Контакт

Забава

Недовршените мемоари на Принц ќе бидат објавени оваа година

Објавено пред

„Прекрасните“ (The Beautiful Ones), незавршените мемоари на поп-ѕвездата Принц, треба да бидат објавени во октомври оваа година.

Педесет рачно напишани страници ќе ја сочинуваат основата на книгата, која е замислена како мемоар за неговиот живот. Во неа ќе бидат вклучени и ретки фотографии и рачно напишани текстови.

Принц ретко даваше интервјуа и градеше сопствена митологија преку музиката, пишува Би-би-си, но годината пред неговата смрт тој замина на соло турнеја со наслов „Принц: пијано и микрофон“, што беше инспирација за неговите мемоари, кои тој ги најави на приватен настап на Менхетн во 2016 година.

„Почнуваме на самиот почеток, од моето прво сеќавање“, ѝ рече тој на публиката. „Сè уште читате книги, нели?“

Издавачката куќа ја опиша книгата како „личен приказ за тоа како Принц Роџерс Нелсон стана оној Принц што го знаеме. Приказна за детето што го апсорбира светот околу него и создаде личност, уметничка визија и живот, пред хитовите и славата што ќе го дефинираат подоцна“.

Мемоарот, кој е именуван по една од песните на албумот Purple Rain, ќе вклучува и вовед од писателот на „Њујоркер“, Дан Пипенбринг, кого Принц го избра за свој соработник опишувајќи го како добар критичар.

Уредникот на книгата додаде дека е воодушевен што конечно ќе бидат објавени личните гледишта на Принц за сопствениот живот преку неговиот живописен, духовит и поетски глас.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Хартиена чинија со листа на песни напишана од Курт Кобејн продадена за 22.400 долари

Објавено пред

Чинија од хартија на која фронтменот на „Нирвана“, Курт Кобејн, напишал листа со песни, е продадена за 22.400 долари на аукција во Њујорк.

Аукциската куќа „Џулиенс“ првично процени дека чинијата ќе биде продадена за околу две илјади долари.

Кобејн со црн фломастер, пред концерт во 1990 година во Вашингтон, ја напишал листата со песни на чинија од хартија.

На истата аукција, џемперот кој Кобејн го носел на неговото последно фотографирање пред да изврши самоубиство во 1994 година е продаден за 75.000 долари.

Прикажи повеќе...

Забава

Скарлет Јохансон се сврши со актерот и сценарист Џост

Објавено пред

Aмериканската актерка Скарлет Јохансон се сврши со својот избраник Колин Џост. За актерката ова е трет брак. Јохансон претходно беше мажена за францускиот новинар Ромен Дорја со кого има двегодишна ќерка, а претходно беше во брак и со актерот Рајан Рејнолдс.

Скарлет Јохансон (33) и нејзиниот свршеник првпат бea видени во јавност во мај минатата година неколку месеци пред Јохансон да се разведе од Дорја.

Американските медиуми пишуваат дека двојката е во врска веќе две години, а заедно се појавија и на премиерата на филмот Avengers: Endgame, во кој Јохансон ја има една од главните улоги.

Прикажи повеќе...

Hitech

Успеа ли „Гугл“ да ја убие најголемата амбиција на „Хуавеј“?

Објавено пред

Кога администрацијата на Трамп го стави „Хуавеј“ на својата црна листа, „Гугл“ го ограничи пристапот на компанијата до оперативниот систем „Андроид“.

Таквиот потег може да претставува голем удар за „Хуавеј“, кој имаше цел да стане водечки производител на паметни телефони до 2020 година, пишува Си-ен-ен.

„Ги почитуваме одредбите и ги преиспитуваме можните последици“, рече портпаролот на „Гугл“ во понеделникот.

Минатата недела Трамп потпиша одредба која на американските компании им забранува продажба на компоненти за „Хуавеј“, без посебна дозвола од владата на САД бидејќи производителот спаѓа на листата на компании што би можеле да ја загрозат националната безбедност.

