беше облечена во макси фустан на „Долче и Габана“ со сино-бел принт и отворен грб, соодветни обувки на платформа, морнарски сламен шешир и дијамантски накит.

„Пејџ сикс“ дури и се потруди да ја најде цената на фустанот – 2.911 долари и на сандалите – 1.095 долари.
Роденденската девојка не беше единствената во „Долче“. Нејзините деветгодишни ќерки близначки, Естере и Стела, ѝ одговараа на мајка си во детски верзии (925 долари), во комбинација со чанти (925 долари) и патики (545 долари).


Кралицата на попот сподели фотографии од девојчињата и од себе, заедно со други снимки од вечерта. Најубавите моменти се појавија на нејзините Инстаграм-сторис, а подоцна и насловните страници на таблоидите.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Високопреработената храна ги загрозува сите главни органи
Високо преработената храна ги оштетува сите главни органи на човечкото тело и претставува сериозна закана за глобалното здравје, според најголемиот светски преглед на истражувања објавени во списанието „Лансет“.
Високо преработената храна која, според „Гардијан“, денес сè повеќе ја заменува свежата храна во исхраната на децата и возрасните на сите континенти, е поврзана со зголемен ризик од неколку здравствени проблеми, вклучувајќи дебелина, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и депресија.
Ненадејното зголемување на потрошувачката на високо преработената храна низ целиот свет ги охрабри корпорациите да користат агресивни методи за зголемување на продажбата, да манипулираат со научната дебата и да доведат до спречување на регулација, според студијата.
Серија од три научни трудови наведува дека милиони луѓе сè повеќе консумираат производи како што се готови оброци, житарки, протеински плочки, газирани пијалоци и брза храна.
Во САД и Велика Британија, повеќе од половина од просечната исхрана се состои од производи од високо преработената храна која за некои, особено помладите и посиромашните жители, сочинува до 80 проценти од исхраната.
Преглед на 104 долгорочни студии покажа дека 92 студии забележале зголемен ризик од хронични заболувања и предвремена смрт кај лица кои консумираат високо преработената храна.
Првиот труд во оваа серија покажува дека високо преработената храна ги оштетува сите главни органи. Луѓето не се биолошки прилагодени за нивната потрошувачка.
фото: ЕПА
Забава
Бојана Скендеровски: Подготовките за Филхармонија и за концертот со наслов „Бесмртна“ се во тек
Како што се приближува датумот за првиот солистички концерт со наслов „Бесмртна“, така возбудата за Бојана Скендеровски расте од ден на ден. Подготовките се во полн ек, а Бојана со голема посветеност работи на секој детаљ од вечерта, која ќе го обележи нејзиниот дводецениски музички пат.

„Со нетрпение го очекувам овој концерт. Секој ден сум во сала, во студио, во процес на доработки… Сакам публиката да го почувствува она што го носам во себе и сакам сите да имаме една посебна и, пред сѐ, вечер што ќе биде уживање за сите сетила. Во меѓувреме, подготвувам и едно мало музичко изненадување“, открива Бојана.
На 13 декември, во 20 часот, во Филхармонијата, публиката ќе ја доживее Бојана во едно ново светло – искрена, емотивна, уметнички зрела, подготвена да ја отвори својата душа на сцената. „Бесмртна“ ветува вечер исполнета со песни што допираат длабоко, чувства што траат и моменти што се паметат.

Овој концерт не е само уште едно појавување на сцената, тоа е голем чекор, затворање на 23-годишното поглавје и почеток на ново, уште посилно. Публиката ќе ужива во репертоар што ги спојува најубавите спомени со сегашноста и она што допрва доаѓа.
Забава
(Фото) Меланија Трамп воодушеви во гламурозна креација во боја на смарагд
Меланија Трамп важи за дама со стил и вкус. Деловната елеганција е нејзин заштитен знак и ретко избира раскошни креации за средби со официјални претставници на земјите. Сепак, таа знае и како да направи исклучок…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прими саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, неофицијалниот лидер на Саудиска Арабија, во Белата куќа.
На церемонијалниот пречек се придружи и Меланија Трамп, првата дама на САД, но и жена која ја знае добитната модна комбинација кога станува збор за официјални посети.

Иако деловната елеганција е нејзин заштитен знак, Меланија овој пат одлучи да направи исклучок и избра гламурозна креација за да го пречека саудискиот принц.
Станува збор за макси фустан во смарагдна боја кој ја нагласува фигурата. Со оглед на тоа што првата дама на САД ја краси тело на модел, таа немаше проблем со леснотија да ја носи оваа креација од либанскиот дизајнер Ели Саб.

Својот стил го комплетираше со дискретни додатоци, впечатлива шминка и едноставна фризура која слободно паѓаше по нејзините рамена.
фото: принтскрин

