Забава
На Хали Бери не ѝ е гајле што мислат другите
Оскаровката целосно го прифаќа фактот дека е во своите 50-ти и смета дека најголем плус за една зрела жена е да биде сигурна во својата кожа и да не дозволи да ја вознемирува мислењето на луѓето.
Хали (54) изјави за BAZAAR.com: Една од придобивките на стареењето – има многу – но една од нив е што повеќе не ви е гајле за многу работи што претходно ви пречеле. Таа, всушност, го употреби изразот you just start to not give a f*** anymore и потоа се пошегува: „Извинете за мојот француски јазик“.
Sвездата на „Џон Вик“ се отвори и за нејзиниот однос кон социјалните мрежи.
Хали има 6,8 милиони следачи на „Инстаграм“ и 368.900 фанови на „Твитер“ и таа сака да им ја покаже на луѓето нејзината вистинска личност далеку од црвениот тепих и улогите на филмското платно, нешто што смета дека е ослободувачко.
„Да се биде на ‘Инстаграм’, навистина ослободува… Со социјалните мрежи можам да контролирам што луѓето знаат за мене и како тоа го презентирам“, вели таа.
„Мислам дека тоа ме поврзува повеќе со сите и тоа е убаво“.
„Тие сакаат да видат дека уживате во добар коктел или дека сте насмеана, можете да облечете секси фустан и да се чувствувате добро и може да учествувате во глупави интернет-предизвици и да читате кул книги“.
Хали Бери е позната по својот позитивен став кога станува збор за грациозното стареење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Титаниум“ – нов инстант-лоз со возила на Државната лотарија
Државна лотарија, го пласираше новиот инстант лоз „Титаниум“ со примамлива понуда од два вида возила: 7 возила FORD FOCUS и 7 возила FORD KUGA од серијата Титаниум.
Имено, по истражувања меѓу учесници во игрите на среќа, спроведени на продажните места на Државна лотарија, љубителите на инстант лотаријата се изјаснија дека очекуваат токму ваков вид премии.
Како одговор на барањата на играчите, инстант лозот „Титаниум“ стана најнов член на семејството на инстант лотаријата на Државна лотарија. Лозот нуди вкупен фонд на добивки од близу 95 341 575 денари, вклучувајќи 14 премии од коишто: 7 возила FORD FOCUS и 7 возила FORD KUGA, 30 добивки по 50 000 денари и многу други вредни парични добивки.
Со забавно и лесно откривање на три исти симболи или износи, учесниците во оваа игра на среќа ќе ги бараат своите добивки во полето за игра на атрактивниот инстант лоз, а 14 од нив ќе станат сопственици на луксузниот комфор на титаниум, коишто ќе го пленат вниманието и на сите кои досега посакувале да возат или да подарат ваков тип на возило.
Инстант лозот има и атрактивна кампања којашто поттикнува да се замислиме над балансот меѓу своите очекувања и својата вистинска верба во среќата. Кога среќата се бара и чудата се можни.
Со ова ве покануваме, да не ги одминувате среќните места на Државна лотарија, да го побарате новиот лоз „Титаниум“ којшто може да ви донесе еден од 14-те автомобили.
За само 100 денари станувате потенцијален сопственик на софистицирано возило.
Воедно, ве поттикнуваме да подарите можност за СРЕЌА ПЛУС и во вашите планови за подарување да го вклучите и инстант лозот „Титаниум“, со којшто може покрај возбуда и забава, да подарите возило или вредна парична добивка. Инстант лозот, може да е вашиот перфектен подарок.
(ПР текст)
Забава
На Роналдо му се заканува тужба, не платил за ботоксот: дерматологот бара отштета
На португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо му се заканува тужба поради неплатени сметки. Тоа само по себе е чудно бидејќи во кариерата заработил повеќе од милијарда, но тоа што го должи е уште поневеројатно – за ботокс, пренесуваат светските медиуми.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња му остана должен на лекарот Рошан Равиндран, кој неколкупати го третира додека играше за Манчестер јунајтед.
Докторот тврди дека Роналдо му должи приближно 50.000 евра и дека одлучил парите да си ги земе на суд. Равиндран е дерматолог, кој има две ординации, едната во Манчестер, а другата во Лондон. Неговата специјалност е ботоксот. Тој наводно се однесувал добро кон Роналдо, како и кон Георгина Родригез, неговата партнерка.
„Тоа е тековен процес и не сакам да зборувам за моите пациенти“, докторот остана „затворен“ и со тоа само потврди дека Роналдо имал третмани кај него, според написите.
Британските медиуми не може со сигурност да знаат дали тој веќе го тужел Роналдо или планира да го стори тоа, но весниците од оваа земја шпекулираат дека третманите со ботокс се случиле непосредно пред Европското првенство и пред мечот со Словенија.
Роналдо пушти солзи во осмина-финалето кога промаши пенал, а новинарите тоа не го промашија. Плачеше како дожд, но на челото немаше ниту една брчка.
Забава
„На кој нормален човек би му текнало да се фотографира вака?“: Ким Кардашјан на удар на критики
Ким Кардашијан се најде на удар на критики откако позираше во атрактивно издание носејќи крст околу вратот.
Таа сними реклама за новата колекција на нејзиниот бренд Skims во соработка со Dolce & Gabbana. Носеше градник и боксерки кои ги спушти надолу. Следеа бројни негативни коментари.
„Ова е навистина непримерно“, „На кој нормален човек би му текнало да се фотографира вака?“, „Ја навредувате религијата. Невкусно е“, „Зошто секогаш носи крст кога е полугола?“, се некои од нив.