Контакт

Забава

Мила Јовович проговори за траумите од абортусот

Објавено пред

Две години по абортусот, холивудската ѕвезда Мила Јовович првпат проговори за своето тешко искуство, од кое, вели, сè уште не се соземала. 43-годишната актерка откри дека имала абортус пред две години кога била четири и пол месеци бремена. Мила смета дека жените треба да имаат право на безбеден абортус кога имаат потреба од него, а не да бараат алтернативни решенија.

Мила на „Инстаграм“ напиша дека се залага за безбеден абортус за жените, поттикната од предлог-законот на гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп. Неколку часа по нејзината објава, Алабама изгласа закон, со кој се забранува абортусот, освен ако не постои сериозен ризик за здравјето на мајката, без да се исклучат случаите на силување или инцест.

„Не сакам да зборувам за политика и се обидувам да го правам тоа само кога навистина морам, а ова е еден од тие моменти. Нашите права како жени да имаме безбеден абортус од искусни лекари повторно се доведени во прашање. Минатиот вторник гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, потпиша драконски предлог-закон кој ги забранува сите абортуси по шестата недела – пред повеќето од жените да сфатат дека се бремени – вклучително и случаите на силување или инцест.

„Лично јас морав да поминам низ итен абортус пред две години. Бев бремена четири и пол месеци и снимав филм на локација во Источна Европа. Почнав предвреме да се породувам и ми рекоа дека морам да бидам будна во текот на целата процедура. Тоа беше едно од најужасните искуства низ кои некогаш сум поминала. Сè уште имам кошмари поради тоа. Бев сама и беспомошна.

„Кога ќе помислам на фактот дека други жени можеби ќе се соочат со абортуси, дури и во полоши услови од мене поради новите закони, стомакот ми се превртува. Јас западнав во една од најлошите депресии во мојот живот и морав да работам екстремно напорно за да го пронајдам својот излез. Ја ставив мојата кариера на пауза. Се изолирав себеси со месеци и морав да покажувам сила пред моите две деца. Почнав да се занимавам со градинарство, да се хранам поздраво и да посетувам фитнес-сала секој ден бидејќи не сакав веднаш да почнам да пијам антидепресиви пред да ја испробам секоја друга алтернатива.

Фала му на Бога, јас можев да го најдам својот излез од тој личен пекол, без да земам лекарства, но сеќавањето од она низ што поминав и она што го изгубив, ќе биде со мене до денот кога ќе умрам. Абортусот е најголемиот кошмар. Ниту една жена не сака да помине низ тоа. Но, ние мораме да се бориме за да ги задржиме нашите права да имаме безбеден абортус доколку ни е потребен. Никогаш не сум сакала да зборувам за ова искуство, но не можам да молчам кога влогот е толку голем“, напиша актерката.

Мила има две ќерки од бракот со режисерот Пол Андерсон.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Виртуелната реалност им помага на постарите луѓе во Јапонија да патуваат низ светот

Објавено пред

Патувајќи од каналите на Венеција до мостот ,,Голден Гејт” во Сан Франциско, група постари луѓе во Јапонија го шетаат светот без да станат од нивните фотељи.

Сето тоа е можно благодарение на виртуелната реалност и на тимот од Универзитетот во Токио предводен од Кента Тошима.

Како терапевт, Тошима патувал низ целиот свет и снимал видеа од 360 степени за да им ги покаже на своите постари пациенти. Неговата цел е да им помогне да најдат радост и мотивација во животот, користејќи технологија на виртуела реалност. Со помош на неа оние кои што не се во можност да патуваат, ќе можат да ја задоволат својата потреба за патување и откривање на нови дестинации.

Прикажи повеќе...

Забава

Делумно затемнување на Месечината

Објавено пред

Делумно затемнување на Месечината ќе може да се набљудува ноќеска во поголемиот дел од Европа, Азија, Африка и Јужна Америка.

Доколку дозволат временските услови на љубителите на овој природен феномен им се препорачува да погледнат кон небото и да уживаат во несекојдневната глетка.

Затемнувањето настанува кога природниот сателит влегува во сенката на Земјата и кога Земјата се наоѓа токму помеѓу Месечината и Сонцето.

Месечевите затемнувања се поретки од сончевите, но поради големината на сенката на Земјата, тие секогаш може да се видат на речиси целата полутопка каде што е ноќ.

Затемнувањето на Месечината е безопасно и може да се гледа со голо око, двоглед или помал телескоп.За време на затемнувањето, околу 65 проценти од дискот на Месечината ќе биде затемнет.

Прикажи повеќе...

Екологија

Гигантска медуза забележана на брегот на Англија

Објавено пред

Гигантска медуза била забележана на југозападниот брег на Англија. Станува збор за медуза голема 1,5 метар која нуркачи ја забележале на брегот на Корнвол.

„Никогаш не сум видела толку големa медуза.Видовме неколку помали медузи на прекрасен гребен во близина, а потоа се појави оваа огромна, убава медуза”, вели Лизи Дели, биолог која ја видела медузата во близина на Фалмут.

Според неа, пливањето со медузата било незаборавно искуство. Илјадници од овие суштества, меѓу кои и најголемата медуза, доаѓаат преку Атлантскиот Океан до топлата крајбрежна вода во западниот дел на Велика Британија секоја година и често се појавуваат на плажите во текот на мај и јуни.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минута

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени, откако куќа експлодира во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион45 минути

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат” во областа на Бања Лука, полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет1 час

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија2 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа3 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија10 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија11 час

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија12 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија13 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион15 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија17 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија18 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија20 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија21 час

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија21 час

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија22 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија22 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија1 ден

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава1 ден

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Досие