Контакт

Забава

Најлошиот состанок на Патриша Аркет ѝ бил со осуден убиец

Објавено пред

Патриша Аркет откри дека најлошото рандеву во својот живот ѝ било со човек кого подоцна го осудиле како убиец.

53-годишната актерка се огласи на „Твитер“ со свој коментар на онлајн-форумот за лошо искуство со партнер присетувајќи се на професионален скејтбордер, кој лошо се бакнувал, а потоа се утврдило дека тој е Марк Роговски, човекот што неколку години подоцна призна силување и убиство на Џесика Бергстен во 1991 година.

Џесика твитна: „Втор состанок. Професионлен скејтбордер. Навистина симпатичен. Пријател на мои пријатели“.

„Имавме кус интимен момент таа вечер, но начинот на кој ме бакна ме преплаши. Му дадов лажен број на телефон“.

„Години подоцна тој ја уби својата девојка“, напиша Џесика.

На прашањето зошто неговото бакнување ја исплашило, таа објасни дека било премногу агресивно.

Забава

Кендал Џенер откри дека е зависник од социјални мрежи

Објавено пред

Кендал Џенер тврди дека зависноста од социјалните мрежи е нешто со што веројатно повеќето од нас можат да се поистоветат и признава дека нема бегање од тоа.

Супермоделот и ѕвезда на реалното шоу (25) е една од најследените селебрити личности на социјалните мрежи, која само на Инстаграм има преку 163 милиони следачи.

Нејзините објави честопати имаат милиони „лајкови“. Фотографија на Кендал на која лежи со косата во срциња беше најпопулрна објава на Инстаграм во 2015 година.

Но, таа смета дека желбата за лајкови може да предизвика зависност и вели дека ова е лошата страна на платформите на социјалните медиуми.

Во интервју за списанието „Вог“ во веб-серијалот за анксиозност Open Minded: Unpacking Anxiety, таа рече „Јас во моментов сум навлечена на социјалните мрежи, што не ми се допаѓа и не сум горда што го кажувам тоа. „Но, јас исто така, чувствувам дека тоа е феномен кој веројатно повеќето од нас ги прави зависни.“

„Не ми се допаѓа тоа што чувствувам потреба за социјални медиуми. Од тоа навистина нема бегање “.

На Кендал исто така не ѝ се допаѓа начинот на кој интернетот дозволува некои лични моменти да бидат извадени од контекст, што честопати значи дека луѓето тврдат лажен наратив за неа.

Во разговор со д-р Хорхе Партида, етаблиран професионалец за ментално здравје, во врска со негативноста на која се изложува секој ден на интернет, таа рече: „Нешто што навистина ме фрустрира и најмногу ме вознемирува е кога некој тврди лажен наратив за мене.“

Кендал Џенер е под будното око на јавноста повеќе од 10 години.

Прикажи повеќе...

Забава

Синди Крафорд и Ранде Гербер ја намалија цената на куќата во Беверли Хилс.

Објавено пред

Својот модерен дом во идиличниот кварт Trousdale Estates 90210 го објавија за продажба на пазарот за недвижности по цена од 16 милиони долари во август 2020 година.

Но, минатата недела Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ранде Гербер одлучија да ја намалат цената на 14,7 милиони долари, објави Mansion Global.

Пред три години холивудската моќна двојка го купи имотот од фронтменот на поп-рок бендот OneRepublic Рајан Тедер за 11,6 милиони долари. Тие целосно ја реновираа куќата однадвор и ја проширија.

 

Синди и Ренди, кои претежно живеат во луксузна хациенда во Малибу, направија и неколку козметички измени во ентериерот, особено во дворот,

Прикажи повеќе...

Забава

Восочните фигури на Хари и Меган дислоцирани од кралското семејство во „Мадам Тисо“

Објавено пред

Две кралски кукли пронајдоа нов дом меѓу личности од холивудската А-листа.

