Забава
Некогаш и сега: како изгледаат денес актерите од бразилската серија „Клон“
Бразилската серија „Клон“, односно „Забранета љубов“ почна да се емитува во 2001 година и бргу ги освои срцата на гледачите во светот.
Серијата се снимаше во Бразил и Мароко и беше првата теленовела што се занимаваше со темата за односот меѓу две вери, како и темата за клонирање. Во центарот на приказната е љубовта меѓу Жаде и Лукас, а главните улоги ги толкуваа Џована Антонели и Муриљо Бенисио.
View this post on Instagram
Џована и Муриљо се заљубиле на снимањето и бргу станале еден од најпопуларните парови во светот на славните. Во 2005 година го добија синот Пјетр, но разделбата следуваше неколку месеци подоцна кога решија да стават крај на својата љубовна приказна, а како што тогаш пишуваа медиумите, не се разделија во пријателски односи и си упатија многубројни обвинувања еден против друг.
View this post on Instagram
По раскинувањето со колегата, актерката излегуваше со бизнисменот Алесандре Асиоли, но и таа љубов не траеше. Таа подоцна се впушти во уште неколку кратки врски, па се сврши со бизнисменот Роберто Локаси во Италија во 2004 година, но четири месеци подоцна раскинаа.
Во октомври 2010 година ги доби близначките Антонија и Софија со режисерот Леонардо Ногуеира.
Популарната Жаде сѐ уште се занимава со глума, но и со режија.
View this post on Instagram
Минатата година беше премиерно прикажана серијата Quanto Mais Vida, Melhor!, во која глуми и таа.
Џована е активна на социјалните мрежи, а обожавателите редовно ѝ пишуваат дека со годините изгледа подобро.
Таа и Муриљо неодамна учествуваа во заеднички проект, кој израдува многу нивни обожаватели.
Ниту Муриљо немал помалку бурен љубовен живот.
View this post on Instagram
Првиот брак му беше со актерката Алесандра Негрини, со која го доби синот Антонио. Сепак, тие се разведоа по една година.
По раскинувањето со Антонелиева, тој ги криеше своите врски, а единствена за која отворено зборуваше е онаа со колешката Дебора Фалабела. Двајцата заедно глумеа во серијата „Авенида Бразил“, каде што се разгоре љубовта.
Ниту оваа врска не траеше, а Бенисио е во врска со сценаристката Мануела Дијас од 2020 година.
За време на снимањето на серијата „Клон“ жените од целиот свет полудеа по него, а Муриљо денес изгледа многу поинаку. Обожавателите често во коментарите му велат дека тој сѐ уште им е неостварена желба на многумина.
View this post on Instagram
Карла Дијаз го портретира слаткото девојче Кадија Рашид, ќерката што Жаде ја имаше со Саид. Карла тогаш имаше само 11 години, а дебитира на сцената во 1994 година во серијата Éramos Seis.
View this post on Instagram
Денес, освен што е успешна телевизиска, филмска и театарска актерка, таа е и пејачка. Карла во 2021 година учествуваше и на бразилскиот „Голем брат“.
View this post on Instagram
Саид Рашид, со кого Жаде беше во брак, е портретиран од Далтон Виг.
Далтон ги освои срцата на многу жени, а со текот на годините многу се промени.
View this post on Instagram
Глумеше во многубројни серии и филмови, како и во театар, а од 2012 година е во брак со актерката Камила Черкс, со која ги има близнаците Артур и Дејвид.
View this post on Instagram
Вера Фишер е една од најпопуларните бразилски актерки, а во оваа серија го толкуваше ликот на Ивет.
Таткото на Вера бил нацист за што таа отворено зборувала и истакнала дека поради тоа никогаш немала добри односи со него. Успехот го постигна во 1969 година кога стана мис Бразил, а актерската кариера ја почна во порнографскиот филм „Супержена“ во 1973 година.
View this post on Instagram
Подоцна следуваа улоги во многубројни продукции, а Вера на пошироката публика ѝ е најпозната по улогите во сериите „Клон“, „Семејни заплети“ и „Индија – љубовна приказна“.
View this post on Instagram
Денес, Вера има 72 години и активно се занимава со актерство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) ДНК снима спот за „Чаршија“ во Чаршијата: гости се Мишел Трајковски и Бока Конга
Вчера на социјалните мрежи ДНК ја промовираа својата најнова песна со наслов „Чаршија“, песна на која гостуваат: познатиот хармоникаш Мишел Трајковски и Бока Конга.
Станува збор за уште една песна која во стилот потсетува на претходните „Ако утре ме нема” и „Животе брате”.
