Контакт

Забава

Поранешната сопруга сака да го стави милионерот Ричард Ротшилд во затвор

Објавено пред

Милионерот Ричард Ротшилд би можел да заврши во затвор ако не се исели од станот во кој моментно живее со својата девојка, пишува „Дејли мејл“.

Кога поради Шери Мишел, поранешна зајачица на „Плејбој“, ја остави жената со која беше во брак 21 година, двајцата водат жестока судска битка за поделба на имотот.

Со Шермејн де Соза се венча во 2005 година и се разведе во 2016 година. Тие беа заедно 21 година сè додека не ја остави поради младиот модел.

Во центарот на судирот е нивниот стан во Мајами Бич, на Флорида, во вредност од 1.750.000 евра, за кој Ричард тврди дека е само во негова сопственост и каде што во моментот живее со новата девојка.

Судот одлучи дека станот сепак треба да го подели со поранешната сопруга и ако не се исели во рок од една недела, му се заканува затворска казна во траење од 28 дена.

Иако во јуни вети дека ќе го испразни станот, тој продолжи да живее во него, а адвокатот на неговата поранешна сопруга истакна дека со него живеат новата девојка и некои пријатели, што го докажуваат објавите на социјалните мрежи. Тој побара да биде казнет со затвор за измама на судот.

Ротшилд признал дека го прекршил ветувањето што го дал на суд, но рече дека го испразнил станот и дека се вратил во него поради непредвидени околности.

Судијата му даде рок од една недела за иселување, во спротивно тој ќе заврши во затвор.

Ротшилд не е поврзан со познатото банкарско семејство Ротшилд.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

„Оглас од милион долари: Лос Анџелес“, Трејси Тутор се одушеви од дворец во Аризона

Објавено пред

Брокерката за недвижности Трејси Тутор беше одушевена од сè што го виде во домот на еден богат клиент во вторникот во епизодата на познатото шоу „Огласи од милион долари Лос Анџелес“ .

Во дворецот „Бела парадизо“ што се протега на имот од 20.000 квадратни метри во Paradise Valley (Рајска долина), Аризона, брокерката видела просторија толку убава што морала да застане и да се присобере пред да продолжи понатаму.

Дворецот има четири огромни спални соби, 12 бањи, свечена трпезарија, пространа кујна и сала за балови.

Цената на овој дворец во близина на планината Камелбек е 1.6 милиони долари, ѝвели сопственикот за Трејси во епизодата.

А ова е плакарот на „Бела парадизо“ ѝ рече тој пред да пристапат кон еден огромен простор.

„Овој плакар е врвно женско совршенство. Категоризирано, одделено со прегради за секоја сезона во годината. Сè што ви треба е тука, вели Трејси и додава: Во просторот се слуша тивка музика како од порно филм и има меко пригушено осветлување.

„Треба само да се омажиш за сопственикот“, се пошегува продуцентот на Трејси, која штотуку се разведе.

Трејси Тутор е врвен агент за недвижности во агенцијата Douglas Elliman во Беверли Хилс, консултант на некои од најдобрите светски архитекти и програмери. Таа е прва и единствена жена во актерскиот тим на популарното шоу Bravo’s Million Dollar Listing LA. Дванаесеттата сезона на шоуто започна во јуни.

Прикажи повеќе...

Забава

Елен Деџенерис со рекордно низок рејтинг

Објавено пред

Дневното ток-шоу на Елен Деџенерис има најнизок рејтинг на гледаност од своето постоење среде скандал кој открива недоличен однос кон вработените, расизам и сексуално вознемирување.

Шоуто на Елен стана предмет на официјална истрага по бројните тврдења на персоналот за навреди на работното место од страна на извршните продуценти.

Скандалот ја потона популарноста на емисијата на најниско ниво, објави The Wrap во вторникот, додавајќи дека гледаноста на дневното ток-шоу била намалена за 29 проценти во однос на истиот период минатата година, и девет проценти пониска од претходната недела.

Прикажи повеќе...

Забава

Kортни Кокс повторно ќе глуми во римејкот на „Вресок“

Објавено пред

Старото злато вреди, како што вели изреката, а хорор-класикот „Вресок“ (Scream), кој помогна во оживувањето на хорор-жанрот, и понатаму добро старее.

Оставината на „Гоустфејс“ сè уште е моќна. Затоа, не е ни чудо што „Спајглас медија груп“ сака да му даде нов живот на серијалот со планови за римејк најбргу што може.

И додека филмот е подготвен да добие нов слој боја, се чини дека продуцентите ја фаворизираат оригиналната  актерската екипа, која останува речиси иста. Два месеца по објавувањето дека ветеранот од серијалот, Дејвид Аркет, ќе глуми во римејкот, „Парамаунт пикчрс“ потврди дека Кортни Кокс ќе ја повтори својата улога како новинарка.

„Вресок 5“, ќе биде во режија на Мет Бетинели Олпин и Тајлер Џилет. Не се знае многу за деталите на сторијата, но филмот наводно ќе следи жена што се враќа во родниот град во обид да открие кој стои зад серија свирепи убиства.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет50 минути

СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

Според најновите проценки на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти.Ова го прави коронавирусот шест...

Свет2 часа

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците се преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии кои што разнесоа магацин и бројни објекти на пристаништето. Спасувачите...

Македонија2 часа

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство

СДСМ почнува сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и Влада која движи брзо напред по европскиот пат, патот на економијата...

Свет2 часа

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Според последните информациите коишто ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, додека над...

Македонија2 часа

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека генерали на американската армија му пренеле оти експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку...

Свет3 часа

(Видео) Над 2.000 тони амониумнитрат експлодирале во магацинот во Бејрут

Над 2.750 тони амониумнитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика стравотна експлозија,...

Македонија13 часа

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби...

Свет15 часа

Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени...

Македонија18 часа

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна...

Топ19 часа

Уапсена скопјанка, членка на ИСИС

Полицијата уапси 38-годишна скопјанка која патувала во Сирија и учествувала во активности на ИСИС. Според информациите на МВР, Секторот за борба...

Македонија20 часа

Мицкоски: Ќе се фокусираме на предлози што значат борба против криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе биде фокусирана да состави парламентарно мнозинство и да ја состави...

Македонија20 часа

Пронајдено телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро

По два дена трагање, пронајдено е телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро. Од МВР велат дека...

Македонија20 часа

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за влада, сите опции се отворени

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во деновите што следуваат ќе се разговара со сите...

Македонија21 час

Петмина починати и 75 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на...

Македонија21 час

Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со...

Македонија21 час

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакалната аорта

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт кога на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање...

Македонија22 часа

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав, која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Свет24 часа

В година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирусот врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да почне со тестирање на вакцината против коронавирусот врз деца во јануари-февруари в...

Регион1 ден

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020...

Досие