Компанијата „Хуавеј“, втора по продажба на паметни телефони, се потпира на пакетот услуги од „Гугл“ вклучувајќи ги и неговиот оперативен систем „Андроид“ и апликацијата „Гугл плеј стор“.

„Гугл“, според извештаите, има намера за кинсексата компанија да го укине пристапот до поголемиот дел од овие системи.

Од сега па натаму „Хуавеј“ ќе може да користи само софтвер со отворен код, односно ограничена и основна верзија на „Андроид“ и нема да може да пристапи до апликации и услуги на „Гугл“. Сепак, како што изјавија од „Гугл“, ова нема да влијае на тековните корисници, односно оние што веќе поседуваат паметни телефони од „Хуавеј“.

„’Гугл плеј’ и неговата безбедносна заштита ќе продолжат да функционираат на постојните уреди од компанијата Хуавеј“, изјави портпаролот на „Гугл“.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт6 часа

Ѓоковиќ за 6 месеци заработи 5,2 милиони долари!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со пласманот во финалето на Мастерсот во Рим дополнително ја зголеми заработката за изминатите 6 месеци....

Македонија7 часа

Протест против изградбата на Али-пашината џамија: Во Охрид се случува атак врз достоинството и чувствата на охриѓани

Жителите на Охрид предводени од граѓанското здружение „Совест“ излегоа на мирен протест пред општината каде го изразија својот револт од,...

Македонија8 часа

„Анима мунди“: Здружение формирано пред 2 месеца ќе биде во раководните структури во ЈП „Лајка“

Иако градоначалниокот на Скопје, Петре Шилегов, ветуваше дека во новото јавно претпријатие „Лајка“ за третман на бездомните животни ќе бидат...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ бара расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ  поднело иницијатива до собраниската комисија за финансирање и буџет за надзорна расправа за склучените договори за консултантски, адвокатски и...

Македонија9 часа

Отворена постапка за неовластено снимање на разговорот на Павле Богоевски

Скопската полиција  достави известување до Oсновното јавно обвинителство Скопје кон кое е приложен записник за примена кривична пријава со кој...

Македонија9 часа

Директорката на Детската клиника поднесе оставка

Директорката на ЈЗУ „Универзитетска клиника за детски болести“, Катарина Ставриќ, од лични причини поднела оставка од функцијата за време на...

Топ10 часа

Едно лице загина во сообраќајната несреќа на патот Кичево – Охрид

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Кичево – Охрид. Како...

Македонија12 часа

(Видео) Заев и Хан на Виенскиот економски форум: Политичката стабилност отвора можности за нови инвестиции во земјата

Премиерот Зоран Заев, денеска, во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори –...

Македонија13 часа

(Видео) Во јуни ќе се одржи првата Парада на гордоста во Скопје

Првата Парада на гордоста за правата на ЛГБТ-заедницата во земјата ќе се одржи на 29 јуни, информираа од организационот одбор...

Македонија14 часа

Горан Трајковски даде оставка од директорската функција

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, во петокот доставил барање до Собранието за престанок на функцијата...

Европа15 часа

Шведски обвинител бара апсење на Асанж

Шведски обвинител, кој води истрага во врска со обвинението за наводно силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска поднесе...

Регион15 часа

(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник

Во многу градови во Србија, вчера, во попладневните часови, почна да паѓа силен дожд, а потоа и град со големина...

Hitech15 часа

Гугл и ја укина лиценцата на компанијата Хјуавеи

Американскиот Гугл и ја суспендираше лиценцата на компанијата Хјуавеи (Huawei), што значи дека кинескиот производител на мобилни телефони ќе остане...

Свет16 часа

Трамп се закани дека ќе го уништи Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде остро предупредување до Иран со закана дека ќе биде уништен доколку бидат нападнати американските...

Европа1 ден

Предвремени избори во Австрија на почетокот од септември

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени...

Македонија1 ден

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за...

Економија1 ден

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во...

Топ2 дена

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај...

Македонија2 дена

(Видео) Заев во Србија на отворањето на Коридор 10: Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи

Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26...

Естрада2 дена

Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, нејзината изведба ни го носи највисокиот пласман досега

Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на...

Досие