Забава
„Нетфликс“ ги одби барањата да ја обележи „Круна“ како фикција
Американската стриминг-платформата „Нетфликс“ го отфрли повикот на британскиот министер за култура во врска со драмската серија „Круна“, објавија неколку британски медиуми во неделата.
Министерот Оивер Дауден побарал од стримерот на почетокот на секоја епизода на серијата да биде вметнато известување со кое јасно би се ставило на знање дека станува збор за фикција, односно измислено дело.
Секретарот за култура е меѓу неколкуте истакнати личности во Велика Британија кои тврдат дека серијата, во која актерите играат членови на кралското семејство, ризикува да им даде на гледачите погрешен и штетен впечаток за монархијата.

Според медиумските извештаи, Дауден и „Нетфликс“ размениле преписки за ова прашање.
„Нетфликс“ не одговори веднаш на имејлот од „Ројтерс“ со барање за коментар, а портпаролката на Министерството за култура во Лондон одби да даде коментар.
Сепак, некои медиуми го цитираат стриминг-гигантот, кој наводно е уверен дека гледачите знаат оти серијата е лабаво заснована на вистински настани.
„Ние секогаш ја претставувавме ‘Круната’ како драма и имаме целосна доверба дека нашите претплатници разбираат дека тоа е дело на фикција што во голема мера е заснована на историски настани“, одговорил стримерот цитиран од британските медиуми.

„Како резултат на тоа, ние не планираме – и не гледаме потреба – да додадеме какво било одрекување од одговорност“,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Бруклин Бекам побарал комуникација со родителите само преку адвокати
Бруклин Бекам во последно време е во фокусот на светските медиуми откако одлучил да го прекине контактот со своите родители, Дејвид Бекам и Викторија Бекам, со цел да го заштити своето ментално здравје.
Според Мирор, Бруклин испратил правно писмо во кое побарал родителите во иднина да комуницираат со него исклучиво преку адвокати и да престанат со директен контакт. Негов пријател изјавил дека објавите на родителите на социјалните мрежи, во кои тој бил означуван или спомнуван, го вознемирувале емотивно, бидејќи сакал евентуалното помирување да се одвива приватно.
Ситуацијата, според изворите, дополнително се влошила откако Викторија лајкнала негова фотографија, а Дејвид за Божиќ објавил негова детска фотографија, по што Бруклин ги блокирал на социјалните мрежи. Тој смета дека родителите сè уште го гледаат како дете, а не како возрасна личност.
Бруклин е погоден и од тврдењата дека неговата сопруга Никола Пелц го контролира и стои зад неговото дистанцирање од семејството, што негови блиски го оценуваат како сексистички и навредливо.
Од друга страна, извори блиски до Дејвид и Викторија Бекам велат дека тие се шокирани и тажни поради правниот потег, нагласувајќи дека секој нивен чекор бил мотивиран од желба за помирување и дека длабоко го сакаат својот син.
Фото: ЕПА
Забава
(Видео) За изработката на фустанот биле потребни 323 часа: Селена Гомез блесна на Златните глобуси
Актерката и пејачка Селена Гомез привлече големо внимание на доделувањето на Златните глобуси, појавувајќи се во гламурозна креација за чија изработка биле потребни 323 часа.
Гомез беше номинирана за најдобра главна женска улога во телевизиска серија од жанрот мјузикл или комедија, за улогата на Мејбел Мор во серијата „Само убиства во зградата“ („Only Murders in the Building“).
На црвениот тепих се појави во друштво на сопругот, музичарот Бени Бланко, носејќи уникатна црна тоалета од модната куќа Шанел.
View this post on Instagram
Фустанот бил украсен со повеќе од 200 рачно изработени цветови од перје, органза и свилен шифон, а во неговата изработка ателјето на Шанел вложило вкупно 323 часа работа, пренесе „Вог“.
Изгледот го надополни со чевли и накит од истиот бренд – црни чевли со шпиц и отворена пета, како и обетки и прстени од колекцијата на Шанел.
