Забава
Најубавото здолниште на „Оскарите“ во 2022 донесе повеќе гламур и од најелегантниот фустан
Во 2022 година, кралицата на црвениот тепих, Зендаја Колман, донесе едно од многуте ремек-дела, со кои ги маѓепса модните познавачи. За „Оскарите“ во 2022 година Зендаја создаде модна магија во театарот „Долби“ заедно со колегата од филмот „Дина“, Тимоти Шаламон.
Зендаја, дефинитивно, го освои црвениот тепих таа година и се истакна во морето елегантни фустани со сосема поинаков моден изглед докажувајќи зошто важи за модна икона на помладата генерација.

Имено, Зендаја донесе комплет, кој се состоеше од бела сатенска кошула и здолниште, кое беше – грандиозно.
Целата креација ја потпиша модната куќа „Валентино“, а впечатокот беше спектакуларен. Имено, со кошулата во кроп-варијанта вклопено е феноменално сребрено долго здолниште, обложено со светки, дизајнирано специјално за неа од креативниот директор Пјерпаоло Пичиоли.

Изгледот го заокружи со чевли на Valentino Garavani прекриени со кристали, како и накит Bulgari, од дијамантски белезици на рацете до дијамантски ѓердан. Целиот накит вредел над 6 милиони долари, а носела и дијамантски прстени, обетки, брош…

Нејзиниот изглед е опишан како гламурозен и бохо-шик, а автентичниот стил до денеска само го надградила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
