Забава
На 23 години беше на врвот на славата, а потоа беше убиена од пријателка, најавен документарен филм
Поминаа речиси 30 години откога една од најголемите ѕвезди на латино-музичката сцена, Селена Кинтанила Перез, беше брутално убиена кога кон неа пукаше Јоландa Салдивар. Тоа се случи во март 1995 година кога таа имаше 23 години. Во тоа време ја носеше титулата кралица на тејано-музиката, имаше толпа обожаватели и серија закажани концерти со својот бенд „Лос Динос“.
Многумина ја нарекуваа мексиканската Мадона и уште од раното детство веруваа дека ќе има одлична кариера. На осум години го имаше првиот концерт, а поради многубројните настапи, не отиде во средно училиште, но успеа да го направи тоа попатно. На 18-годишна возраст го издаде својот деби-албум „Селена“, кој стана хит, а објави уште четири достигнувајќи го врвот на својата слава на 23-годишна возраст.
Неодамна на филмскиот фестивал „Санденс“ беше прикажан документарниот филм Selena Y Los Dinos, кој го истражува животот на Селена и ги пренесува приказните на најблиските, кои ја познавале најдобро – нејзиното семејство. Филмот го режира Изабел Кастро.
Филмот го следи претходно снимениот материјал за животот на Селена вклучувајќи го документарниот филм Selena Remembered од 1997 година, биографскиот филм „Селена“ од 1997 година, со Џенифер Лопез во главната улога, и драмата во два дела на „Нетфликс“ од 2020 годинa.
Исто така, филмот ги вклучува и нејзините музички и криминалистички емисии снимени за нејзиниот случај. Ова е првиот филм во кој учествувале членови на нејзиното семејство и содржи досега невиден архивски материјал. Особено трогателни моменти се старите интервјуа на Селена, во кои таа зборува за својата амбиција, кариера, а особено она во кое кажува како би сакала да ја паметат.
Приказната е хронолошки подредена и го прикажува подемот на пејачката родена во Тексас, од пеење на традиционалните роденденски забави во Латинска Америка до хит-песни и распродадени стадионски концерти. Прикажани се нејзините проби, раните свирки, зголемениот медиумски интерес за неа, договорот за снимање и настапите во живо.
Во филмот се појавуваат и татко ѝ Абрахам, братот Абрахам Јуниор, гитарист, текстописец и продуцент, и сестра ѝ Сузет, тапанар на бендот „Лос Динос“. Сите тие зборуваа за нивната блиска врска со Селена и за нејзиниот успех.
Сопругот на Селена и поранешен колега од бендот, Крис Перез, со кого таа беше во брак од 1992 до 1995 година, откри некои други страни на пејачката – импулсивна, романтична и тврдоглава, која постојано беше во судир со студената моќна жена, која ја имаше власта над публиката, музичките директори и новинари, пренесува „Холивуд репортер“.

Премиерата на филмот е закажана на 30 јануари, а ќе биде достапен на онлајн-платформата на „Санденс“ од 30 јануари до 2 февруари 2025 година.
Многумина ја сметаа за икона за убавина, а освен што заработуваше од музика и манекенство, Селена дизајнира и облека и отвораше бутици со сопствена линија на облека.
Јоланда Салдивар била една од нејзините пријателки, која Селена ја вработила како менаџер на бутик и оттука почнале проблемите.
Вработените ги предупредиле Селена и татко ѝ Абрахам дека Јоланда е проблематична.
Селена слепо ѝ верувала и ја унапредила. Таа стана претседателка на фан-клубот „Селена“. Во 1995 година обожавателите му се јавија на таткото на Селена и се пожалија дека не добиле ништо иако платиле членство. Абрахам истражувал и дознал дека Јоланда краде.
Дури тогаш Селена им поверувала на вработените и се соочила со Јоланда во мотелот. Тие се расправаа за финансиите, а Јоланда извади пиштол од чантата и ја застрела Селена во грбот додека излегуваше од собата. Селена успеала да стигне до рецепцијата и рекла дека Јоланда пукала во неа, а иако итната помош во градот Корпус Кристи во Тексас бргу пристигнала на местото на злосторството, пејачката не ја преживеала операцијата во болница и починала еден и пол час по застрелувањето.
На Јоланда ѝ се судеше за убиство, иако таа и нејзиниот адвокат тврдеа дека сето тоа било несреќен случај и дека сакала да се самоубие, а не да убие. Таа моментно ја издржува казната во затвор во Тексас, а оваа година имала право на условно ослободување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Убедливо најголеми баксузи во хороскопот: Овој знак е вистински магнет за лоша среќа
Некои луѓе како да се родени под облаците. Каде и да одат, нешто тргнува наопаку. И додека други пливаат низ животот со леснотија, имаат среќа и сè оди по нивно, овој хороскопски знак како постојано да го влече своето сидро – и тоа право во калта.
Астролозите не го штедат: го нарекуваат вечен губитник, магнет за несреќа, емоционален маченик. Иако има добри намери, честопати е погрешно разбран, изоставен или едноставно – заборавен.
Кој е всушност најголемиот баксуз во зодијакот?
Риби. Да, токму тие.
