Забава
Најмладата ќерка на Доналд Трамп го покажа својот син, реакциите се дека многу личи на дедо му

Тифани Трамп (31), најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, го доби своето прво дете со својот сопруг Мајкл Булос (27) на 15 мај оваа година. Сега ги објави првите фотографии од својот син на „Инстаграм“.
„Љубовта на нашиот живот, Александар Трамп Булос“, напиша таа во описот. Бројни следбеници ја контактираа и рекоа дека малиот Александар многу личи на својот дедо Доналд Трамп.
View this post on Instagram
„Тој е копија на твојот татко“, „Трамп има силни гени, сите негови деца личат на него“, „Ист дедо му“, продолжија коментарите.
Откако Тифани претходно се пофали со среќната вест на „Инстаграм“, објавувајќи фотографија од стапалото на детето, се огласи и Трамп.
„Ќерка ми роди бебе. Одам дома да го видам тоа бебе“, рече тој потоа, додавајќи: „Таа е одлична и бебето е одлично.“
Доналд беше првиот што ја објави бременоста на Тифани.
View this post on Instagram
Пред две години, Тифани се омажи за милијардерот Мајкл Булос. Нејзиниот сопруг, наследник на нигерискиот бинис вреден милијарди, Булос Ентерпрајзис, е роден во Либан, израснат во Нигерија и се преселил во САД откако ја запознал.
Двојката почнала да се забавува во 2018 година кога се запознала во клубот на Линдзи Лохан во Миконос, Грција. Тие се вериле во јануари 2021 година, на крајот од мандатот на нејзиниот татко како претседател. Булос ѝ предложил брак на тревникот на Белата куќа со дијамантски прстен вреден 1,2 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.
Забава
Повеќе земји најавуваат бојкот на Евровизија ако настапи Израел

Неколку европски држави, меѓу кои Ирска, Словенија, Шпанија, најавија дека нема да учествуваат на Евровизија 2026 доколку настапува Израел. Радиодифузерите своите ставови ги темелат на, како што велат, „неприфатливата состојба во Газа и големиот број цивилни жртви“.
Исланд сè уште ја разгледува својата позиција и чека исход од консултациите во Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Оттаму велат дека разбираат колку е прашањето чувствително и дека продолжуваат разговори со сите членки за да се најде решение.
Наредното издание на Евровизија треба да се одржи во мај во Виена, а телевизиите имаат рок до средината на декември да потврдат учество. Во меѓувреме, повеќе од 70 поранешни натпреварувачи потпишаа писмо со кое бараат Израел да биде исклучен од фестивалот.