Забава
„Невозможна мисија 7 и 8“ одложени до 2023 и 2024 година

Седмиот и осмиот филм во франшизата „Невозможна мисија“со Том Круз во главната улога се одложени до 2023 и 2024 година поради пандемијата со Ковид-19“, соопштија продуцентите „Парамаунт пикчрс“ и „Скајденс“.
Mission: Impossible 7 требаше да дебитира во киносалите во септември оваа година, проследено со Mission: Impossible 8 во јули следната година.
Новите датуми за филмовите се 14 јули 2023 година за седмиот и 28 јуни 2024 година за осмиот филм од серијалот.
„По внимателно размислување, Paramount Pictures и Skydance одлучија да ги одложат датумите на објавување на Mission: Impossible 7 и 8 како одговор на доцнењата поради тековната пандемија“, се наведува во соопштението на компаниите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Боб Меки: Ким Кардашијан направи голема грешка носејќи го фустанот на Мерлин

Ако некој има моќ да ја натера Ким Кардашијан да зажали за идејата да го облече оригиналниот ‘Happy Birthday, Mr. President’ фустан на Мерлин Монро на овогодишната „Мет гала“, тоа е Боб Меки, легендарниот дизајнер кој ја создаде скицата за фустанот на Монро, а подоцна ја изведе Жан-Луис.
Повеќе модни експерти гласно проговорија против Кардашијан во врска со нејзиниот избор на облека за свеченоста, потенцирајќи ја екстремната кревкост на фустанот и неговата света улога во американската култура, но Меки можеби ја изрече смртната казна.
„Мислам дека тоа беше голема грешка“, изјави Меки во ново интервју за „Ентертејнмент викли“.
„Мерлин беше божица. Луда божица, но божица. Таа беше фантастична, чудесна. И фустанот беше направен за неа. Тој беше дизајниран за неа. Никој друг не треба да се појави во тој фустан“.
Забава
„Нетфликс“ укинува 150 работни места во САД откако изгуби претплатници

„Нетфликс отпушти околу 150 вработени, само еден месец откако стриминг-гигантот соопшти дека бележи пад на бројот на претплатници за првпат по една деценија.
Отказите, објавени од компанијата во вторникот, главно ќе влијаат на нејзината канцеларија во Калифорнија. Тие сочинуваат околу 2% од нејзината работна сила во Северна Америка.
„Нетфликс“ објасни дека губењето на работните места се должи на падот на приходите на компанијата.
Стриминг-сервисот се бори со егзодус на гледачи оваа година.
„Овие промени првенствено се водени од деловните потреби, а не од индивидуалните перформанси, што ги прави особено тешки бидејќи никој од нас не сака да се збогува со толку одлични колеги“, се наведува во соопштението на компанијата.
Не е откриено кои делови од бизнисот ќе претрпат загуба на работни места, но „Лос Анџелес тајмс“ објави дека регрутирање, комуникации како и одделот за содржина се засегнати.
Забава
Новиот „Спајдермен“ не доаѓа во „Дизни плус“

Стриминг-платформата „Дизни плус“ можеби е дом на повеќето хитови од филмскиот универзумот на „Марвел“, но нема да го смести омилениот суперхерој, човекот пајак.
Правата на најновиот во серијалот, „Човек пајак: Далеку од дома“ ( Spider-Man: No Way Home) , заедно со претходните два, „Враќање дома“ (Homecoming) и „Далеку од дома“ (Far From Home), се во сопственост на „Сони“, поради што суперхеројот Спајдермен не доаѓа во стриминг-сервисот на „Дизни“.
Наместо тоа, „Далеку од дома“ ќе се емитува на AXN Asia во регионот на Азија Пацифик, заедно со други кино-изданија на „Сони пикчрс ентертејнмент“ како Venom: Let there Be Carnage, Uncharted, Morbius и Ghostbusters: Afterlife.