Забава
Маргот Роби го роди своето прво дете

Маргот Роби (34) и нејзиниот сопруг, продуцентот Том Акерли (34), станаа родители. Странските медиуми тврдат дека парот добил момче, кое се родило на 17 октомври, пишува Дејли Мејл.
Ова е прво дете за австралиската актерка и нејзиниот сопруг, продуцентот Том Акерли. Веста за нејзината бременост се појави на почетокот на јули. Набргу потоа, парот беше виден на Вимблдон, а актерката тогаш за прв пат го покажа трудничкиот стомак.
Да потсетиме, парот се запозна во 2014 година додека работеше на филмот Suite Française, а две години подоцна тајно се венчаа во Австралија. Приватниот живот го држат подалеку од очите на јавноста, а заедно почнаа да се појавуваат дури за време на прес-турнејата за објавувањето на филмот Барби, во кој Маргот ја игра главната улога.
Иако Том не е актер, тој работи и во филмската индустрија. Кариерата ја започна како продукциски асистент. Пред тоа, тој се појави како статист во првите три филмови за Хари Потер. Кога првпат се сретнаа на снимање во 2013 година, Маргот ја играше Селин додека Том беше зад камерата како асистент режисер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) По чоколадата, Дубаи доби нов гастрономски хит!

По виралната „дубаи чоколада“, од Емиратите доаѓа нов гастрономски тренд – кроасан пица.
Станува збор за комбинација на слоевит кроасан кој служи како кора, со сос од домати, сирење и преливи. Новитетот првпат го претстави Papa John’s во Дубаи, а реакциите на публиката се одлични.
@ahlanlivedubai @Papa Johns AE ♬ ECE Marketing Airball – EC Equine Marketing
Кроасан пицата веќе е хит на TikTok и Instagram, каде инфлуенсери и блогери објавуваат видеа со своите први залци. Очекувањата се дека наскоро ќе се појави и во пицерии низ светот.
Забава
Четири хороскопски знаци кои најчесто ги изневеруваат своите партнери

Астролозите издвојуваат четири знаци кои, поради својата природа, се посклони кон неверство:
Близнаци – брзо им здосадува, па во потрага по ново возбудување често преминуваат граници.
Стрелец – љубители на слобода и авантура, кога врската станува рутина бараат возбуда на друго место.
Вага – нивната потреба за внимание и шармантност лесно ги носат во паралелни односи.
Риби – емотивни и чувствителни, кога се чувствуваат осамено или неразбрано бараат утеха кај друг.
Забава
(Видео) Инфлуенсерка нападна жена во теретана бидејќи ѝ упаднала во кадар, реакциите жестоки

Видеоснимка од теретана стана вирална на TikTok откако инфлуенсерката Џенифер (@jenniferrpicone) остро реагирала на жена која вежбала во позадина додека таа снимала.
„Зошто стоиш таму?“ ја прашала, а кога добила одговор „Што ти е гајле?“, инфлуенсерката возвратила: „Затоа што ме нервираш“.
@jenniferrpicone She did that 💩on purpose 🤪 #gymtok #fyp ♬ original sound – Jennifer R. Picone
Видеото завршува со нејзина порака: „Лекција од бонтон во теретана #47: Не фотобомбирај креатор на содржина“.
Реакциите на TikTok беа бурни – многумина ја обвинија за ароганција и ја потсетија дека правилото број еден во теретана е „биди пристоен“.
Познатиот фитнес инфлуенсер Џои Свол ја нарече нејзината реакција глупава и ѝ порача дека ако не сака луѓе во кадар – треба да си изгради домашна теретана.