Забава
(Видео) Меган Маркл ја обвини палатата за овековечување невистини

Војвотката од Сасекс изјави дека Бакингемската палата не може да очекува од неа и од принцот Хари да молчат ако продолжува со лаги за неа и за нејзиниот сопруг.
Сопругата на принцот Хари, Меган, ѝ даде коментар на водителката Опра Винфри во интервју што треба да се емитува на Си-би-ес в недела.
Извадок од интервјуто беше објавен во средата, неколку часа откако Бакингемската палата соопшти дека е многу загрижена за извештаите во весникот „Тајмс“ дека асистенти што работеле за Меган пред две години биле малтретирани од неа.
Хари и Меган веднаш издадоа соопштение во кое негираат дека таа малтретирала некого.
Бакингемската палата ги испитува тврдењата дали војвотката имала лош однос кон кралскиот персонал.
Во краток клип од интервјуто објавен од Си-би-ес, Винфри ја прашува војвотката: „Како се чувствувате кога палатата слуша дека ја зборувате својата вистина денес?“
Меган одговори: „Не знам како можеа да очекуваат дека по сето ова време, сепак ќе молчиме, ако постои активна улога што Фирмата ја игра во овековечување на лагите за нас“. Фирмата е име што британското кралско семејство понекогаш го користи за да се опише себеси.
„Дури и ако тоа носи ризик од губење некои работи (привилегии), мислам дека многу е веќе изгубено“, додава Меган.
Интервјуто на Винфри со парот, кое ќе се емитува во САД в недела и во Велика Британија в понеделник, се очекува детаљно да го опише краткиот период на Хари и Меган како членови на монархијата пред да заминат во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Принцовите Вилијам и Хари со одделни изјави за нивниот дедо

Кралските браќа ја пофалија напорната работа, карактерот и смислата за хумор на нивниот починат дедо во одделни изјави објавени во понеделникот.
Вилијам, војводата од Кембриџ, втор во редот за наследување на британскиот трон, му оддаде почит на војводата од Единбург, опишувајќи го како извонреден човек од извонредна генерација.
„Животот на мојот дедо го дефинираа службата и посветеноста – кон неговата земја и Комонвелтот, кон неговата сопруга кралицата и кон нашето семејство“, напиша тој.
„Мојот дедо беше извонреден човек и беше дел од извонредна генерација. Ќе ми недостасува, но знам дека тој би сакал да продолжиме со работа,“ истакна принцот Вилијам, додавајќи дека секогаш ќе биде благодарен што неговата сопруга Кејт имала можност да го запознае.
Во одделна изјава објавена половина час подоцна, и принцот Хари се потсети на својот дедо, опишувајќи го како човек со автентична, сериозна и остра духовитост. „Тој можеше да го задржи вниманието на секого поради неговиот шарм – и исто така затоа што никогаш не знаевте што ќе рече следно.“
„Меган, Арчи и јас (како и твојата идна правнука) секогаш ќе имаме посебно место за тебе во нашите срца“, додаде Хари, кој веќе пристигна во Велика Британија.
Ова е враќање дома што тој никогаш не би го посакал, но принцот Хари се врати во Велика Британија нешто повеќе од една година откако замина, за погребот на својот сакан дедо, војводата од Единбург, што ќе се одржи оваа сабота во замокот Виндзор.
Поради строгите правила за Ковид-19 за сите кои патуваат, Хари ќе остане во изолација во наредните денови.
Неговата сопруга војвотката Меган Маркл останува во нивната куќа во Монтесито во Калифорнија. Нејзините лекари ја советувале дека не е безбедно да лета, бидејќи остануваат само неколку месеци пред да го роди второто дете, сестра за Арчи Маунтбатен-Виндзор.
Војводата од Единбург, сопруг на кралицата Елизабета Втора, почина во петокот само неколку месеци пред неговиот 100-ти роденден.
Забава
Софија Вергара и Хајди Клум во лежерно издание за судиските должности во „Америка има талент“

Тие се дел од четиричленото жири на забавното ТВ-шоу за таленти.
Sвездите на America’s Got Talent, Софија Вергара и Хајди Клум, пристигнаа во стил пред студиото за снимање во Лос Анџелес, Калифорнија.
48-годишната Софија во лежерно летно издание – бела плетена блуза во комбинација со кропнати фармерки. Ако некој во Холивуд сака да носи искинати фармерки, тогаш тоа е дефинитивно актерката Вергара. Атрактивната Колумбијка не може да го скрие својот сексапил, па дури и во секојдневна облека.
Поранешниот супермодел Хајди (47) на себе има светлозелено палто во боја на лимета со големи ревери.
Забава
„Годзила против Конг“ на врвот на киноблагајните со најголема заработка од почеткот на пандемијата

„Ворнер брос пикчрс груп“, една од најголемите филмски компании во светот, продолжува да докажува дека нејзинта стратегија на хибридни премиери во киносалите и на стриминг-платформата „Ејч-би-о макс“ се исплати.
„Годзила против Конг“ постави нов рекорд среде пандемија.
Чудовиштето од „Ворнер брос“ е официјално филм со најголема заработка во ерата на Ковид-19 на домашните киноблагајни завршувајќи во петокот со вкупно 60 милиони долари. Го престигна дотогашниот шампион „Тенет“ (58,2 милиони долари).
На глобално ниво „Годзила против Конг“ веќе заработи речиси 300 милиони долари ставајќи се на пат да ги надмине 363-те милиони долари на „Тенет“ во светски рамки некаде следната недела.
Минатата недела филмот со џиновското суштество го забележа најголемото деби од почетокот на пандемијата, со 28 милиони долари за три дена (се отвори во средата, 31 март) и 31,6 милион долари за време на викендот.
На високобуџетскиот блокбастер му беа потребни само две недели да стане филм со најголема заработка за време на пандемијата на Ковид-19.
Godzilla vs. Kong, всушност, додаде 20 киносали од својот дебитантен викенд, што значи дека се прикажа во 3.084 кина.
RelishMix исто така објави дека филмот има голем напредок во активноста на социјалните мрежи, со над 500.000 нови претплатници за канали на „Ворнер брос“.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш