Забава
Марта Стјуарт лансира производи со канабис за домашни миленичиња

Американската гуру за животен стил Марта Стјуарт во вторникот лансираше линија на маслени капки со канабис и меко печени десерти за кучиња, неколку месеци по успешната промоција на нејзините гумени бонбони и чоколада со канабидол (CBD) за луѓе, кои веднаш се најдоа во продавниците во САД.
ТВ-водителка, колумнистка и ѕвезда на емисијата за кулинартво и животен стил пред две години најави партнерство со компанијата Canopy Growth, која се занимава со производство на марихуана и производи кои содржат канабис и канабидол (CBD).
Минатата година луѓето мораа да останат дома за да се спречи ширењето на Ковид-19, а со цел да се намали стресот и вознемиреноста во текот на самоизолација, на пазарот се појавија десерти што содржат канабис. Гумените бонбони, чоколади и пијалаци беа меѓу најбараните производи со канабис.
CBD, непсихоактивно соединение што се добива главно од коноп, се истражува за разни медицински примени и се рекламира широко дека има релаксирачки својства, пишуват светските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Нозе на сонце: Брендот „Валентино“ предлага ултра кратки фустани

Модната куќа „Валентино“ за следната есен предлага мини здолништа во комбинација со кошули со големи јаки, слични на оние од седумдесеттите години.
Пјерпаоло Пичиоли, креативниот директор на познатиот италијански бренд, за следната есен дизајнира силуети со акцент на нозете, а за горе тој предлага пелерини, луксузни блузи и креации со волани.
Покрај црна и бела, во оваа шик комбинација се истакнува и силна златна боја.
Забава
(Видео) Ја изгуби улогата од Хенри Кавил, но Тајлер Хочлин сега е новиот Супермен

Со неодамнешната премиера на телевизиската серија „Супермен и Луис“ уште еден човек од челик доаѓа во светот на суперхероите на „Ди-си“.
Сепак, оваа итерација на Кларк Кент, кого го толкуваше Тајлер Хочлин, постои веќе неколку години во таканаречениот Arrowverse (заеднички универзум на разни меѓусебно поврзани ТВ-серии за суперхерои на „Ди-си“) и дебитира во 2016 година во серијалот Supergirl.
И иако е свесен за наследството што човекот од челик го имаше во децениите и низа одлични актери што зачекорија во црвените чизми, Тајлер ја презема оваа култна улога со голема самодоверба.
Забава
Реге-легендата Бани Вејлер почина на 73-годишна возраст

Еден од најважните гласови на регето, Бани Вејлер, почина на 73-годишна возраст.
Музичарот од Кингстон, Јамајка, беше основачки член на бендот „Вејлерс“ (The Wailers) заедно со својот пријател од детството, Боб Марли.
Тие постигнаа меѓународна слава со реге-класиците, како Simmer Down и Stir It Up, пред Вејлер да реши да гради соло кариера во 1974 година.
Откако продолжи сам, тој освои три наради „Греми“, и беше одликуван со Орден за заслуги на Јамајка во 2017 година.
Причината за смртта е непозната. Тој беше во болница од мозочен удар во јули 2020 година.
Изворна инкарнација на „Вејлерс“ од 1964 година: Бани Вејлер, Боб Марли и Питер Тош
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер