Забава
Набргу почнува реално шоу за супер богати Азијци во Лос Анџелес

Реалното шоу „Империја Блинг“ премиерно ќе почне да се емитува на стриминг-платформата „Нетфликс“ на 15 јануари, а во фокусот е животот на лудо богати Азијци во САД.
Серијата прикажува заткулисни игри и разни пикантерии на азиско-американски и азиски пријатели (и непријатели), кои живеат живот на висока нога во Лос Анџелес, а во најавата за серијата се вели дека гледачите треба да очекуваат многу врвни забави, раскош, прекрасна облека, гламурозни ескапади и голема драма.
Во актерската екипа се вклучени колекционерката на висока мода и филантроп, Кристине Чиу, и Џејми Кси (ќерката на Кен Кси), младиот моден инфлуенсер и најбогатиот во групата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Познат актер шокира со новиот изглед: изгуби 90 килограми и сега е друг маж

Премиерата на анимираниот мјузикл „Штрумфовите“ се одржа во Лос Анџелес, а се издвоија Ријана и нејзините синови, кои се покажаа како вистински модни икони.
Сепак, покрај пејачката со нејзините најмали, забележлив беше и Џон Гудман (73), кој ги изненади сите со својата трансформација.
Славниот актер водеше голема битка со тежината и на крајот успеа да ослабе 90 килограми.
Како што изјавил, медитеранската исхрана, на која се префрлил во 2007 година, најмногу му помогнала. Неговите оброци се состојат од риба, маслиново масло, зеленчук, овошје и јаткасти плодови.
Покрај тоа, тој вежба напорно шест дена во неделата и прави околу 10.000 чекори секој ден, а успеал и да се откаже од алкохолот.
„Претходно би направил пауза од три месеци, ќе ослабам 27 или 30 килограми, а потоа ќе се наградев со пакет пиво од шест лименки или нешто друго и едноставно ќе се вратев на старите навики. Овој пат сакав да го правам тоа полека, да се движам, вежбам. Стигнувам до возраст кога повеќе не можам да си дозволам да седам мирно. А тоа ми дава енергија за работа, бидејќи работата е многу исцрпувачка“, изјави еднаш за странските медиуми.
Забава
Наташа Беквалац од година во година е се позгодна: воодушеви со фотографии од плажа

Српската пејачка Наташа Беквалац отиде на одмор со своите ќерки Хана и Катја, а судејќи според нејзините објави на Инстаграм, триото одлично се забавува.
Наташа често е тема на социјалните мрежи, како поради нејзиниот изглед, така и поради нејзините песни, но и поради нејзините изјави, кои секогаш се полни со хумор.
Патем, таа секогаш се шегува на своја сметка, па затоа многу од нејзините изјави веднаш стануваат вирални.
Пејачката сега е тема поради нејзиниот совршен изглед што го покажа во една од своите објави.
Таа позираше во бикини со леопардски принт што ги истакна сите нејзини облини, додека единствените додатоци ѝ беа очила за сонце.
Меѓу низата фотографии што ги објави се и оние со нејзините ќерки, а луѓето често коментираат колку Наташа е посветена на своите деца и ужива во секој момент поминат со нив.
Меѓу многуте коментари, имаше и еден од нејзината постара ќерка Хана.
„Зрачиш со својата енергија“, ѝ напиша таа.
Забава
(Фото) Фаталната Русинка повторно мами воздушки, а само облече бикини

Летната сезона е веќе пред нас, а многу познати личности не ја пропуштаат можноста да го покажат парчето рај во кое уживаат. На ред е фаталната Ирина Шајк, која веќе некое време престојува на егзотичната дестинација.
Таа секогаш наоѓа време да им се обрати на своите обожаватели преку интернет, а често споделува и прекрасни фотографии од патувањата на Инстаграм.
Таа неодамна објави компилација од атрактивни фотографии на гореспоменатата мрежа, а вниманието на јавноста, покрај зајдисонцето, го привлече и нејзиното тело во бикини.
Ирина гордо позираше во различни дизајни на бикини, а на фотографиите го покажа и своето лице без ниту трага шминка. Нејзината природна убавина дојде до израз, а титулата „фатална Русинка“ сè уште ѝ одговара.