Контакт

Забава

Македонскиот бенд „Визија“ со два концерти во Грција

Објавено пред

Македонскиот бенд Визија продолжува со своите интернационални настапи. Откако во мај годинава настапија пред француската публика во градот Дижон, сега во рамките на „Europe Convergence” ќе одржат и два концерти во градот Патра, кој се наоѓа во јужниот дел на Грција. Концертите се закажани за 28. и 31. август, а покрај Визија, во периодот меѓу 26. август и 2 септември ќе настапат и бендови од Франција и Грција кои ќе го претстават својот материјал пред публиката во третиот по големина град во Грција.

Бендот „Визија“ постои неполни 8 години, го сочинуваат Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова и Синиша Ѓорѓевиќ, а зад себе имаат настапи на звучни регионални фестивали како што се „Егзит“, „Заечарска гитаријада“, „Миксер“, „Јелен Демофест“, „Лејк фест“, „Таксират“, „Земјотрес“ итн.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Продолжението на „Томб Рајдер“ се заснова на видеоигрите Rise и Shadow of Tomb Raider

Објавено пред

Алиша Викандер повторно ќе се врати како Лара Крофт во новото продолжение на филмот „Томб Рајдер“, со Бен Витли како режисер.

Иако филмот во 2018 година црпеше инспирација од видеоиграта Tomb Raider од 2013 година, со елементи на друга акција-авантура видеоигра, Rise of the Tomb Raider, се чини дека продолжението ќе биде засновано на двете игри Rise и Shadow of Tomb Raider.

Филмот ќе почне да се снима во март годинава во повеќе држави, меѓу кои Англија и Јужна Африка, а во него ќе има и повеќе натприродни елементи, кои фановите на видеоигрите сигурно веќе ги знаат.

Shadow of the Tomb Raider („Сенката на Томб Рајдер“) ја следи Лара Крофт додека патува низ густи тропски региони на Америка борејќи се против паравоената организација Тринити додека го бара легендарниот изгубен град Пајтити за да спречи апокалипсата на Маите да се прошири во целиот свет.

 

Прикажи повеќе...

Забава

„Мајкрософт“ се согласува петоците да бидат слободен ден за вработените

Објавено пред

Работниците во Јапонија прекинаа да работат во петоците, а продуктивноста порасна 40 проценти.

Ова е голема пресвртница за секоја компанија која размислува да го направи петок официјален слободен ден.

Според сознанијата на „Мајкрософт“, одлуката да им се дозволи на вработените да работат само од понеделник до четврток резултира со 40 проценти зголемување на продуктивноста. Тие ја тестираа теоријата во Јапонија преку програма што ја нарекоа „Предизвик за избор на работниот живот“.

Давајќи ја им ја можноста на вработените да не доаѓаат на работа во петоците еден месец, „Мајкрософт“ ги спореди резултатите од истиот период минатата година.

Како што можете да очекувате, ова е момент на висока петка за стартап.

Четиридневна работна недела веќе одамна е карактеристика на новоформираните компании заедно со бесплатните закуски и кафе и можноста да се донесе домашно милениче на работа.

Тоа е промена во начинот на размислување – работиш напорно четири дена, ги извршуваш сите задачи што ти се доделени и се фокусираш на твоите напори за покус временски период.

И потоа петокот го користиш како слободен ден.

Сè е поврзано со тој момент.

Според американскиот бизнис-магазин Inc. Magazine, ако сте завршиле тон работа од понеделник до четврток и сте го подобриле маркетинг-планот, или сте ги зголемиле продажбите, или можеби сте ги комплетирале сите пресметки и наплати за таа недела и се чувствувате  потполно удобно со тоа што сте го оствариле, има смисла да го земете петокот како слободен ден и да ужувате во долг викенд. Го заработивте“.

Досега, немаше ваков вид поддршка од голема компанија, како „Мајкрософт“, каде што има вистиснки податоци за да се поддржи гледиштето за продуктивноста. Читавме блогови и книги, гледавме како компаниите ја спроведуваат таквата политика и можеби дури видовме и некои податоци за да нè убедат, но „Мајкрософт“ сега официјално се согласува со концептот.

Тестот опфатил 2.280 вработени, а повеќе од 90 проценти од нив изјавиле дека имаат пораст на продуктивноста. Интересно е што тие исто така воспоставиле политика со која состаноците ќе траат 30-ина минути. Тоа е важно ако соберете колку вкупно време луѓето се во канцеларија, а повеќето од нема да бидат таму во петок.

