Контакт

Забава

Најскапото кафе во светот – 75 долари за еден филџан

Објавено пред

Калифорниските кафулиња од неодамна го нудат најскапото кафе во светот по цена од 75 долари за филџан, објави агенцијата АП.

Кафулињата „Клач кофи ростерс“ во нивните ограноци во Јужна Калифорнија и Сан Франциско во понудата го имаат ексклузивното Elida Natural Geisha 803 кафе, кое според нивното соопштение, е најскапото кафе во светот.

Бројот 803 во називот на кафето ја означува рекордната цена платена за фунта од органските зрна кафе на аукција во Панама.

Поради ограничената понуда избила вистинска војна во наддавањето за ретката „Арабика“ од Панама која има цветен вкус на чај, налик на јасмин.

Во продажба имало само 100 фунти, односно 45 килограми кафе, од кои повеќето завршиле во Јапонија, Кина и Тајван.

Според веб-страницата на „Клач кофи ростерс“, ова кафуле купило 4,5 килограми, што според нивното објаснување е доволно за 80 шолји кафе.

„Бев изненаденa што има кафе од 75 долари за филџан, но тоа има изненадувачки добар вкус“, вели Лорен Свенсон, едена од муштериите кои го пробале т.н. најскапо кафе во светот.

Естрада

Мел Би итно пренесена во болница, се плаши дека ќе ослепи

Објавено пред

Поранешна членка на „Спајс грлс“, пејачката Мелани Браун е итно пренесена во болница во Лондон, откако утрово ѝ се слошило и почнала да се жали дека не гледа на десното око. Таа пред 20 години имала ласерска операција за да го подобри видот.

Извор за iHeart радио вели дека пејачката била донесена во болницата со превез на окото, дека врескала и повторувала дека ќе ослепи. Мел Би е сè уште во болница, а лекарите наскоро ќе знаат дали ќе го изгуби видот или не.

Од здравствената состојба на Мел Би ќе зависи дали четирите девојки: Мел Би, Мел Си, Гери Халивел и Ема Батон ќе ја почнат својата турнеја во Британија. „Спајс грлс“ треба да го одржат првиот концерт на 24 мај во Даблин, а потоа да имаат концерти во Кардиф, Манчестер, Единбуг, Сандерленд, Ковентри, Бристол и турнејата да ја завршат со голем концерт на стадионот „Вембли“ во Лондон во средината на јуни.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Се појави нова снимка од нападот на Арнолд Шварценегер

Објавено пред

Јавноста сé уште е шокирана од нападот врз актерот Арнолд Шварценегер (71). Поранешниот гувернер на Калифорнија беше нападнат на патување во Јужна Африка. Тој присуствуваше на спортскиот настан „Арнолд класик Африка”, кога непознат човек во конгресниот центар скокајќи го удри со нозете во задниот дел.

Шварценегер ги снимал и ги фотографирал децата во салата каде што бил судија на натпреварот во скокање на јаже, а човекот „излетал” од толпата, скокнал и го удрил. Арнолд полека се занишал без да трепне, а обезбедувањето брзо го одвелое напаѓачот кој се дерел.

Нападот беше снимен со камери, и сега има ново видео на кое може да се слушне како напаѓачот му вика на обезбедувањето кое го одвлекува: „Помогнете ми, ми треба ламборџини!”

Причината за нападот не е позната, а Шварценегер се оглас за инцидентот на својот профил на Инстаграм.

„Ви благодарам за вашата загриженост, но не е потребно. Драго ми е што овој идиот не го прекина моето снимање на Snapchat“, напиша актерот.

Прикажи повеќе...

Забава

Ален Делон доби почесна „Златна палма“ на Канскиот фестивал

Објавено пред

Францускиот актер Ален Делон доби почесна „Златна палма“ на 72.Меѓународен фестивал во Кан, велејќи дека не се сеќава кога бил последен пат толку трогнат.

„Долго време не сум плачел толку многу”, рече Делон (83), примајќи ја наградата од својата ќерка Анушка Делон со аплауз од публиката.

