Контакт

Забава

Мадона продолжува да ја слави победата на Бајден

Објавено пред

Во текот на викендот Џо Бајден беше избран за претседател на САД кога го победи досегашниот Доналд Трамп на изборите 2020.

А Мадона во понеделникот уште ја славеше победата на Бајден и Камала Харис уживајќи во чаша вино. Таа сподели видео на својот „Инстаграм“, на кое се гледа дека се радува на победата на својот фаворит.

„Моите молитви беа одговорени… #Бајденхарис“, напиша 62-годишната поп-икона додека позира со чаша вино и фанки чорапи пред камерата.

„Ако го читаш ова, донеси ми вино“, пишува на чорапите додека Мадона мавта со нозете во воздухот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

За неа нема зима: Алесандра Амбросио на одмор во Бразил

Објавено пред

Алесандра Амбросио е позната по својата манекенска фигура и природни воодушевувачки црти.

Во саботата 39-годишната Бразилка ја истакна својата чудесна фигура во минималистичко пурпурно бикини на плажа додека се одмора со своето семејство во Флоријанополис, Бразил.

Понарешниот ангел на „Викторија“ ужива на песокот, нурка во океанот и игра тенис на плажа со своето момче Николо Оди со кого е во врска две години.

Прикажи повеќе...

Забава

„Спајс грлс“ навестува нешто за 25-годишнината

Објавено пред

Членките на некогашниот мегапопуларен бенд „Спајс грлс“ ќе ја прослават годишницата в година, изјави 46-годишната Мелани Ц коментирајќи ја веста дека таа, Гери Халивер, Мел Б, Ема Бантон и Викторија Бекам дискутирале на оваа тема претходно оваа година.

Мелани рече: „Ние имаме наша група на WhatsApp и си разговараме, но не можам да кажам ништо повеќе за тоа“.

Мелани, која водеше битка со депресија и нарушувања во исхраната, призна дека минатата година била загрижена оти ќе дека мора повторно да стане „спорти спајс“ или спортски зачин за се приклучи на групата, но на крајот го прифатила своето алтер его на поп-sвезда и си поминала одлично за време на турнејата во 2019 година.

„Враќањето назад не е само да се вратиш за да бидеш со девојките, што вушност е одлично. Тоа исто така значи да се вратиш на оние емоции кога настапувавме во бендот,“ рече Мелани за магазинот„Ју“.

„Турнејата за обединување беше волшебна. Фановите беа таму за да си поминат најдобро и изгледаа фантастично. Пеевме и на сонце и на дожд. Од сите турнеи, за мене – оваа беше најпосебна“.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Глен Клоуз: Гвинет Палтроу не заслужи Оскар за улогата во „Вљубениот Шекспир“

Објавено пред

Гвинет Палтроу освои Оскар за најдобра актерка во 1999 година за улогата на Виола де Лесепс, измислената љубовница на Вилијам Шекспир („Вљубениот Шекспир“), но Глен Клоуз верува дека Оскарот требало да заврши во рацете на Фернанда Монтенегро („Централна станица“).

Во интервју за „Еј-би-си њуз попкорн“ со Питер Траверс, 73-годишната Клоуз рече: Да бидете номинирани од ваши врсници е нешто најдобро што може да ви се случи. Меѓутоа, никогаш не сфатив како може да споредувате перформанси.

„Се сеќавам на годината кога Гвинет Палтроу победи во конкуренција со неверојатната актерка Фернанда Монтенегро и си помислив: Што? Ова нема никаква смисла“.

Во 1999 година, покрај Гвинет и Фрнанда во категоријата Најдобра актерка беа номинирани и Кејт Бланшет за филмот Elizabeth, Мерил Стрип за One True Thing, и Емили Вотсон за Hilary and Jackie.

Клоус досега имала седум номинации, но сè уште нема освоено „Оскар“. Таа се надева дека нејзината прва победа нема да дојде во 2021 година, бидејќи не би сакала да не може да слави како што треба поради пандемијата на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Нови 336 заболени и 32 починати од Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95 -Куманово...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Утре блокади пред Владата и пред МНР

Ова се историски моменти. Ова се моменти кога се одлучува и за иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската...