Крајниот ефект е што состаноците станаа попродуктивни и поефикасни најмногу затоа што мораше да бидат такви.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Роби Вилијамс стана татко четврти пат

Објавено пред

Пејачот Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд објавија дека го добија четвртото дете, нивно второ преку сурогат-мајка.

„На овој Ден на вљубените сакаме да ја прославиме љубовта на најубавиот можен начин. Нашиот син е роден преку истата неверојатна сурогат-мајка како и нашата најмала ќерка Коко. Сега и официјално сме комплетни како семејство“, напиша Ајда на својот „Инстаграм“.

Британскиот пејач и Филд се родители и на Теодора (7) и Чарлтон (5). Колет (Коко) Џозефин ја добија во 2018 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Николоски: Бараме да се прикажат целосните снимки каде што Јанева се среќава со Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Александар Николоски, вечерва одржа вонредна прес-конференција во врска со објавените ПИ-мерки за случајот „Рекет“, за кој тој вели...

Регион7 часа

Донаторска конференција: Над милијарда евра собрани како помош за Албанија

Вкупно 1,15 милијарди евра помош на Албанија се собрани на меѓународна донаторска конференција „Заедно за Албанија“, соопшти европскиот комесар за...

Македонија8 часа

(Видео) Заев: Судии, обвинители, поротници – ослободете се, ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не ви можат ништо

„Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и траспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз...

Македонија9 часа

(Видео) Спасовски – Лајен: Напредoкот на Северна Македонија е импресивен и ги исполни високите очекувања

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во рамките на програмата за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“, што ја организира Европската...

Македонија12 часа

Јанева пред апсењето одела во СЈО, салони за убавина и адвокатски канцеларии

Во кривичниот суд на судењето за случајот „Рекет“ беше презентиран извештајот за тоа каде се се движела ексшефицата на СЈО...

Топ13 часа

Пронајдено безживотно машко тело на Шар Планина

Планинар од тетовско планинарско друштво, кој се движел на тој терен со група планинари, пријавил дека над тетовското с. Вејце,...

Македонија14 часа

Таткото на обвинетата сведочеше на судењето за убиството на Пино – Ангела криела дека Фуркан ѝ е дечко

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо, таткото на обвинетата Ангела, Златко Ѓорѓиевски, сведочеше како сведок на одбраната. Обвинителката...

Македонија14 часа

Јовановски двапати бил во куќата на Јанева – снимки од тајното следење пуштени на судењето за „Рекет“

Од посебните истражни мерки што биле спроведувани од 21 јуни 2019 година кон обвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милески...

Македонија15 часа

Мицкоски го повика Заев на ТВ-дуел: Се надевам ќе се охрабри и ќе ја прифати поканата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел. Тој вели дека добил покана од...

Македонија16 часа

Пуштен билетот за едно возење во ЈСП

ЈСП информира дека во употреба е пуштен билетот за едно возење и може да се купи директно во автобус и...

Свет18 часа

Над 160 милиони луѓе во Кина нема да се вратат на работа поради коронавирусот

Во Кина и во светот продолжува борбата со епидемијата на коронавирусот. Речиси 160 милиони луѓе сепак нема да се вратат...

Топ18 часа

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Охрид

Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид. Според информациите на полицијата,...

Свет18 часа

Над пет тони кокаин пронајдени на Костарика

Властите на Костарика соопштија дека заплениле над пет тони кокаин, што е најголема таква заплена во оваа централноамериканска земја. Министерството...

Свет19 часа

(Видео) Вооружени крадци во Хонгконг украле стотина ролни со тоалетна хартија

Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од речиси 130 долари во Хонгконг, каде што поради коронавирусот...

Свет20 часа

Орбан: Унгарија е иднината на Европа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, синоќа, во обраќањето пред нацијата, рече дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ се...

Македонија1 ден

Рот: Законот за ЈО е клучен чекор за европската иднина, останува ЕУ да испорача

Законот за Јавното обвинителство е клучен чекор за владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија, напиша на „Твитер“,...

Македонија1 ден

Митрески: Законот за Советoт на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Изгласувањето на Законот за ЈО е спротивно на процедурите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „се, само не правда,...

Македонија1 ден

Пендаровски ги потпиша Законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието. Потпишани за законите...

Македонија1 ден

Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека...

Досие