Контакт

Забава

На Американец му откажал црниот дроб поради капсулите со зелен чај

Објавено пред

Американецот Џим Меккант редовно земал капсули со екстракт од зелен чај затоа што сакал да го подобри своето здравје. За жал, се случило спротивното. Неговиот црн дроб престанал да работи и му била потребна итна трансплантација, објави Би-би-си.

Кога Џим Мекканс наполнил педесет години, одлучил сериозно да го промени својот животен стил. Тој работел на губење на тежината, почнал редовно да тренира и поздраво да се храни.

Но, наскоро по дипломирањето на неговиот син, Меккант бил пренесен во болница со оштетување на црниот дроб. Лекарите најпрво се сомневале дека црниот дроб бил оштетен поради прекумерна консумација на алкохол, но наскоро алкохолизмот бил исклучен како причина.

Лекарите не можеле да дознаат што може толку да му наштети на црниот дроб сè додека хепатологот не го прашал дали користи додатоци во исхраната.

Поради желбата да следи здрав начин на живеење, Џим Меккант почнал редовно да консумира капсули со зелен чај бидејќи слушнал дека зелениот чај благотворно влијание врз кардиоваскуларниот систем. По два-три месеци користење на овој додаток, тој почнал да се чувствува лошо и на крајот завршил во болница. Лекарите по темелно пребарување кажале дека оштетувањето на црниот дроб се должи на негативните ефекти од капсулите зелен чај.

Научниците не се сосема сигурни зошто високите концентрации на зелениот чај во телото можат да бидат штетни за нашето здравје. Луѓето пијат зелен чај илјадници години, а концентратите на овој тип чај во Европа и Америка не се третираат како лекови, туку како додаток на исхраната. Затоа, овој тип на артикли не е подложен на строга медицинска регулација и детално тестирање.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Квентин Тарантино во шестата деценија од животот првпат ќе стане татко

Објавено пред

Познатиот холивудски режисер Квентин Тарантино (56) и неговата сопруга Даниела Пик (35) го очекуваат своето прво дете, пишуваат американските таблоиди.

„Даниела и Квентин се многу среќни што може да потврдат дека го очекуваат своето прво дете“, изјави портпаролот на реномираниот режисер за списанието „Пипл“.

Веста дека славната двојка очекува принова дојде девет месеци по венчавката. Минатиот ноември Квентин и Даниела решија да стапат во брак по девет години врска. Тие организираа интимна еврејска церемонија во Лос Анџелес за семејството, најблиските пријатели и соработниците.

Прикажи повеќе...

Забава

Актерот Бардем ја пофали Грета Тунберг истакнувајќи дека таа е промената

Објавено пред

Шпанскиот актер, оскаровецот Хавиер Бардем (50), во говорот одржан во понеделникот во ОН ја пофали младата активистка Грета Тунберг, која се залага за заштита на климата нарекувајќи ја составен дел од општествените промени.

„Таа е промената“, рече Бардем.

Гласот на 16-годишната Швеѓанка е значаен во дискусиите за климатските промени токму поради нејзината возраст, знаење и посветеност, рече тој. Тунберг е инспирација за нејзината генерација затоа што, повикувајќи на протести, предупредува на опасностите од климатските промени, рече актерот.

Гласниот поборник за заштита на животната средина, Бардем, зборуваше во ООН како претставник на „Гринпис“, кој се залага за договорот за океаните да се дискутира во Обединетите нации.

Прикажи повеќе...

Забава

Лари Кинг се разведува од својата седма сопруга

Објавено пред

Познатиот водител Лари Кинг (85), по 22 години брак, се разведува од својата седма сопруга, актерката Шон Кинг (59), пренесува „Пипл“. Сепак, како што тврдат странските медиуми, ова воопшто не е изненадување. Иако биле долго време заедно, нивните пријатели велат дека претпоставувале дека тоа ќе се случи.

Лари во еден период стравувал за своето здравје, а Шон наводно го изневерувала во 2016 година.

„Тој сфати дека не е среќен долго време. Тие се расправаа цело време, но Лари сакаше да ги заштити децата. Тие, всушност, се разделени десет години. Дури спијат и во одделни простории“, изјави пријател на Лари.

Лери и Шон се венчаа во 1997 година и имаат два сина, Шанси (20) и Канон (19). Во вторникот адвокатот потврди дека Лари ги предал документите за развод.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Маскирани мажи нападнале гости додека гледале фудбал во кафуле во Хрватска, петмина повредени

Гостите на едно кафуле во општината Бискупија во близина на Книн, го гледале фудбалскиот натпревар на „Црвена звезда“ кога група...

Топ2 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ3 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија4 часа

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија5 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија5 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет6 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија6 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа7 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија18 часа

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија18 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион19 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија21 час

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија22 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија22 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија22 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија1 ден

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија1 ден

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ1 ден

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион1 ден

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Досие