Забава
Неодолива тантела – убави идеи за невести кои сакаат романтика

Иако трендовите во светот на венчаниците се менуваат, женствените етерични елементи секогаш имаат посебно место во колекциите на дизајнерите и предлозите на светските стилисти.
Целата силуета во знакот на тантела е едно од најпопуларните стилски решенија, но некои невести сепак сакаат само етерични детали, на пример на рамената или на корсетот.
Идеалната формула е повеќеслојна, а горниот дел е чиста тантела, што го прави фустанот луксузен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Марк Волберг треба да се здебели 13 килограми за нова улога

Марк Волберг планира да се здебели најмалку 13 килограми во текот на следните шест недели.
49-годишниот актер откри дека се подготвува да натрупа килограми за новиот филм „Отец Сту“, во кој тој игра боксер кој станува свештеник.
Волберг, кој претходно го играше легендарниот боксер Мики Вард Ирецот во филмот The Fighter, објасни: „Откако ќе ги снимиме сцените со боксот, ќе треба поприлично да се здебелам во текот на филмот, барем 13 килограми.
„Тие сакаат да го сторам тоа што е можно поздраво, а јас веќе долго сум на таков режим, сакам да јадам сè што е на повидок.“
Марк, кој е познат по тоа што е фитнес фанатик, призна дека едвај чека да се препушти на јадење во наредните недели.
Забава
Кетрин Зета-Џонс открива што прави за да остане витка: Јадам само вистинска храна

Кетрин Зета-Џонс е внимателна со нејзината исхрана за да изгледа добро како пред 30 години кога ја започна својата кариера.
51-годишната актерка, која ги има Дилан (20) и Керис (17) со нејзиниот сопруг Мајкл Даглас, вели дека не се занесува со слатки и дека „јаде само вистинска храна“ затоа што мора за да ја задржи фигурата.
„Мојот сон е да ждерам колачи и слатки кога ќе бидам навистина стара“, вели sвездата на „Зоро“ во интервју за „Волстрит журнал“.
„Кога навистина ќе остарам, ќе почнам да земам многу витамини затоа што сакам да можам да јадам десерт до крајот на мојот живот.“
„Јас всушност јадам вистинска храна само затоа сега морам да го правам тоа“, се пошегува таа.
Нокаут дама: Сирена во црвено бикини за ТВ-серијата Darling Buds од 1990-тите.
Забава
Џо Џонас и Софи Тарнер ги покажаа рацете: Вакцини…вакцини, сите

Музичарот Џо Џонас и неговата сопруга актерката Софи Тарнер со гордост им открија на следачите на Инстаграм дека се вакцинирале против Ковид-19.
Со фотографија на која двајцата ги покажуваат свежо вакцинираните раце со лепенки преку убодот, тие ги охрабрија своите фанови да се имунизираат што поскоро.
Софи (25) изгледа сериозна додека гледа кон камерата со подигната рака, а нејзиниот сопруг (31) се фали со своите мускули.
На двојката сега сигурно ќе ѝ олесни откако поминаа повеќе од 12 месеци во самоизолација избегнувајќи го вирусот заедно со нивната ќеркичка Вила, која се роди во јули минатата година.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш