Забава
Наградени 13 македонски вина на CMB2025 во Кина
Мега спектакуларниот вински натпревар Concours Mondial de Bruxelles или скратено ЦМБ, оваа пролет се одржа во Кина, поточно во главниот град Јинчуан на најзначајниот вински регион Нингсија.
Поради големата популарност на настаните на CMB, организаторот Винопрес од Белгија, низ годината винските натпревари ги подели на четири помали, и тоа според винските стилови, додека овој натпервар кој е посветен на црвените и бели мирни вина (Red & White Session) е секогаш најголем.
Нивните натпревари ги нарекуваат уште и патувачки вински натпревари, бидејќи секоја година се одржуваат во различен вински регион во светот, што им нуди на оценувачите нови вински искуства, додека на производителите од регионот и туристичките организации, промоција на странските пазари.
Преку 7000 вина од 49 земји во светот се оценуваа на темна дегустација без никаква претходна информација за истите, за што беа задолжени 375 вински судии од 56 различни националности.

Покрај тоа што македонските вина последниве години на овој мошне строг натпревар не бележеа некоја значајна “берба” на награди, оваа година од 30 испратени вина дури 13 се закитија со награда, што дава еден позитивен сигнал за порастот на глобалната препознатливост на македонското вино.
CMB Red & White Session 2025 | Yinchuan – Ningxia – China
GRAND GOLD
Brzanov Vranec Elixir 2012
GOLD
Ch. Kamnik Masterpiece 2022
Brzanov Syrah Artizan 2021
SILVER
Tikves D. Bela Voda Cuvee Blanc 2023
Tikves D. Barovo Temjanika 2024
Ch. Sopot Djinot Vranec 2023
Tikves D. Babuna Red Cuvee 2022
Vradarska Dolina Eden Barrique Cuvee 2022
Tikves Luda Mara Vranec 2022
Paragon Red Diamond 2022
Monteko Merlot 2023
Stobi Veritas Private Reserve 2017
Monteko Cabernet Sauvignon 2023
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