Чувствителни, интуитивни, сонувачки – но и непоправливо наивни. Рибите често веруваат во луѓето повеќе отколку што треба, им даваат шанса дури и кога боли и остануваат дури и кога сите други си заминуваат.
Нивната емпатија е дар, но и проклетство. Во љубовта, тие често ги избираат погрешните, во бизнисот ги заобиколуваат, а во секојдневниот живот се придружени од чувството дека секогаш се еден чекор позади.
Зошто Риби?
Затоа што се воден знак, длабоко емотивни, но и склони кон идеализација.
Нивната интуиција често ги води, но не секогаш на вистинското место. Рибите не знаат како да кажат „не“ кога е потребно, а „да“ кога е мудро.
Во комбинација со транзитите на Сатурн и илузиите на Нептун, Рибите стануваат жив пример за тоа како добрата душа може да се изгуби во свет полн со бучава.
Дали има надеж за вечниот губитник?
Секако.
Рибите, кога ќе научат да поставуваат граници, а не да ги спасат сите што се дават и да не бараат потврда однадвор – тие стануваат најмудриот знак на Зодијакот. Нивната сила е во ранливоста, но само ако не им ја дадат на сите.
Несреќата ги следи сè додека не научат да кажат: „Доста е“. И кога ќе го сторат ова – тие веќе не се несреќници, туку преживеани.
Забава
(Фото/Видео) Георгина Родригез има двојничка: Стана сензација преку ноќ, луѓето во чудо
Викторија, самохрана мајка на три деца, стекна голема популарност на социјалните мрежи, особено на TikTok, каде што редовно споделува содржини од својот приватен живот.
Причината е нејзиниот физички изглед, кој луѓето често го споредуваат со Георгина Родригез, свршеницата на фудбалерот Кристијано Роналдо.
@victoria.77c 𝐂𝐡𝐢𝐜@𝐬 𝐢𝐧𝐜𝐫𝐞𝐢𝐛𝐥𝐞 𝐯𝐞𝐬𝐭𝐢𝐝𝐚𝐳𝐨 𝐝𝐞 𝐥𝐚 𝐭𝐢𝐞𝐧𝐝𝐚 @MC COLLECTION BLANES ♬ Ámame – SON D ALIKANTE
Темната коса, бујните облини и полните усни се најголемите адути на оваа жена, а се чини дека и идната сопруга на Роналдо ги има истите карактеристики.
Сепак, Викторија еднаш призна дека, покрај бројните комплименти, добива и критики од светот на социјалните мрежи. Често се соочува со обвинувања дека користи филтри или вештачка интелигенција за да изгледа како двојничката на Георгина.
@victoria.77c AL ESTILO 𝐕𝐈𝐂𝐓𝐎𝐑𝐈𝐀💎 #paravoce #parati ♬ suara asli – IchyMo💋 – 🐬 DOLPHIN 🐬
„Дури и морав да објавам видео без шминка за да докажам дека сум вистинска личност“, изјави таа за „What’s The Jam“.
Иако Викторија неодоливо наликува на познатата убавица, таа признава дека нејзиниот живот не е толку гламурозен и луксузен како нејзиниот.
@victoria.77c #paratiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiii ♬ sonido original – BAD GYAL FAN ACC
„Постара сум и посиромашна, но исто толку среќна“, вели Викторија, која живее во приморскиот град Камбрилс со два сина и една ќерка, на возраст од 16, 9 и 8 години.
@victoria.77c 🖤#paratiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiii #paravoce #viral ♬ sonido original – amparobautista13
Таа работи како административен асистент и техничар за безбедност и здравје при работа.
Забава
Позната манекенка ја открива вистината за пластичните операции: „Тоа беше најлошото нешто во мојот живот“
Моделот Амелија Греј Хамлин, позната и како непо бебе, со оглед на тоа што нејзините родители се познатата Лиза Рина и актерот Хари Хамлин, конечно проговори за сите козметички процедури на кои се подложила.
Нејзините усни привлекоа најголемо внимание, но според Амелија, таа никогаш не ги допрела.
„Отсекогаш сум ги имала овие усни. Моментално правам нешто што се нарекува SkinVive, што е инјекција за хидратација, а не филер“, изјави таа за Variety.
Таа, исто така, имала операција на носот и градите, а отворено зборуваше и за нарушувањето во исхраната што го имала во минатото.
„Имав 16 години и имав маститис. Тоа беше најлошото нешто што ми се случило. Тогаш ги намалив градите, а потоа имав зголемување на градите затоа што излегував со маж кој беше постар од мене и дозволив неговата перцепција за убавина да прејде на мене“, рече таа.
Тоа беше нејзина втора операција на градите, но овој пат имаше компликации. Нејзиното тело не го прифати туѓото тело и беше потребна уште една итна операција, која траеше дури 14 часа.
Амелија сега живее поинаков начин на живот, но често се сеќава на сите проблеми што ги имала, вклучително и нарушување во исхраната.
„Тогаш ми кажаа дека за околу четири месеци ќе тежам 20 килограми и ќе бидам мртва. После тоа, се разбудив и сфатив дека не сакам да си го уништам животот на тој начин. Не мора да бидеш слаб за да живееш најдобар можен живот“, рече Амелија.

