Забава
Мајкл Даглас стравувал дека ќе го загуби синот кој бил зависник

Камерон Даглас (40) уште како тинејџер почнал да пие и да пуши марихуана. Набргу потоа синот на славниот актер Мајкл Даглас (75) станал зависник од кокаин и херион и секогаш носел пиштол со себе.
„Мразев сè што ми се случуваше во животот поради дрогата, но едноставно не можев да го спречам тоа“, рекол искрено Камерон во големото интервју на насловната страница на списанието „Пипл“.
Родителите, Мајкл и продуцентката Дијандра Лукер (63), се чувствувале беспомошни. Сите совети што му ги давале на својот син биле залудни затоа што Камерон не сакал да ги слуша.
„Имаше моменти кога надежта беше целосно исчезната. Животот се претвори во серија кризи. Мислев дека ќе го загубам“, изјавил Мајкл.
Синот на познатиот актер завршил во затвор. Тој бил обвинет за трговија со метамфетамин и кокаин за што бил осуден на седум години затвор.
По затворската казна, Камерон се сменил целосно. Тој е оженет со инструкторката по јога и актерка Вивијан Тибс (41), со која ја има 22-месечната ќерка Лу. Камерон сака да им помогне на другите во борбата со зависноста и поради тоа јавно го споделил своето искуство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Германски парк за птици стана дом на штотуку изведени морски орли

Два џиновски морски орли се изведоа пред неколку дена во познатиот парк за птици Weltvogelpark Walsrode во Германија.
Има уште еден, кој сè уште е во јајцето, а другите два веќе го истражуваат надворешниот свет.
Морски или белоглав орел е граблива птица во Северна Америка, позната како национална птица и симбол на САД.
Белоглавиот орел е голема птица, со должината на телото од 70 до 102 сантиметри, распон на крилја до 2,44 метри и маса од 2,5 – 7 килограми, женката е за 25 проценти поголема од мажјакот.
Забава
Високи војнички чизми – хит на пролетта, дури и кога ќе биде потопло

Многу брендови ги гледаат своите модни додатоци како армиски детали, а меѓу креациите се издвојуваат модели на високи чизми чија форма е гломазна и обложена со пластифициран водоотпорен слој.
На скала од маслинестозелена до сива боја се идеалните тонови на новите чизми за оваа пролет.
Иако потоплите денови се симбол на полесни чевли, овој моден додаток пристигнува како хит на сезоната која штотуку започна.
Ќе се носат не само со тренерки, туку и со малку покласични парчиња како што се костуми и палта.
Кожените јакни и војничкиот стил имаат посебна модна симбиоза.
Забава
Моден детокс предизвик: Можете ли да издржите 10 недели без шопинг?

Универзитетот во Глазгов објави истражување според кое кога купуваме помалку, се менува нашата перцепција и почнуваме да го цениме и носиме повеќе она што го имаме во плакарот.
Академиците од Каледонскиот универзитет во Глазгов (Glasgow Caledonian University – GCU) ги повикуваат потрошувачите да учествуваат во нивниот предизвик за модна детоксикација и да не купуваат нова облека најмалку десет недели.
Имено, нивното истражување покажало дека оние кои се воздржуваат од прекумерно купување развиваат поздрави, поодржливи ставови за она што го поседуваат во сопствената гардероба.
Истражувањето било меѓународно, а испитаниците биле од Велика Британија, Канада, САД и Австралија. Тие морале да се откажат од купувањето десет недели, по што тим од шкотскиот универзитет ги проучувал нивните емотивни реакции.
„Имено, купувањето нова облека не носи трајна среќа и задоволство, затоа мора да најдеме начини луѓето да купуваат помалку“, вели Ема Кид, истражувач за одржливост при Универзитетот во Глазгов
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?