Регион4 часа

Руската вакцина „спутник V“ ќе стигне во Србија до крајот на неделата

Првиот дел од руската вакцина „спутник V“ ќе пристигне во Србија до крајот на оваа недела, соопшти владината прес-служба на...

Македонија5 часа

Групата за процена во ЦУК: Да се продолжи кризната состојба

Денеска, во Центарот за управување со кризи се одржа втора седница на групата за процена во ЦУК. Со седницата на...

Свет7 часа

Во Јапонија повеќе луѓе починале поради самоубиства отколку од Ковид-19

Експертите предупредуваат дека пандемијата би можела да доведе до криза на менталното здравје кај луѓето. Масовната невработеност, физичката дистанца и...

Македонија10 часа

Филипче: Состојбата во болниците се стабилизира, очекуваме повеќе исписи од приеми на болни

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово одржа состанок со директорите на ковид-центрите од клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ на кој...

Македонија11 час

Престануваат да важат мерките против загадувањето во Тетово, Куманово и Кавадарци

Мерките против загадувањето кои пред два дена беа воведени во Тетово, Куманово и Кавадарци, престануваат да важат, соопшти Владата. „Согласно...

Европа11 час

Во поранешниот берлински аеродром наскоро ќе се вакцинираат по 4.000 луѓе дневно

Големиот натпис „Добре дојдовте“ сè уште виси пред берлинскиот аеродром Тегел, кој месецов беше затворен засекогаш. Но, наскоро се очекува...

Економија11 час

За време на пандемијата 15.000 лица останале без работа

За време на пандемијата без работа останале околу 15.000 лица во Македонија, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се...

Економија12 часа

Бензините и дизелот поскапуваат

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со денешната...

Македонија12 часа

Плевнелиев: Скопје да даде гаранции за реформи, Софија да се откаже од ветото

Oднecите меѓy Софија и Скопје треба итно да деескалираат со одлучен чекор направен од двете страни, вели поранешниот бугарски претседател...

Свет13 часа

Руската вакцина „Епиваккорона“ ќе биде пуштена во промет во декември

Вакцината „Епиваккорона“ против Ковид-19, изработена од Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, може да биде пуштена во промет...

Македонија14 часа

Граѓански здруженија бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина

Четириесет и четири граѓански здруженија и иницијативи бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина....

Македонија14 часа

Дачиќ: Заев знае дека неговите изјави не се точни, но му треба согласност од Софија за ЕУ

Претседателот на српското Националното собрание, Ивица Дачиќ, оцени дека премиерот Зоран Заев не е политички незнајко и дека знае оти...

Регион14 часа

Во Словенија 51 починат од коронавирус и 428 нови случаи

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 428 нови случаи на коронавирус од 1.880 тестирани, а починале 51 лице....

Регион14 часа

„Франс прес“: Здравствените системи на Балканот се преоптоварени поради коронавирусот

Недоволниот број на кревети и лекари и масовниот пораст на инфекции со коронавирус ги доведоа болниците на Балканот на работ...

Македонија15 часа

Воено-медицински персонал ќе се распореди во ковид-центрите на Клинички

Медицински персонал од Воено-медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри, од денеска се вклучува во работата на...

Регион16 часа

„Фајненшл тајмс“: Бугарија проблематична членка на ЕУ која тоне во коруција

Фондовите на ЕУ ја зголемија корупцијата во Бугарија. Тие пари особено се користат за директно или преку јавни набавки купување...

Регион16 часа

Во Црна Гора на лекар само со лична карта

Од денеска црногорските осигуреници ќе можат да ја користат новата лична карта како здравствена книшка. Директорот на Фондот за здравствено...

Свет16 часа

(Видео) Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Вулкан во источна Индонезија, кој избувна во неделата, исфрлајќи пепел на 4.000 метри, ги принуди локалните жители да се евакуираат....

Досие