Забава
Моделот Џереми Рулеман ненадејно почина на 27-годишна возраст

Знам дека ќе се сретнеме повторно еден ден, но во моментот сакам само да го гушнам. Почивај добро Ј., сите те сакаме многу, напиша модниот дизајнер Кристијан Сиријано на социјалните мрежи.
Моделот Џереми Рулеман почина на 27-годишна возраст, а причината за смртта засега не е позната.
Модниот дизајнер Кристијан Сиријано сподели серија фотографии од него и Џереми заедно на „Инстаграм“.
View this post on Instagram
„Никогаш не сум објавил вакво нешто, но навистина е тешко да изгубиш пријател, кој беше толку убава душа. Ова е за Џереми, најубавиот човек, кој им дал толку многу љубов на сите што ги сретнал, без разлика на сè“, напиша Сиријано и додаде дека Џереми бил една од неговите музи и секогаш ќе биде.
Во својата најнова објава на „Инстаграм“, Џереми позира за снимањето на Томи Хилфигер.
Инаку, Џереми бил роден во Њу Џерси. Студирал психологија пред да почне да се занимава со манекенство во 2017 година. Многу пријатели се простија од Рулеман на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џеј Ло: За малку ќе загинев на снимањето на новиот филм

Џенифер Лопез гостувала во интервју за BuzzFeed, а и се придружиле и нејзините колеги од Џош Духамел и Џенифер Кулиџ. Лопез рекла дека таа и Духамел станале многу добри во опасните сцени за време на снимањето, а потоа открила и дека за малку ќе загинела снимајќи една сцена.
„Се бше супер, освен еднаш кога за малку ќе паднав од карпа. Тоа не беше забавно“, започнала Лопез, изненадувајќи ја Кулиџ, кој ја прашал дали е вистина.
„Да, вистина е. Ја знаете сцената кога мојот фустан се фаќа за тркалото? Еднаш се закачи за воланот и ме повлече, а јас го погледнав Џош и му реков: ‘Џош, не ме пушај, те молам’. Тој и рекол: ‘Те држам. Ако ти отидеш, сите ќе одиме“, раскажала актерката
Лопез го снима новиот филм „Мајка“ во Лос Анџелес. Филмот е во режија на Ники Каро. Во филмот, Лопез ја игра улогата на поранешен атентатор кој сака да го остави своето минато зад себе. Меѓутоа, таа се вратила на работа за да ја заштити својата отуѓена ќерка.
Забава
Веганите се подобри во сексот, тврди Памела Андерсон

Холивудската глумица Памела Андерсон, која е веган веќе 30 години и се бори за правата на животните, во емисијата „Добро утро Велика Британија“ рече дека верува дека луѓето што не јадат месо се многу подобри во сексот.
„Веганството дефинитивно влијае позитивно на сексуалниот живот. Сум го слушнала ова многу пати од други луѓе, и јас сум веган, па затоа апсолутно се согласувам со таа изјава. Но, исто така мислам дека отсекогаш сум се забавувала многу добро во креветот, затоа што уживам во сексот“, изјави поранешната плејбој зајачица.
„Холестеролот во месото, јајцата и млечните производи предизвикуваат затнување на артериите, го забавуваат протокот на крв во сите органи, не само во срцето. Веганството може да го подобри целокупното здравје и да ја зголеми сексуалната издржливост“, додала 55-годишната глумица.
Забава
Мајли Сајрус: Издрогирана халуцинирав дека убивам фоки

Пејачката Мајли Сајрус призна дека халуцинирала како убива фоки додека била издрогирана, па дека тоа ја натерало да стане веган во 2013 година. Сепак, шест години подоцна, таа пак почнала да јаде месо. Мајли ова го раскажа во интервју во живо со Џои Роган.
„Трипав дека убивам фоки и дека шаман од уста ми го извлекува секое мртво животно што некогаш сум го изела. Не беше забавно“, вели Мајли во интервјуто.
Таа откри дека во тоа време користела пијалок што содржи халуциногена состојка, а шаманите го користат за време на нивните ритуали.