Забава
„Нетфликс“ вклучува мобилни игри за претплатниците
Стриминг-гигантот „Нетфликс“ потврди дека ќе вклучи видеоигри како дел од претплатничките пакетите без дополнителни трошоци.
Во писмото до инвеститорите се наведува дека е во рана фаза на проширување со видеоигри, а игрите за мобилните телефони најпрвин ќе се додадат на платформата.
„Време е да научиме повеќе за тоа како нашите членови ги вреднуваат игрите“, соопшти компанијата во вторникот.
Но, вредноста на акциите на „Нетфликс“ падна неодамна откога стримерот ја промаши целта на претплати. Компанијата со седиште во Калифорнија претходно соопшти дека очекува да запише 3,5 милиони нови претплатници следните месеци до крајот на септември, што е помалку од 5,8 милиони колку што проценија аналитичарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Јаките хемикалии се минато: ова природно средство ги отстранува сите дамки од теписите
Постудените месеци се совршено време за дружење, но со повеќе вечери и гости во вашиот дом, веројатноста за појава на дамки од теписи се зголемува.
Без разлика дали се од мрсен прибор за јадење, црвено вино или валкани чевли, дамките од теписи можат да бидат фрустрирачки, но постои ефикасен начин да ги отстраните.
Овој метод не бара употреба на груби хемикалии ниту одзема многу време. Сè што ви треба е сода бикарбона и вода, со додавање на оцет за тврдокорни дамки.
Ако дамката е понова или помалку интензивна, едноставна паста од сода бикарбона и вода ќе биде доволна.
Се препорачува да измешате сода бикарбона со малку вода за да направите густа паста. Потоа, нанесете ја пастата директно на дамката и оставете ја целосно да се исуши. Откако пастата ќе се стврдне, темелно усисајте ја површината и дамката треба да исчезне.
Оваа смеса делува и на дамки на тапациран мебел, но секогаш е препорачливо прво да ја тестирате на помалку видливо место за да бидете сигурни дека нема да има промена на бојата.
Ако дамката е посилна, препорачливо е да додадете оцет во смесата. Со овој едноставен трик, можете да ги одржувате вашите теписи чисти и свежи преку целата година, без потреба од скапи средства за чистење.
фото: принтскрин
Забава
Таа е толку заљубена што ги крши сите свои правила: „Тој е извонреден, посебен и љубезен“
Една од омилените холивудски актерки, Џенифер Анистон, конечно ја пронајде среќата во љубовта. Иако од самиот почеток не ја криеше својата врска со љубовниот гуру Џим Кертис, актерката не сакаше да открива премногу детали за нивната љубов.
Откако официјално ја потврдија својата врска со објави на Инстаграм, Џенифер даде уште неколку детали за својата романтична љубовна приказна во интервју за „ELLE“, што е вистинска реткост бидејќи речиси никогаш не споделува ништо од својот приватен живот, па сега со Кертис ги „крши своите правила“.
„Тој е извонреден и им помага на многу луѓе, хипнозата е само една од работите што ги прави. Тој е многу посебен, нормален и љубезен, сака да им помогне на луѓето да се излекуваат, да ги надминат своите трауми и стагнација и да дојдат до објаснување. Тоа е одлична работа кога ќе го посветиш својот живот на тоа“, рече Џенифер.
Џенифер Анистон ужива во љубовта по долго време и тоа е единственото нешто што искрено ги прави сите нејзини обожаватели среќни. Се чини дека таа пронајде сè што бараше со Кертис, а извори блиски до неа претходно изјавија дека е многу среќна со него.
фото: принтскрин
Забава
Меган Маркл се враќа на глумата по осум години: „Малку сум зарѓана“
По осумгодишна пауза, Меган Маркл се враќа на глумата за новиот филм „Close Personal Friends“. За време на снимањето, таа се шегуваше велејќи дека е „малку зарѓана“ по долгата пауза, според Page Six.
Иако се пошегува, извор на снимањето откри за списанието People дека е очигледно дека добро се подготвила. „Беше очигледно дека вежбала и дека за неа е голема работа да се врати. И беше одлична“, рече изворот. Тој додаде дека Маркл пристигнала на снимањето на филмот на Amazon MGM и „се претставила како Меган“.
„Сè на неа беше многу слатко и мирно“, сподели изворот. „Искрено, изгледаше возбудена што е на снимањето“. Според него, поранешната ѕвезда на „Suits“ била „исклучително дружељубива“ и имала „многу топла енергија“.
Детали за новиот проект
Војвотката од Сасекс снимала сцени во Пасадена, Калифорнија, минатата недела и била во одлично расположение. Маркл, која се игра себеси во филмот, изгледаше елегантно во сино-бела кошула со копчиња и бели панталони. Во филмот, кој го следи парот кој се спријателува со познат пар, глумат и Џек Квејд, Лили Колинс и Бри Ларсон.
Крај на актерската пензија
Враќањето на Маркл во глумата доаѓа осум години откако се пензионираше од Холивуд по свршувачката со принцот Хари во 2017 година.
Нејзината последна улога беше како Рејчел Зејн во хит серијата „Suits“, која ја играше седум сезони од 2011 до 2018 година. Таа имаше и улоги во „Remember Me“ (2010) и „Horrible Bosses“ (2011).
фото: принтскрин

