Контакт

Забава

Мерилин Менсон доби црвен картон од издавачката куќа по обвинувањата за сексуално насилство

Објавено пред

Издавачката куќа на контроверзниот рокер Мерилин Менсон во понеделникот соопшти дека му го раскинува договорот кога актерката Еван Рејчел Вуд и неколку други жени го обвинија за сексуално малтретирање што траело со години.

Вуд (33), која била во тригодишна врска со Менсон (52) и била кратко верена со него во 2010 година, ваквите тврдења ги изнесе во објава на „Инстаграм“.

Ѕвездата на Westworld и претходно говореше за поранешен партнер – малтретирач, но сега со објава на социјалните мрежи го сподели и неговото име откривајќи дека станува збор за рокерот Мерилин Менсон.

 

„Името на мојот малтретирач е Брајан Ворнер, кој на светот му е познат како Мерилин Менсон. Почна да ме воспитува кога бев тинејџерка и ужасно ме злоупотребуваше со години. Ми го испра мозокот и ме изманипулира за да му бидам покорна“.

„Доста ми е од живот во страв од одмазда, клевета или уцена“, напиша таа на својот инстаграм-профил додавајќи дека решила да го разоткрие малтретирачот пред да уништи и други животи.

„Тука сум за да го разоткријам овој опасен човек и многуте индустрии што му го овозможија тоа пред да уништи и нечии други животи. Ќе бидам на страната на многу жртви што веќе нема да молчат“.

Други жени во понеделникот се огласија на „Инстаграм“ со обвинувања против Менсон за наводна психофизичка тортура и сексуална злоупотреба во изминатите 10 години.

Дискографската куќа на Менсон, „Лома виста рекордингс“, во официјалното соопштение наедува дека во поради вознемирувачките обвинувања од Вуд и други жени, компанијата ќе престане да го промовира неговиот албум.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Фагбенли ќе го глуми Барак Обама во нова ТВ-серија

Објавено пред

Новата драмска серија на каналот Шоутајм, со наслов „Првата дама“, почна да се снима во Ковингтон, Џорџија во четвртокот.

На самиот почеток на продукцијата веќе е откриено дека О.Т. Фагбенли ќе го игра претседателот Барак Обама, наспроти Виола Дејвис како Мишел Обама, според „Ентертејнмент тунајт“.

Серијата што ја создаде Арон Кули е опишана како проект кој „го разоткрива прекројувањето на американското лидерство, раскажано преку објективот на жените во срцето на Белата куќа“.

Фагбенли, роден во Британија, веднаш се пофали на својата Инстаграм-страница со веста за новиот ангажман, и откри дека за него е голема чест да го портретира претседателот Обама.

Во продукција на „Лајонсгејт ТВ“ и „Шоутајм“, серијата е во режија и извршна продукција на Сузан Биер, заедно со Виола Дејвис, како извршен продуцент.

Мишел Обама, Елеонор Рузвелт и Бети Форд ќе бидат во фокусот на првата епизода, за која сценариото го напиша романописецот Арон Коли.

Семејството Обама мина осум години во Белата куќа, од 2008 до 2016 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Оливија Кулпо се релаксира во домашно спа со нејзиното милениче

Објавено пред

Поранешната Мис универзум Оливија Кулпо до неодамна беше зафатена со промоција на нова колекција со нејзините модерни сестри.

Арактивната Оливија ужива во самогрижа во текот на самоизолација дома во Шарлот, Северна Каролина.

Таа во четвртокот се огласи на Инстаграм во секси долна облека додека се релаксира во домашно спа, заедно со своето милениче, пудлицата Оливер Спринклс.

28-годишната девојка сподели неколу фотографии на кои позира сама и со својата пудлица, а објавата ја наслови: Ден за домашно спа.

Прикажи повеќе...

Забава

Мајк Тајсон остро ја критикува серијата заснована на неговиот живот

Објавено пред

Мајк Тајсон силно се спротивстави на најавената серија на стриминг-платформата „Хулу“, базирана на неговиот живот.

