Забава
На плажа во европски град, мажите и жените се’ уште ги дели ѕид
Колку ви звучи реално дека во Европа, во 21 век, во 2024 година, на едно многу познато и популарно место, сè уште има ѕид на плажата што ги дели жените и мажите?
Колку и да е необична приказната, таа е вистинита. А сето тоа се случува на плажата во Трст= која мештаните ја нарекуваат „Педочин“. Тоа е последната плажа во Европа која функционира по овој принцип.
Постои од 1903 година, кога Трст бил под австроунгарска власт. Плажата ја преживеа монархијата, дваесет години фашизам, две светски војни, сојузничка окупација и други превирања во изминатите децении. Првично беше поделена со ограда, но подоцна беше заменета со ѕид, кој само еднаш бил срушен и преместен – во 1959 година, кога женскиот дел бил проширен на штета на машкиот.
„Ние рековме не, тие сакаа да го тргнат ѕидот за да ги обединат мажите и жените. Направивме петиција и рековме – не, ѕидот не се чепка. Ова е институција. Институција од времето на Австро-унгарија. Затоа , ѕидот ќе остане како што е“, велат Умберто и Алберто Еторе од Трст.
Зошто доаѓаат тука? Момчињата велат дека доаѓаат тука за сенка и мир, што нагласуваат дека го имаат поради ѕидот што ги дели од жените.
Донатела, Маида и Патриша од Трст истакнаа дека е подобро да се капат без мажи.
„Слободно се чувствуваме, шетаме мирно во долна облека, бидејќи само жени не’ гледаат. Жената може да дојде и тогаш кога не ги направила сите „женски работи“ како депилација и нокти“, нагласуваат тие.
На новинарите им беше потешко да влегуваат во делот за жени и деца до 12 години. Правилата таму се многу построги. Влезот требаше да го одобри градската управа, а посетата беше најавена преку разглас на сите капачи.
Властите неколку пати се обиделе да го отстранат ѕидот, а тоа било решено на референдум одржан во 1943 година. Локалните граѓани одлучија ѕидот долг 74 метри да остане.
Последен пат за ѕидот беше одлучено во доцните 80-ти, но дури и тогаш луѓето уште еднаш гласаа дека сакаат да го задржат. Затоа што е дел од меморијата, традицијата и идентитетот на градот, се наведува.
За оваа плажа се напишани книги, а снимен е и документарен филм кој беше претставен на Канскиот фестивал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Безос, еден од најбогатите луѓе во светот, открива како го почнува денот: Не сум толку продуктивен како што мислите
Џеф Безос, основачот на „Aмазон“ и еден од најбогатите луѓе во светот, откри кој утрински ритуал секогаш го следи, а кој му помага да постигне успешен ден.
Безос, чие богатство се проценува на 204 милијарди долари, беше гостин во поткастот на Лекс Фридман во декември 2023 година, каде што размислуваше за својата продуктивност и за начинот на размислување што го доведе до успех.
Милијардерот објасни дека секое утро одвојува малку време да се опушти пред да почне со своите обврски. Тој објасни дека кога станува од креветпт, првин пие кафе и многу бавно се придвижува.
„Не сум толку продуктивен како што мислите. Читам на мојот телефон некое време, го читам весникот некое време, разговарам со Лорен, го пијам првото кафе. Се движам прилично бавно во првите неколку часа“, објасни тој.
Безос објасни дека рано си легнува и рано станува додавајќи дека му требаат осум часа сон за да биде попродуктивен. Инаку, неговата свршеница Лорен Санчез во интервју за магазинот „Пипл“ откри дека омилен дел од денот ѝ е утрото, кое го поминува со Безос, и дека времето го поминуваат во разговор.
Забава
Кралот Чарлс првпат во животот седна на ручек, создадена историска фотографија
Кралот Чарлс воведе нова рутина во своето секојдневие, како што открива „Дејли мејл“, британскиот монарх првпат во животот почнал да одвојува време за ручек откако целиот свој живот го прескокнувал средниот оброк, наводно сметајќи го за луксуз. На интернет се шират фотографии од неговиот наводно прв ручек, а Британците одат чекор понатаму тврдејќи дека тоа е историски момент.
Кралот Чарлс исто така тврдеше дека нема доволно време во својот напорен распоред за да си дозволи време за ручек.
👑 The King has started to incorporate a light lunch into his daily schedule, according to reports
Read more here 👇https://t.co/hovtdXwzZh pic.twitter.com/IP5kavTYow
— Telegraph Royal Family (@TelegraphRoyals) October 6, 2024
По наредба на неговата сопруга, како и на советник и лекар, тој неволно почнал да јаде среде бел ден за да има доволно енергија. Кралот Чарлс, кој закрепнува од рак, инсистира дека за ручек ја има најздравата, но и најмодерна ужина што постои.
„Тој ја прифати препораката да јаде нешто за време на ручекот – всушност закуска. Јаде половина авокадо за да му даде сила. Ова е многу важно, особено ако сте болни“, рекол изворот за „Дејли мејл“.
Познато е дека кралот Чарлс се храни здраво, дека инсистира на органски произведена храна, а особено сака јајца. Тој пред три години за Би-би-си изјави дека два дена во неделата избегнува месо и риба, а во тие денови избегнува и млечни производи.
Том Паркер Боулс, критичар на храна, откри дека кралот има штедлив пристап кон подготовката на оброците.
„Сè се рециклира. Ако нешто остане, ќе се направи нешто друго или ќе се појави на менито следниот ден. Ништо не се фрла“, откри тој.
Во најновата книга за историјата на храната во кралското семејство тој открива дека мајка му, кралицата Камила, јаде каша секој ден, ручекот ѝ е лесен – пилешка супа или чаден лосос, а Чарлс за појадок јаде суво овошје и мед, а претпочита ручек попладне.
„Забавите со чај отсекогаш биле спектакл за нив. Сите се собираат, а на масата нема само колачи и слатки, туку и сендвичи. Можеби ќе добиете дури и поширани јајца“, откри Паркер Боулс.
Забава
Леонардо ди Каприо се одмора во Рим со својата 26-годишна девојка и со мајка му, носел маска во градот
Леонардо ди Каприо е фотографиран со девојката Виторија Серети во Рим.
Двојката се упати кон Италија откако Виторија направи неколку ревии на Модната недела во Париз. Фотографите ги фатија актерот и манекенката како се гушкаат по скалите, а потоа и на романтична вечера во еден од рестораните.
Леонардо и 26-годишната Виторија претходно во Рим ги виделе најголемите знаменитости. Актерот најчесто се шетал на улиците со маска за лице. Мајката на актерот, Ирмелин Инденбиркен, и очувот Дејвид Вард се одмораат со познатиот пар во Рим.
49-годишниот актер веќе некое време престојува во Италија. Многумина веруваат дека тој сака да избега од скандалот што ја тресе Америка.
Ди Каприо, всушност, се најде во фокусот на јавноста поради наводните снимки, кои откриваат дека се дружел со Диди. Се дозна дека Ди Каприо бил омилен гостин на забавата на Диди. Во клип од 2018 година, кој неодамна беше повторно објавен, „Вог“ го праша Диди кој е број еден на неговата листа на гости за неговите „бели забави“. Тој одговори: „Леонардо ди Каприо“.
Објавени се и фотографии од „белата забава“ во 1998 година, на кои актерот се смее и пуши. Сепак, извор близок до Ди Каприо вели дека актерот со години не бил во контакт со Диди, иако има докази дека двајцата заедно присуствувале на Демократската национална конвенција на 29 јули 2004 година и дека актерот бил на забавата на Диди за 50. роденден.