Во ова најново музичко остварување на ДНК свој допринес даде еден од нашите најдобри хармоникаши, Мишел Трајковски и „мајсторот“ за конги, популарниот Бока Конга.
„Мислам дека со Лазе уште еднаш успеавме да создадеме нешто што ќе и се допадне на публиката. Очигледно е дека го сакаат овој звук и навистина ни е драго што е така“, накусо изјавија момците од ДНК.
Инаку и за оваа песна се сними видеоспот во турската чаршија во Скопје, во кој покрај Панчо и Андреј се појавува и познатата водителка Вера Мештеровиќ, моделот Драгана Спасовска, диџеите Irie Scratch, Nasty и други…
Како режисер на спотот се потпишува Огнен Шапковски, додека директор на фотографија беше Кристијан Теодоров.
Забава
Семејството на Метју Пери зборуваше првпат по неговата смрт
Една година по неговата смрт, семејството на Метју Пери зборуваше јавно. Очувот на Пери, новинарот Кит Морисон, и сестрата Кејтлин дадоа интервју за канадскиот „Хелоу“ и ги открија плановите за Фондацијата „Метју Пери“ во Канада.
Според официјалната веб-страница на организацијата, Фондацијата е создадена за да обезбеди „сеопфатна поддршка на поединците што живеат со нарушувања од зависноста по третманот“.
„Работата што ја работам сега е многу себична затоа што се чувствувам како да седам до Метју и да работам со него секој ден на нешто што му беше важно“, рече Кејтлин (43), која работи како извршен директор на Фондацијата.
„Благословена сум што преку оваа фондација секогаш можам да го имам блиску до мене“, додаде таа.
„Би сакал да биде запаметен по тоа што им помага на луѓето што се борат со зависноста“, додал очувот на актерот. Неговата смрт, велат, била неверојатен шок за нив.
„Кога Метју ненадејно умре, тоа беше неверојатно шокантно… Секој што изгубил дете, ќе ви каже дека, дури и ако сте некако подготвени за оваа можност, тоа е поразително“, изјави Морисон.
„Она што решивме да го изввлечеме од целата трагедија беше да направиме нешто корисно“, додаде тој.
Пери почина на 54-годишна возраст во октомври минатата година од акутните ефекти на кетаминот и други фактори што го натераа да ја изгуби свеста и да се удави во џакузито, според обдукцијата во декември. Актерот јавно ја призна децениска употреба на супстанции, вклучително и во годините кога го играше Чендлер Бинг во хит телевизискиот серијал од 90-тите, „Пријатели“.
За потсетување, еден од двајцата лекари од Калифорнија, кои се меѓу петтемината обвинети за неговата смрт од предозирање, во средата се изјасни за виновен за нелегална дистрибуција на кетамин. Марк Чавез се изјасни за виновен пред Окружниот суд на САД во Лос Анџелес. При изрекувањето на пресудата, тој може да добие и до 10 години затвор.
Другиот лекар обвинет во случајот, Салвадор Пласенсија, се изјасни за невин, како и кообвинетата Јасвен Санга, позната како кралица на кетаминот. Личниот асистент на Пери, Кенет Ивамаса, кој призна дека му ја вшприцал дрогата на Пери, и наводниот посредник, кој рекол дека набавил кетамин од Санга, веќе се изјаснија за виновни за обвиненијата со кои се соочуваат.
Забава
(Видео) Помладиот колега на Никол Кидман за еротската сцена: Се срамев, снимавме без проба
Актерот Харис Дикинсон (28) признал дека му било непријатно да сними непланирана интимна сцена со актерката Никол Кидман (57) во филмот Babygirl. Во таа сцена морал, без претходна проба, да танцува гол на песната на Џорџ Мајкл, а истакнал дека му е срам, пишува „Дејли мејл“.
„Режисерката Халина Рејн ја пушти песната и рече: ‘Само танцувај’. И танцував, претходно испив малку виски, но тоа беше непријатно“, рече актерот нагласувајќи дека Никол Кидман му била голема поддршка и ја опиша како исклучително срдечна личност.
„Таа создава атмосфера на снимањето и прави сите да се чувствуваат удобно, ранливо и смешно бидејќи е исклучително храбра“, додаде Дикинсон.
И Никол Кидман неодамна проговори за своето искуство со снимањето на овој филм. Таа призна дека сцените со Харисон Дикинсон и Антонио Бандерас, кој го игра нејзиниот сопруг, понекогаш биле премногу напорни. Рекла дека се чувствува фрустрирано и повремено мислела оти повеќе не сака да снима такви сцени.