Забава
Недовршените мемоари на Принц ќе бидат објавени оваа година
„Прекрасните“ (The Beautiful Ones), незавршените мемоари на поп-ѕвездата Принц, треба да бидат објавени во октомври оваа година.
Педесет рачно напишани страници ќе ја сочинуваат основата на книгата, која е замислена како мемоар за неговиот живот. Во неа ќе бидат вклучени и ретки фотографии и рачно напишани текстови.
Принц ретко даваше интервјуа и градеше сопствена митологија преку музиката, пишува Би-би-си, но годината пред неговата смрт тој замина на соло турнеја со наслов „Принц: пијано и микрофон“, што беше инспирација за неговите мемоари, кои тој ги најави на приватен настап на Менхетн во 2016 година.
„Почнуваме на самиот почеток, од моето прво сеќавање“, ѝ рече тој на публиката. „Сè уште читате книги, нели?“
Издавачката куќа ја опиша книгата како „личен приказ за тоа како Принц Роџерс Нелсон стана оној Принц што го знаеме. Приказна за детето што го апсорбира светот околу него и создаде личност, уметничка визија и живот, пред хитовите и славата што ќе го дефинираат подоцна“.
Мемоарот, кој е именуван по една од песните на албумот Purple Rain, ќе вклучува и вовед од писателот на „Њујоркер“, Дан Пипенбринг, кого Принц го избра за свој соработник опишувајќи го како добар критичар.
Уредникот на книгата додаде дека е воодушевен што конечно ќе бидат објавени личните гледишта на Принц за сопствениот живот преку неговиот живописен, духовит и поетски глас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Жената-мачка го покажа вереничкиот прстен: не оди никаде без дијамантот од 200.000 долари
Познатата актерка, Хали Бери (59), „прошета“ за прв пат со својот веренички прстен, за кој се вели дека чинел околу 200.000 долари. Нејзиниот партнер Ван Хант ѝ предложи брак, а ова ќе биде четврти брак на Хејл.
По добрата вест, познатата актерка се појави на премиерата на новиот филм „Злосторство 101“. Како и обично, таа беше совршено стилизирана, а овој пат не избра провокативни фустани. За споменатиот настан, таа позираше во црн тесен комплет во комбинација со свилена блуза.
Нејзиниот колега Крис Хемсворт ѝ правеше друштво пред фотографите, но тој остана во сенка на дијамантскиот прстен.
Како што пишува Дејли Меил, станува збор за дизајн на АртДеко, дијамант опкружен со црни камења, а нивниот експерт за накит истакна дека цената на таков модел е од 120 до 200 илјади долари.
Врската на Хали Бери и Ван Хант започна за време на пандемијата на коронавирусот, и како што претходно истакна актерката, тој ѝ предложил брак уште порано, но таа дури сега се согласила.
Забава
(Фото) Принцот од Брунеј и убавицата со хрватско потекло ја покажаа својата ќерка
Принцот Абдул Матин од Брунеј и неговата сопруга, Аниша Калебиќ, од хрватско потекло, добија ќерка на 8 февруари, според телевизијата RTB.
Среќната двојка сега ја објави првата фотографија од својата ќерка, а го откри и името што ѝ го дале на девојката.
„Захра Маријам Болкија. Аниша и јас сме неизмерно благодарни на сите за нивната поддршка и грижа и ви благодариме на сите за вашите убави желби“, напишаа тие во описот.
Тие покажаа и како изгледа бебето, но таа нема да биде во редот на наследници поради правилата на Брунеј дека само мажи можат да го наследат тронот.
Името Захра е од арапско потекло и значи „цвет“ или „блеска“, а Маријам има и семејна симболика, со оглед на тоа што и мајките на Абдул и на Аниша се викаат исто.
Забава
(Видео) Ретко носи проѕирни фустани, а сега ги воодушеви сите: Го покажа своето витко тело
Ен Хатавеј неодамна присуствуваше на ревијата на Ралф Лорен во рамките на Неделата на модата во Њујорк. За таа пригода, таа одлучи да облече креација која комбинира чист сексапил и темен гламур.
Станува збор за специфично парче облека кое ја следи линијата на телото, а е украсено со висока јака и целосно отворен грб. Покрај тоа, има слоеви од чипка кои ја продолжуваат должината на целиот фустан и дискретно откриваат црна долна облека.
Но тоа не е сè…
Таа додаде и на стајлингот, да речеме, интересна наметка која ги обвиваше нејзините раце и му даде на целиот аутфит доза на елеганција.
Оваа фатална креација ја надополни со шминка во нежни тонови, а косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура која паѓаше по рамената.
Во еден момент за време на фотосесијата, стави очила и изгледаше како вистинска дива каква што сите ја посакуваат!