Забава
Некогаш беа омилен холивудски пар, а потоа речиси преку ноќ станаа омразени: јавноста ја згрози и начинот на кој ги воспитуваат своите деца
Мила Кунис и Ештон Кучер се вратија на црвениот тепих по четири години, период во кој нивниот јавен имиџ драстично се промени.
Познатиот пар, кој со години не се појавувал заедно на вакви настани, изненади со доаѓањето на 83. доделување на Златните глобуси. Иако долго време не уживаат наклонетост од јавноста, актерите и сопружници се погрижија нивното појавување да не помине незабележано.
Мила носеше фустан без прерамки со цветен дезен, корсет и раскошен долен дел, додека Ештон беше облечен целосно во црно. Насмеани и прегрнати, покажаа дека нивната љубов е силна и покрај сите предизвици низ кои поминале заедно. Последен пат заедно на црвен тепих се појавија на доделувањето на Оскарите во 2022 година.
Некогаш омилениот холивудски пар, Мила и Ештон речиси преку ноќ станаа мета на критики откако во 2023 година нивниот поранешен колега од серијата „Лудите седумдесетти“, Дени Мастерсон, беше осуден на затвор поради силување на две жени. Потоа во јавноста протекоа нивните писма за поддршка до судот, во кои апелирале за поблага казна, што предизвика многумина да заклучат дека Кунис и Кучер ги оправдуваат неговите постапки.
„Во писмото зборувавме за Дени, таков каков што го познававме 25 години, за судот да добие целосна слика. Свесни сме за болката што ја предизвикавме“, се правдаше подоцна актерскиот пар, нагласувајќи дека отсекогаш биле и ќе бидат на страната на жртвите на силување.
Токму кога оваа приказна почна да паѓа во заборав, Ештон повторно се најде во центарот на нов скандал – поради пријателството со Шон Диди Комбс, кој во септември 2024 година беше уапсен и обвинет пред федерален суд во Њујорк за повеќе тешки кривични дела поврзани со проституција, за кои подоцна беше осуден на нешто повеќе од четири години затвор. Името на Кучер тогаш се најде во медиумски и јавни дебати поради неговото долгогодишно познанство со Диди и присуството на некои од неговите забави.
Според извори, Ештон изразил непријатност и жалење поради тоа пријателство во светло на обвиненијата и стравувал дека неговото име може да биде вовлечено во случајот ако раперот се обиде да се опкружи со познати личности за своја одбрана. Неговите претставници повеќепати порачаа дека тој немал никакви сознанија за криминалните активности на Диди.
Дополнителни критики кон Мила и Ештон постојат и поради нивната одлука на своите деца – ќерката Вајат (11) и синот Димитри (9) – да не им остават ништо во наследство, иако во текот на успешните кариери стекнале големо богатство.
„Ние не создаваме богатство за нив. Парите по нашата смрт ќе ги донираме во хуманитарни цели или за други корисни работи. Ако нашите деца сакаат да започнат бизнис и ни покажат добар деловен план, ќе инвестираме, но нема да добијат пари само така“, изјавил еднаш Кучер. Тие сакаат нивните деца сами да заработуваат за живот, иако додека не пораснат уживаат во бројни привилегии, како што е користење приватен авион.
Парот е познат и по воспитните методи кои многу родители ги сметаат за необични.
„Не бев тип на родител што постојано ги капе новороденчињата“, изјави Мила Кунис во подкастот Armchair Expert во 2021 година, а Кучер додаде: „Ако видите нечистотија на нив – избањајте ги. Во спротивно, нема смисла“.
Мила призна дека додека растела немала топла вода и ретко се туширала, па истата навика ја задржала и кога добила деца, кои не ги капела секој ден. Ештон изјавил дека секојдневно ги мие само пазувите и интимните делови, а остатокот од телото – не.
Мила и Ештон глумеа пар во серијата „Лудите седумдесетти“, но во реалноста станаа двојка многу години подоцна. Љубовта се роди по долгогодишно пријателство, врската ја започнаа во 2012 година, а се венчаа во 2015 година.

