Забава
„Марвел“ развива нова серија, Крис Еванс се враќа во улогата на Капетан Америка

Крис Еванс, вистинскиот Капетан Америка, се враќа по своето. Тој повторно ќе го носи штитот на култниот суперхерој.
Со оглед на успехот на „Капетан Америка: Првиот одмазник“ и „Капетан Америка:Зимск војник“ во кои Џон Вокер е американски агент (Вајт Расел), „Дизни плус“ сака да ги продолжи авантурите на оригиналниот супервојник со нова лимитирана серија.
Но, наместо да ги продолжи авантурите на Баки Барнс како зимски војник (Себастијан Стен) и Сем Вилсон како Фалкон (Ентони Меки), ова продолжение ќе го означи враќањето на Крис Еванс како Стив Роџерс.
А причината е јасна, љубителите на филмскиот универзум на Марвел го обожаваа американскиот ас Стив Роџер, тие не се наклонети на сегашниот Капетан Америка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) „Армија на мртвите“ на Зак Снајдер го објави првиот трејлер

Режисерот Зак Снајдер повторно се враќа по мартовската премиера на неговата верзија на „Лига на правдата“ со прв целосен трејлер за претстојниот Army Of The Dead („Армија на мртвите“).
Sвездата на „Чуварите на галаксијата“, Дејв Батиста, ја предводи големата актерска екипа во која се појавуваат Тиг Нотаро и Омари Хардвик додека тој прифаќа мисија шти ѝ пркоси на смртта.
Приказната следи група платеници што планираат да ја изведат најголемата кражба во казино во Лас Вегас. Градот претходно бил ограбен од зомби-месојадци.
Трејлерот сугерира дека „Армијата на мртвите“ на „Нетфликс“ ќе биде комфорна територија за Снајдер, кој првпат се прослави со својот римејк на Dawn Of The Dead („Зора на мртвите“) во 2004 година.
Забава
Џими Кимел покажа фотошопиран мускул на раката додека прима вакцина

Џими Кимел е официјално вакциниран против Ковид-19.
53-годишниот водител на популарното ТВ- шоу „Џими Кимел лајф“ се појави на „Инстаграм“ во вторникот за да ја сподели веста.
Комичарот и во оваа пригода реши да направи нешто интересно за своите следачи на социјалната мрежа, па, така, сподели фотографија на која покажува фотошопирани бицепси.
Интересниот снеп го покажува Кимел седнат на стол со засукан ракав од маицата додека медицински работник става игла во мускулот на надлактницата.
И покрај тоа што се пофали со статусот „вакциниран“, познатиот водител не откри дали примил вакцина на „Модерна“, „Фајзер“ или на „Џонсон и Џонсон“.
Забава
Фотографија на Ким Кардашјан предизвика смешни коментари

Ким Кардашијан во вторникот уште еднаш ги покажа своите облини, но следачите на „Инстаграм“ без сомнение беа повеќе преокупирани со заднината или, како што коментираа таблоидите, „она што изгледаше дека ѝ расте од главата“.
На фотографијата што ја сподели сестра ѝ Кортни како сеќавање на тропскиот одмор, Ким на себе има бикини во боја на бакар, но нејзиното несреќно позиционирање направи да изгледа како палма да се вкоренила во нејзината коса, пишуваат таблоидите.
Кортни ја икористи фотографијата од 40-годишна сестра за својата веб-страница „Пош“.
Фотографијата е направена за време на патувањето во егзотичните острови Туркс и Кајкос во јануари кога Ким замина на „женско патување“ со своите сестри, во обид да го тргне умот од драмата во семејниот живот.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш