Забава
Мајкл Б. Џордан и Лори Харви на раскошно бегство во Сент Бартс
Мајкл Б. Џордан и неговата нова девојка Лори Харви беа уловени од папараците за време на нивното романтично бегство во Сен-Бартелеми минатиот петок.
Со чаша мартини во раката, 33-годишниот актер и моментно најсекси маж на планетава, ја прегрнува атрактивната манекенка на лебдечка платформа среде океан.
Тие заедно го прославија нејзиниот 24-ти роденден.


Мајкл Б. Џордан во ноември беше прогласен за најсекси маж на светот за 2020 година, според магазинот „Пипл“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Овие два популарни витамини можат да направат повеќе штета отколку корист
Во ера опседната со здравјето, сè повеќе луѓе се свртуваат кон апчиња, пијалоци и додатоци во исхраната, од страв да не им недостига некој витамин или важна хранлива материја.
Лекарите може да препишат железо ако откријат недостаток или да препорачаат витамин Д во земји со малку сончеви денови. Иако лекарите велат дека некои додатоци во исхраната имаат смисла во одредени ситуации, тие исто така предупредуваат дека треба да бидете особено внимателни со два исклучително популарни витамини.
Станува збор за додатоци во исхраната со витамини А и Е.
Според Националниот институт за здравство на САД, улогите на витаминот А се припишуваат, меѓу другото, на имунолошката функција, клеточната комуникација, растот и развојот и репродукцијата. Често се истакнува дека е важен за видот и здравјето на кожата. Како по правило, се внесува преку храна, на пример преку храна од животинско потекло, како и овошје и зеленчук.
Витаминот Е често се споменува поради неговите антиоксидантни својства и се наоѓа во растителни масла, јаткасти плодови, семиња и пченични никулци, како и лиснат зелен зеленчук.
Која е опасноста?
Некои експерти предупредуваат дека треба да бидете внимателни со додатоците на витамин А и Е бидејќи и двата се растворливи во масти, што значи дека можат да останат во телото.
Валтер Вилет, професор по епидемиологија и исхрана на Харвард, претходно изјави за National Geographic дека генерално не препорачува додатоци на витамин освен ако не постои специфична причина за тоа. Предупредувањата главно се однесуваат на фактот дека при високи дози, особено во подолг временски период, одредени супстанции можат да се акумулираат во телото и да доведат до несакани последици.
И британскиот NHS предупредува дека витаминот А во форма на додатоци не треба да се претерува. Тие наведуваат дека вкупниот дневен внес од храна и додатоци не треба да надминува 1,5 мг, или 1500 микрограми.
Што се однесува до витаминот Е, NHS истакнува дека нема доволно докази за да се знае точно какви се ефектите од земање високи дози, но вели дека земањето до 540 мг дневно од додатоци „малку е веројатно“ да предизвика штета.
фото/Depositphotos
Забава
Петти брак со 32 години помлада жена: Легендарниот актер (87) не може да ја скрие својата среќа
Една од неговите објави за Денот на вљубените беше доволна да шокира многу луѓе и да ги потсети дека љубовта дефинитивно не познава возраст.
Познатиот актер Кристофер Лојд (87) објави фотографии со својата сопруга, Лиса Лојаконо, која е 32 години помлада од него. Иако „само“ го честиташе Денот на вљубените, во таа пригода ги потсети сите на својата љубовна приказна и покажа дека тие се уште се заљубени и покрај разликата во годините.
View this post on Instagram
„Тоа е најслатката љубов. Мојот Валентајн“, напиша тој во описот.
Се заљубивме во Лојд во филмот „Враќање во иднината“, но и неговиот приватен живот е доста интересен.
Тој ја започна својата романса со Лиза во 2012 година кога ја продаваше својата куќа во Монтесито, а таа беше агент за недвижности. На почетокот, се обидоа да одржат професионална врска, но набрзо се развија чувства.
View this post on Instagram
Четири години подоцна, тие решија да се венчаат и денес уживаат во својата љубов. Овој пар е интересен и за многумина поради фактот што Лиса и претходната сопруга на Лојд се пријателки, а се зближија за време на пандемијата на коронавирусот.
Кристофер Лојд беше во брак дури пет пати, но се чини дека овој петти брак, со Лиса, е конечен и доживотен.
Забава
(Видео) Полина Тас ја објави новата песна „Феномен“
Македонската пејачка Полина Тас ја претставува својата нова авторска песна „Феномен“, проследена со впечатлив и визуелно силен видео запис. Со овој проект, таа започнува ново музичко поглавје во кое автентичноста, емоцијата и личната слобода се во центарот на нејзиниот израз.
„’Феномен’ е современа поп композиција со модерен звук, која носи порака за индивидуалност, различност и храброст да се биде свој. Песната зборува за личност која не се вклопува во шаблони, туку токму во тоа ја наоѓа својата сила“, вели Полина
Видео записот за песната е снимен на неколку локации, со симболични и минималистички елементи каде ја прикажува уметницата во различни состојби – од ранливост до самодоверба. Преку динамични сцени и внимателно избрана естетика, видеото ја пренесува пораката дека вистинската слобода доаѓа кога ќе ги надминеме сопствените ограничувања.
„Феномен“ е дел од истоимениот музички проект на Полина, кој ќе биде објавен постепено во текот на годината.
Во овој музички проект учествуваат; Иван Костадинов- Панда како продуцент и автор на песната, зад видео записот се потпишува Владислав Гавриловски, уметникот Бојан Ковски кој воедно е и главниот машки лик во спотот. Модните уникатни креации се на Мите Занов, а зад целата идеа на видеото стои креаторот Андреј Папаз.
Видео записот за „Феномен“ е достапен на YouTube и сите дигитални платформи.

