Забава
Надал ги изненади фановите кога откри како ја одржува својата фигура

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал извојува победа над квалификантот Јаник Ханфман на Отвореното првенство на Австралија (Австралија опен) во средата, но фановите не можеа да престанат да коментираат за неговото интервју по натпреварот.
Победата не беше тема на коментарите на социјалните мрежи, туку разговорот со Џим Куриер, поранешниот гренд слем шампион, кој сега е водител на програмата на големите турнири.
Куриeр праша како Надал се одржува во добра форма на 35 години, а Шпанецот ги вџаши сите со својата фитнес-исповед.
„Играм голф. Па, искрено, и тоа е вистината. Никогаш не сум бил љубител на сала за вежбање“, одговори Надал и ја насмеа публиката.
Куриeр веднаш му рече: „Лажеш“. Но, Надал беше категоричен.
„Не сум голем љубител на сали за вежбање. Повеќе сакам спортување, сакам да практикувам разни спортови“, додаде тој.
„Бидејќи пред неколку години имав проблем со колената, па со стапалото, не можев да се занимавам со разни спортови како порано, а денес, се разбира, морам да бидам малку повеќе фокусиран на работи на кои веројатно во минатото не сум бил“.
Американецот потоа го праша што ќе прави кога ќе се пензионира, а Надал му возврати со комплимент на коментаторот.
„Изгледаш одлично, јас би сакал да личам на тебе на твоја возраст!“, се пошегува Надал.
Признанието на Надал дека не е голем љубител на бодибилдинг изненади многумина.
Откако Шпанецот влезе во АТП-листата, неговите маици без ракави и бицепсите станаа дел од неговата тениска аура, коментираат таблоидите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Енди Мекдауел и Хелен Мирен ги воодушевија фановите танцувајќи во Кан

Енди Мекдауел и Хелен Мирен се забавуваа на црвениот тепих во Кан и со својот танц ги воодушевија фановите
Холивудските дами Енди Мекдауел и Хелен Мирен танцуваа на црвениот тепих во Кан, на премиерата на филмот „Мајка и син“.
Тие ги воодушевија и новинарите и фановите, кои коментираат дека и во седмата, односно осмата деценија, актерките знаат како да се забавуваат. На премиерата Мекдауел (64) беше облечена во лелеав фустан со пруги, а Мирен (76) носеше сребрен фустан.
View this post on Instagram
Забава
Илон Маск доби тужба од акционерите на „Твитер“ за манипулација

Акционерите на Твитер поднесоа тужба против Илон Маск и самиот Твитер за манипулирање со надолната цена на акциите на компанијата за време на нејзината понуда за преземање, вредна 44 милијарди долари.
Инвеститорите тврдат дека директорот на Tесла заштедил 156 милиони долари со тоа што не пријавил дека до 14 март купил повеќе од пет отсто од акциите на оваа социјална мрежа. Тие побараа од судот да ја признае нивната групна тужба и непознатиот износ на отштета.
Кон тужбата се приклучија и на Твитер, тврдејќи дека компанијата морала да го истражи однесувањето на Маск, иако не побарале отштета од неа.
Инвеститорите тврдат дека и по преминувањето на прагот од пет отсто од акциите, Маск продолжил да купува акции, за да пријави дека на почетокот на април имал 9,2 отсто од акциите.
„Со одложување на известувањето за својот удел во Твитер, Маск манипулираше со пазарот и купи акции на Твитер по вештачки ниска цена“, изјавија обвинителите.
Забава
Канје Вест ја разгорува војната со Ким во новиот сингл

Канје Вест повторно ја разгорува војната со поранешната сопруга Ким Кардшијан за старателството над нивните четири деца во најновиот сингл New Love, кој излезе во четвртокот навечер.
„Кога ќе ги земам, се чувствувам како да ми ги позајмиле“ гласи еден стих од песната.
Во песната, со вокал од покојниот XXXTentacion, се појавува Канје (44), изразувајќи го своето незадоволство од распоредот за неговото старателство, додека рапува: „Чекај, кога ќе ги видиш децата? Ќе се видиме утре/ Чекај, кога ќе зајде сонцето? Се гледаме утре“.
Раперот, исто така, тагува поради фактот што неговите деца не се постојано со него: „Кога ќе ги земам, се чувствувам како да ми ги позајмиле/ Кога треба да ги вратам, ги скенирам ги како бар-код“.
Вест, кој ги дели Норт (8), Сент (6), Чикаго (4), и Псалм (3) со реалити-ѕвездата (41), продолжува да се жали на облеката на децата.
„Кој ги облака децата во овие алишта?“/ Зошто не можат да носат ‘Јизи’? прашува тој, алудирајќи на сопствениот бренд.