Забава
Најуспешните африкански актерки во Холивуд

Во изминатата деценија актерките со африканско потекло можеби не добивале шанса да се изборат на големата холивудска сцена, но во денешно време се чини дека нивниот пат до славата е полесен. Сега имаме нови славни имиња на Афроамериканки кои оставаат свој печат во филмската индустрија.
Во својот говор на 67. церемонија на доделувањето на наградите „Еми“, Виола Дејвис изјави дека обоените жени се исто толку добри пред камерата кога добиваат можност тоа да го покажат.
Во својот напис американските таблоиди се фокусираат на десет афроамерикански актерки кои ги тестираат границите на Холивуд и се етаблираат на А-листите.
Меѓу нив се Шарлиз Терон, Бену Мабхена, Лупита Нијонг, Тенди Њутн, Мишел ван дер Вотер и Меглин Ешикунвоук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Германски парк за птици стана дом на штотуку изведени морски орли

Два џиновски морски орли се изведоа пред неколку дена во познатиот парк за птици Weltvogelpark Walsrode во Германија.
Има уште еден, кој сè уште е во јајцето, а другите два веќе го истражуваат надворешниот свет.
Морски или белоглав орел е граблива птица во Северна Америка, позната како национална птица и симбол на САД.
Белоглавиот орел е голема птица, со должината на телото од 70 до 102 сантиметри, распон на крилја до 2,44 метри и маса од 2,5 – 7 килограми, женката е за 25 проценти поголема од мажјакот.
Забава
Високи војнички чизми – хит на пролетта, дури и кога ќе биде потопло

Многу брендови ги гледаат своите модни додатоци како армиски детали, а меѓу креациите се издвојуваат модели на високи чизми чија форма е гломазна и обложена со пластифициран водоотпорен слој.
На скала од маслинестозелена до сива боја се идеалните тонови на новите чизми за оваа пролет.
Иако потоплите денови се симбол на полесни чевли, овој моден додаток пристигнува како хит на сезоната која штотуку започна.
Ќе се носат не само со тренерки, туку и со малку покласични парчиња како што се костуми и палта.
Кожените јакни и војничкиот стил имаат посебна модна симбиоза.
Забава
Моден детокс предизвик: Можете ли да издржите 10 недели без шопинг?

Универзитетот во Глазгов објави истражување според кое кога купуваме помалку, се менува нашата перцепција и почнуваме да го цениме и носиме повеќе она што го имаме во плакарот.
Академиците од Каледонскиот универзитет во Глазгов (Glasgow Caledonian University – GCU) ги повикуваат потрошувачите да учествуваат во нивниот предизвик за модна детоксикација и да не купуваат нова облека најмалку десет недели.
Имено, нивното истражување покажало дека оние кои се воздржуваат од прекумерно купување развиваат поздрави, поодржливи ставови за она што го поседуваат во сопствената гардероба.
Истражувањето било меѓународно, а испитаниците биле од Велика Британија, Канада, САД и Австралија. Тие морале да се откажат од купувањето десет недели, по што тим од шкотскиот универзитет ги проучувал нивните емотивни реакции.
„Имено, купувањето нова облека не носи трајна среќа и задоволство, затоа мора да најдеме начини луѓето да купуваат помалку“, вели Ема Кид, истражувач за одржливост при Универзитетот во Глазгов
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?