На врачувањето на Златната палма за животно дело синоќа присуствуваше и францускиот министер за култура Франк Ристер, претседателот на Канскиот филмски фестивал Пјер Ласкур и неговиот заменик Тиери Фремо. Делон рече дека сака да се прости од публиката на која сака да ѝ се заблагодари.

„Одам, но пред тоа ќе се заблагодарам. Благодарение на публиката станав ѕвезда”, рече Делон.

Актерот со голема харизма се појави на црвениот килим со звуците на музиката од филмот „Сицилијанскиот клан” на Хенри Вернеј во кој глумат Делон, Жан Габен и Лино Вентура. Делон, видно трогнат од публиката, даде неколку автограми и застануваше да ја поздрави публиката.

Делон имаше турбулентни односи со организаторите на фестивалот, и досега нема добиено признание од овој фестивал.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

(Видео) Заев и Хан на Виенскиот економски форум: Политичката стабилност отвора можности за нови инвестиции во земјава

Премиерот Зоран Заев денеска во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори –...

Македонија1 час

Во јуни ќе се одржи првата Парада на гордоста во Скопје

Првата Парада на гордоста (Skopje Pride) за правата на ЛГБТ заедницата во земјава ќе се одржи на 29 јуни, информираа...

Македонија2 часа

Горан Трајковски даде оставка од директорската функција

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Горан Трајковски во петокот доставил барање за престанок на функцијата директор на...

Европа3 часа

Шведски обвинител бара апсење на Асанж

Шведски обвинител, кој води истрага во врска со обвинението за наводно силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска поднесе...

Регион3 часа

(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник

Во многу градови во Србија, вчера, во попладневните часови, почна да паѓа силен дожд, а потоа и град со големина...

Hitech4 часа

Гугл и ја укина лиценцата на компанијата Хјуавеи

Американскиот Гугл и ја суспендираше лиценцата на компанијата Хјуавеи (Huawei), што значи дека кинескиот производител на мобилни телефони ќе остане...

Свет4 часа

Трамп се закани дека ќе го уништи Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде остро предупредување до Иран со закана дека ќе биде уништен доколку бидат нападнати американските...

Европа22 часа

Предвремени избори во Австрија на почетокот од септември

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени...

Македонија23 часа

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за...

Економија23 часа

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во...

Топ1 ден

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај...

Македонија1 ден

(Видео) Заев во Србија на отворањето на Коридор 10: Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи

Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26...

Естрада1 ден

Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, нејзината изведба ни го носи највисокиот пласман досега

Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на...

Европа2 дена

Демонстрантите во Виена го прославија колапсот на владејачката коалиција

На плоштадот меѓу седиштата на австриската влада и претседателот на Републиката вечерва илјадници луѓе го прославија колапсот на владејачката коалиција...

Европа2 дена

Курц најави предвремени избори во Австрија

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, предложи распишување на предвремени избори во земјата откако вицеканцеларот и негов коалициски партнер, Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе...

Европа2 дена

Принцот Вилијам зборуваше отворено за смртта на мајка му и менталното здравје

Британскиот принц Вилијам, неодамна говорејќи за смртта на својата мајка, принцезата Дијана, ја опиша тагата што ја почувствувал како болка...

Македонија2 дена

(Видео) Стоилковски: Богоевски на свој трошок да направи тест за наркотици и да поднесе оставка

Пратеникот Павле Богоевски итно сам да се повлече од пратеничката функција, а МВР и ОБвинителството сериозно да го истражат случајот,...

Македонија2 дена

Медиумите и социјалните мрежи со осуда за Павле Богоевски-сентимент анализа на „Макфакс“

Пратеникот Павле Богоевски и неговиот став за аферата со „пола кокаин или масло од канабис“ наиде на многу негативни оценки...

Топ2 дена

Се запали возило во дворот на МВР

Денес околу 10 часот во кругот на Министерството за внатрешни работи се запалило службено возило. Возилото е од марката „пинц...

Забава2 дена

Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма во евровизиското финале

Македонската претставничка, Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма по ред во финалето на годинешниот Евросонг, во Тел Авив, Израел. Тамара ќе...

Досие