Серијата „Железниот Мајк“, која беше најавена претходно во четвртокот, доби нарачка од осум епизоди во стримерот, а наводно, го истражува животот и кариерата на Тајсон во и надвор од рингот.

„Најавата на Хулу да прави неовластена мини-серија од приказната за Тајсон без надомест, иако неприкладна, не е изненадувачка“, објави Тајсон на Инстаграм.

„Оваа најава за социјалните разлики во нашата земја е одличен пример за тоа како корпоративната алчност на Хулу довела до вакво, без слух, присвојување на животната приказна на Тајсон“, напиша боксерската легенда.

Тој додаде: „Да се даде ваква најава за време на Месецот на афроамериканската историја, февруари, само ја потврдува грижата на Хулу за долари пред почитувањето на правата на црнците.“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Веднаш по судењето Мијалков оди во затворот во Шутка

Судот донесе одлука првообвинетиот Сашо Мијалков да издржува ефективен, односно затворски притвор. Тој по судењето ќе биде спроведен во истражниот...

Македонија2 часа

Лекарска комора: Згрозени сме од постапката на возачот кој удри во доктор и побегна

Лекарската комора најстро го осудува вчерашниот инцидент во кој со тешки повреди се здобил д-р Ѓорѓи Јота, хирург и професор...

Македонија2 часа

12 години затвор за Мијалков за масовно и нелегално прислушкување

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков е осуден на 12 години затвор за масовното нелегално прислушкување од 2008 до 2015 година...

Европа4 часа

Макрон: Со задоволство би ја примил вакцината на „Астразенека“ кога ќе дојдам на ред

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека со задоволство би прифатил да се вакцинира против Kовид-19 со вакцината нa „Оксфорд“ /„Астразенека“...

Свет4 часа

Кина одобри уште две вакцини против коронавирус

Кина одобри употреба на уште две вакцини против коронавирус. За вакцината„Кансино е потребна само една доза и, како што е...

Свет5 часа

Бразил не знае што да прави со мутациите, калифорнискиот вид е најопасен

Бразил се соочува со нова фаза на пандемијата со мутирани варијанти на Ковид-19, три пати позаразни, рече министерот за здравство....

Свет5 часа

Воздушни напади во Сирија по наредба на Бајден

Американската армија изврши воздушни напади во источна Сирија по наредба на претседателот eо Бајден врз објекти за кои Пентагон вели...

Македонија6 часа

Затворени повеќе улици во Скопје поради протест за „Монструм“

Во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради протест за пресудите во случајот „Монструм“. Роднини на осудените, во вторникот,...

Свет17 часа

Меркел најави дигитални сертификати за вакцинација во ЕУ

Германската канцеларка, Ангела Меркел, вели дека дигиталните сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа...

Македонија19 часа

Потврдени 582 нови случаја на коронавирус во Македонија, починаа 13 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на...

Македонија20 часа

(Видео) Заев за случајот со Мијалков: Испратена е порака дека системот функционира

Испратена е пораката дека системот функционира. Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем,...

Македонија22 часа

Тројца кумановци формирале терористичка група по примерот на Исламската држава

Тројца кумановци се обвинети за тероризам и формирање ќелија по примерот на познатата терористичка организација Исламска држава. Во терористичката група...

Македонија1 ден

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“...

Македонија1 ден

Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина. „Станува...

Македонија1 ден

Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска...

Македонија1 ден

Захариева: Нема да подлегнеме на притисок за Северна Македонија, ЕУ не е Југославија

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи,...

Европа1 ден

ЕУ е поделена околу сертификатот за вакцинација

Европските лидери денес ќе одржат состанок со цел да се договорат за сертификатите за граѓаните на Европската Унија кои биле...

Регион1 ден

Бугарија ја критикувa „Астразенека“ за доцнењето со вакцините: „Ни ја зедовте надежта“

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, ја критикуваше „Астразенека“ за неуспехот да ја испочитува договорената испорака на вакцини. Бугарија исто...

Европа2 дена

Истражување: Британскиот сој на вирусот 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа...

Македонија2 дена

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Досие