Познатиот лондонски музеј „Мадам Тисо“ ги одвои фигурите на принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс, од останатите членови на кралското семејство.

Хари и Меган се преместени во одделот за селебрити личности.

Тие беа отстранети од делот на кралското семејство минатиот јануари, по нивното соопштение дека се повлекуваат од кралските должности. Тогаш, музејот објави на Твитер: „Мораме да ги почитуваме нивните желби – Мегзит“.

Сега тие ќе застанат покрај другите од А-листата на Холивуд – Бред Пит, Џорџ Клуни, Никол Кидман и Бекамови.

Тим Вотерс, генерален директор на „Мадам Тисо“ во Лондон, рече: „Отворањето на делот Awards Party ја враќа забавата и возбудата на стилската ноќна забава по која Лондон копнееше уште од почетокот на ковид-блокадата.“

„И понатаму будно внимавајќи на пејзажот на славните, ги преместивме и фигурите на принцот Хари и Меган Маркл да им се придружат на нивните холивудски пријатели, одразувајќи го нивниот нов статус на светската сцена како омилени на А-листата.”

Работата на оригиналната восочна фигура на Меган започна кога парот ја објави својата свршувачка во ноември 2017 година.

На фигурата се наоѓа копија од дијамантскиот прстен на Хари дизајниран за неговата свршеница. Фигурата е облечена во копија на зелениот фустан што го носеше Меган за своето прво ТВ-интервју.

Восочната фигура на принцот Хари првпат беа создадена во 2014 година за да се одбележи неговиот 30-ти роденден.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Почнува самитот Брдо-Бриони: Целта е што побрзо приближување на Западен Балкан кон ЕУ

Балканските лидери учествуваат на самитот Брдо-Бриони. На самитот учествуваат претседателите на процесот, претседателите на Словенија и Хрватска и лидерите на...

Свет2 часа

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа2 часа

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет3 часа

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет3 часа

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет3 часа

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Македонија13 часа

(Видео) Заев: СДСМ останува локомотива за напредокот на македонската држава

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот...

Македонија19 часа

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет20 часа

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија20 часа

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Свет24 часа

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет1 ден

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Свет1 ден

Гутереш запрепастен од страдањата на цивилите во Газа

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш е „шокиран“ од страдањето на цивилите во Газа, рече неговиот портпарол. „Генералниот секретар е...

Свет1 ден

(Видео) Немирна ноќ во Газа, истрелани околу 120 ракети, бројот на загинати и повредени расте

Израелската армија објави дека 120 проектили биле истрелани од Појасот Газа во текот на ноќта. Продолжена е вонредната состојба во...

Свет2 дена

Нетанјаху до Бајден: Израел не сака да повредува лица кои не се вклучени во борбата со Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска му соопшти на американскиот претседател Џо Бајден дека Израел „прави се за да избегне повреда...

Македонија2 дена

13 починати и 112 нови случаи на Ковид-19 од 4.196 тестови

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Свет2 дена

(Видео) Израел во Газа уништи зграда во која се канцелариите на „Ал-Џезира“ и светски агенции

Израел во воздушен напад уништи зграда во која се сместени канцелариите на катарската телевизија „Ал-Џезира“, како и на светските новински...

Македонија2 дена

Заев: Законот за дивоградбите ќе се врати во Собрание, мора да ги спасиме домовите на сиромашните

Премиерот Заев вели дека не се откажува од носењето на Законот за легализација на дивоградбите. Откако претседателот Стево Пендаровски не...

Македонија2 дена

Родителите против дигитализација: Преку референдум ќе ги спасиме нашите деца

Oдборот на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска одржа протест пред Министерството за образование, противејќи се на...

Македонија2 дена

Пристигнаа 100.000 кинески вакцини, на кутиите порака: „Пријателот во неволја е поблизок од брат“

Солидарноста и помошта тогаш кога е најпотребна, ја враќаат вербата во човештвото, напиша на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко...

Досие