Забава
Најдоброто од облините на Кардашјан

Ким Кардашјан докажа дека сака да работи напорно и да игра понапорно во неделата кога се врати на своите професионални обврски на фотосесија во Кабо сан Лукас, Мексико.
39-годишната реална sвезда изгледа феноменално откривајќи ги своите славни облини во минималистичко розово бикини.
Ѕвездата од реалното шоу Keeping Up with Kardashians во објавата вели дека ова било дел од фотосесијата за нејзиниот бренд за убавина KKW.
Таблоидите објавија дека Ким била со сопругот Канје Вест во текот на викендот среде шпекулациите за проблеми во нивниот брак, кои испливаа на површина по неговата неочекувана кандидатура за претседател.
Се чини дека парот се фокусира на надминување на брачната криза и покрај фактот дека таа останува во Лос Анџелес, а тој поголемиот дел од времето го поминува работејќи на својата кампања во Вајоминг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Ева Херцигова блесна во Кан и докажа дека сè уште нема конкуренција

Прославената супермоделка Ева Херцигова беше една од владетелите на модните писти во 1990-тите, но како што минуваат годините, таа одбива да дозволи некој да го заземе нејзиното место.
Таа продолжи да импресионира со својот изглед, а многумина се прашуваат дали оваа жена навистина има 52 години.
Во Кан, таа се појави заедно со Карла Бруни и Хелена Кристенсен, па заедно ги потсетија сите на златното доба кога беа неоспорни на сите модни писти.
За оваа пригода, Ева избра долг бел фустан со гол грб кој совршено ја истакнуваше нејзината фигура, а целиот аутфит го надополни со впечатлив накит и нејзината препознатлива насмевка.
Прекрасното лице на оваа манекенка е сè уште мистерија, со оглед на тоа што изгледа барем десет години помладо.
Забава
(Фото) Бремената Ријана го покажа стомакот во тесен фустан: изданието го воодушеви Кан

Откако неодамна на Мет Гала откри дека е бремена и дека го очекува своето трето дете, а го покажа стомакот во многу необична, впечатлива креација, Ријана се појави и на 78-от Кански филмски фестивал за да го поддржи својот партнер, раперот ASAP Rocky.
Двајцата присуствуваа на премиерата на филмот „Highest 2 Lowest“, а пејачката се појави во тесен фустан во впечатлива сина боја, повторно истакнувајќи го својот труднички стомак со овој избор.
Фустанот има посебни детали на вратот и во пределот на стомакот, каде што се врзува, а материјалот ја следи линијата на Ријана и се протега сè до подот, каде што завршува со асиметрична должина.
Таа ја собра косата во пунџа и позираше со раперот на многу весел начин. Тие не криеја колку се среќни што ќе станат родители по трет пат. Двојката веќе има два сина.
Забава
Меган Маркл: Отсекогаш сакав да имам деца, но мајчинството не одеше по план

Меган Маркл неодамна го лансираше својот втор подкаст, „Confessions of a Female Founder“. Во новата епизода, таа зборуваше за мајчинството, за кое вели дека не секогаш одело според планот.
„Отсекогаш сакав да бидам мајка. Имав цела оваа визија. Потоа забрзуваш напред и сфаќаш… не испадна онака како што замислував“, рекла таа, додавајќи дека за време на двете бремености се справувала со работи врз кои немала контрола.
Меган има две деца со принцот Хари. Синот Арчи е роден во 2019 година додека таа и Хари сè уште ги извршуваа своите службени должности.
Две години подоцна, тие се повлекоа од кралското семејство и се преселија во Монтесито, Калифорнија, каде што Меган ја роди нивната ќерка Лилибет во јули.