Забава
На денот на погребот на Џорџ Флојд, Сара Џесика Паркер пишува за нееднаквоста во САД

За време на погребот на Џорџ Флојд во вторникот, Сара Џесика Паркер на својот Инстаграм сподели моќна порака за нееднаквост.
Холивудската актерка (55) се надева дека неговата смрт ќе ја предизвика многу потребната промена, пренесува „Си-Би-Ес њус“.
Нејзината порака беше придружена со неколку фотографии од протестите што се случија во Њујорк Сити по трагичната смрт на Флојд.
„Денес беше погребан г-дин Флојд,“ напиша ѕвездата на „Сексот и градот“.
„Меѓутоа, овој историски марш кон правда и еднаквост, ова незапирливо движење во негово име и во име на безброј други е живо, а неговото колективно чукање на срцето е далеку посилно од стравот што се спротивставува на оваа неизбежна и закаснета промена“, заклучи таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кејт и Меланија по свечениот банкет на опуштено дружење во Виндзор

По синоќешниот раскошен државен банкет, принцезата од Велс, Кејт (43), и првата дама на САД, Меланија Трамп (55), утрово се појавија во многу поопуштено издание на дружење со најмладите извидници во градините на Фрогмор во Виндзор.
Двете им се придружија на дваесетина деца на активности во природа – градба на „хотели за инсекти“, игра со лисја и заеднички ручек. Кејт понесе сендвичи со мед од нејзината кошница во Анмер Хол, а Меланија донесе теглички мед од Белата куќа.
Првата дама претходно беше во обиколка на Куќичката за кукли на кралицата Мери и Кралската библиотека, пред да отпатува кон Чекерс, каде ќе се сретне со Доналд Трамп и премиерот Кир Стармер.
Настанот следуваше по државниот банкет во чест на Трампови, кој вчера беше организиран во замокот Виндзор.
Забава
Татко од забава зел детектор за метал, неколку часа подоцна пронашол вистинско богатство

Британец стана локална сензација, откако вторпат во животот зел во раце детектор за метал и пронашол артефакт со непроценлива историска вредност.
Неговата приказна беше објавена на „Редит“, каде што привлече големо внимание, пренесува „Мирор“.
Човекот купил детектор затоа што сакал ново хоби. Прво успеал да пронајде монета од 1904 година, не насетувајќи што уште го очекува.
Додека пребарувал една парцела, слушнал предупредувачки сигнал од уредот и сфатил дека нашол нешто. Наскоро пред него се појавил голем саксонски прстен изработен од злато! На само 50 метри подалеку пронашол и златен украс во форма на глава од гавран.
Британецот веднаш го пријавил откритието, а надлежните го затвориле целиот локалитет. Понатамошните ископувања ги презеле археолозите.
Авторот на објавата на „Редит“ рекол дека вредноста на пронајдениот артефакт ќе се подели помеѓу пронаоѓачот, сопственикот на земјиштето и државата.
„Оваков настан се случува еднаш во животот“, напишал тој.
Приказната предизвика бројни реакции, а еден корисник коментирал: „Тој е првиот човек кој по толку векови ги допрел овие предмети“.
Друг додал: „Археолозите цел живот трагаат, а никогаш не наоѓаат нешто толку драгоцено“.
Стручњаците истакнуваат дека ваквите артефакти значително придонесуваат за разбирањето на минатото. Но, најголемата вредност е нивниот придонес кон историското и културното наследство.
Забава
Герасимовски: Викендов прв Street Food Picnic под отворено небо во Паркот на франкофонијата

Општина Центар информира дека од 19 до 21 септември во Паркот на Франкофонија ќе се одржи првото издание на Street Food Picnic под отворено небо.
Првото издание на Street Food Picnic има за цел да ја збогати културната и забавната понуда на Општина Центар, обединувајќи ја вкусната улична храна, музиката и забавата во едно големо дружење на отворено.
Во рамки на тридневниот фестивал, посетителите ќе имаат можност да уживаат во десет штандови со разновидна улична храна, креативни работилници за деца, посебно катче за милениците Pet corner, социјални игри за дружење и смеа, како и богата музичка програма во текот на целиот ден и вечерна забава, велат од општина Центар.