Забава
Мадона го славеше својот 62. роденден на Јамајка

Мадона продолжи да се забавува по повод својот 62. роденден во неделата и сподели доста невобичаена и смела фотографија за милионите следачи на „Инстаграм“.
Кралицата на попот седи на столче од црвено кадифе во цветен фустан и со загадочна насмевка на лицето, а во рацете држи послужавник прекриен со ролни марихуана. Без сомнение, ова е невообичаено и смело, па дури и за Мадона.
Нејзин роденден е и таа ќе пуши џоинт ако сака, коментираат табоидите.
„Добредојдовте на Јамајка…“ ја наслови објавата, во која беа додадени и неколку други фотографии од забавата на која присуствуваше и ќерка ѝ Лола (23), како и доста помладиот партнер, танчарот Ахламалик Вилијамс (25).
Таа прими честитка од Ким Кардашјан, на која има селфи од нив двете и порака: „Среќен роденден, Мадона, на оваа планета нема друга како тебе!!! Те сакам!!!!!!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Џенифер Анистон прошета по улиците на Њујорк во модна комбинација која привлече многу внимание

Џенифер Анистон го освежи својот препознатлив имиџ со елегантно парче и беспрекорна модна комбинација која беше главна тема на разговор.
Сигурно ќе се согласите дека Џенифер Анистон изгледа подобро од кога било, бидејќи од неодамна е заљубена, а за прв пат призна на јавноста дека е „на седмо небо“. Нејзиниот партнер е и нејзин животен тренер, хипнотерапевтот Џим Кертис, кој очигледно е задолжен и за нејзиниот нов стил.
Можеби не е промена на стилот, но секако е неочекуван избор за саканата ѕвезда од „Пријатели“.
Таа се прошета по улиците на Њујорк во модна комбинација која привлече многу внимание; кратка црна јакна и виолетов асиметричен фустан кој е делумно транспарентен.
Елегантниот фустан го истакнува нејзиното деколте и очигледно е дека Џенифер го носи без градник, а кројот потсетува на 90-тите и актерката очигледно сакала токму ова парче да биде впечатливо на неа, па го комбинирала со помалку наметливи парчиња.
Таа носеше и минималистички сандали со ременчиња, а во раката имаше мала кожна чанта, во бојата што е најпопуларна оваа сезона.
Со овој беспрекорен моден избор, Џенифер Анистон покажа дека сè уште знае како да го освежи својот препознатлив долгогодишен стил и да си игра со модни парчиња што позитивно изненадуваат.
фото: принтскрин
Забава
Октомври им носи чист луксуз: четири знака ќе живеат како кралеви

Октомври е месецот во кој четирите хороскопски знаци доживуваат живот полн со луксуз и можности.
Неочекувани настани, можности за финансиски успех и задоволство ги очекуваат Лав, Девица, Шкорпија и Стрелец. Дознајте како да ги препознаете овие моменти и да уживате во целосниот сјај на среќата.
Многу хороскопски знаци чувствуваат стагнација или мали пречки во текот на целата година, но од 1 октомври, енергијата на планетите испраќа јасни сигнали: четирите знаци влегуваат во период во кој ќе бидат присутни материјални и емоционални награди. Ова не е обичен период – ова е време кога напорната работа и трпението се исплаќаат во луксузна форма.
Кои се среќните знаци?
Лав
Неочекуваните финансиски добивки и можностите за кариера носат чувство на сигурност и моќ.
Девица
Долгоочекуваните можности за унапредување и признание конечно пристигнуваат, носејќи стабилност и задоволство.
Шкорпија
Приватниот и професионалниот живот доживуваат хармонија; одлуките што долго ги одложувавте сега носат богатство.
Стрелец
Патувањата, состаноците и проектите што сте ги планирале сега носат повеќекратни награди – финансиски и емоционални.
Оние кои ги препознаваат можностите и веруваат во својот потенцијал ќе уживаат во чувство на контрола и задоволство – животот станува луксузен и полн со награди.
Како да препознаете луксузни можности
Овие можности се краткотрајни – реагирајте веднаш кога ќе се појават. Малите чекори сега можат да донесат повеќекратни награди подоцна.
Практични совети за максимални перформанси
Запишете ги важните контакти, планирајте активности и слушајте ја вашата интуиција – таа ќе ве води до најдобрите одлуки. Фокусирајте се на она што може да донесе долгорочни резултати и не двоумете се да ги искористите можностите.
Ова е период кога трудот и трпението се наградуваат на најубавиот можен начин.
фото: принтскрин
Забава
Украинката Ирина го загуби окото во пукање, па позираше за Плејбој и ги воодушеви сите: „Изгледав како Франкенштајн“

Украинката и мајка на три деца Ирина Билоцерковец преживеа обид за атентат за време на руската инвазија, но за жал го изгуби едното око.
Тоа не ја спречи храбро да го продолжи својот живот, а денес е активна на сите социјални мрежи.
Ирина, чиј сопруг е соработник на градоначалникот на Киев Виталиј Кличко, често објавува фотографии на Инстаграм и можеме да кажеме дека денес изгледа нереално.
Нејзините модни изданија привлекуваат внимание, а нејзината вистинска убавина е секогаш во преден план.
Ирина стана центар на медиумското внимание кога позираше за специјално издание на списанието „Плејбој“ во 2023 година.
Украинката преживеа обид за атентат, но за жал го изгуби едното око. Потоа се најде на насловната страница на гореспоменатото издание и е потценување да се каже дека ги плени сите со својот изглед.
Во интервју за списанието, Ирина зборуваше за тешките моменти по нападот, како и за борбата за својот гол живот.
„Лекарите во Украина рекоа дека веројатно нема да преживеам. Не се согласив.“
За среќа, таа преживеа – но последиците останаа. Таа го изгуби окото, се здоби со скршена вилица, а лузните од обидот за атентат се уште се видливи на нејзиното тело до ден-денес.
Iryna was a TV presenter. She is married to Kyiv Mayor Klitschko's aide.
She lost her eye & suffered a broken jaw requiring major reconstructive surgery. Both of the Klitschko brothers were on the Wagner PMC assassination list issued by Putin for the onset of the invasion. pic.twitter.com/g4DCVl51b7— Igor Sushko (@igorsushko) August 5, 2023
„Не беше прашање на зачувување на мојата убавина, туку дали ќе живеам или не“, нагласи Ирина, додавајќи:
„Шевови, лузни, рани насекаде; изгледав како Франкенштајн. Вилицата ми беше скршена, како гранче. Веќе немам убаво лице, но остатокот од моето тело е прекрасен.“
фото: принтскрин