Забава
Мајкл Китон се враќа како негативец во „Спајдермен“
Уште еден негативец се враќа во продолжението на „Спајдермен“, и тоа не е никој друг, туку Мршојадецот. Ликот последен пат беше виден во „Спајдермен: Враќање дома“ (Spider-Man: Homecoming) и ќе се појави во претстојниот „Морбиус“.
Во интервју кај „Џими Кимел лајф“, Мајкл Китон откри дека следните неколку дена ќе снима како негативец. „Нешто како Мршојадецот“, навести тој. Иако не наведе кој филм го снима, фановите нагаѓаат дека тоа би можело да биде „Морбиус“, најновиот во сагата за суперхеројот човек пајак или некоја завршна сцена за „Спајдермен: Далеку од дома“ (Spider-Man: No Way Home), чија премиера е закажана за 17 декември.

„Морбиус“ ја пренесува приказната за биохемичар што се обидува да ја излекува својата ретка болест со експериментални лекови, комбинира терапии со вампирски лилјаци. Резултатите од лекувањето се очекувано катастрофални и доктор Морибус се претвора во жив вампир со натчовечка сила и можност за самоизлекување.
Оскаровецот Џаред Лето го потретира мистериозниот антихерој Мајклс Морбиус, еден од најконфликтните и најубедливи ликови на „Марвел“. Филмот доаѓа на големото платно в година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

