Контакт

Забава

Никој никогаш не смее да биде убиен на филмски сет, твитна сестрата на починат актер

Објавено пред

Семејството на Брендон Ли, актерот кој почина во 1993 година среде снимање филм, сподели емотивна порака на Твитер по вчерашниот трагичен инцидент кој ја потресе филмската индустрија.

Роднините на Брендон Ли се огласија на Твитер во четвртокот во врска со трагедијата што се случи во текот на снимањето на вестерн во Ново Мексико, 28 години откако Брендон беше убиен во слични околности додека го снимаше The Crow („Враната“).

Во четвртокот Алек Болдвин пукал од реквизит пиштол или филмски пиштол кој во принцип треба да е наполнет со ќор-фишеци, при што загина директорката на фотографија Халина Хачинс, а режисерот Џоел Соуза заврши во болница со прострелни рани. Инцидентот се случи во текот на снимањето на вестернот Rust (‘Рѓа).

Извори од полицијата открија дека пукањето на ранчот се случило на средина на сцена, но не се знае дали сцената се вежбала или се снимала.

„Нашите срца се со семејството на Халина Хачинс и Џоел Соуза и сите инволвирани во инцидентот на Rust“, гласи твитот од профилот кој го води сестрата на Брендон, Шерон Ли.

„Никој никогаш не смее да биде убиен со пиштол на филмски сет. Точка.“

Брендон Ли, син на иконата на боречки вештини Брус Ли, почина на 28-годишна возраст, на 31 март 1993 година, додека го снимаше филмот „Враната“ во Северна Каролина. Тој беше погоден од куршум со калибар 0,44, откако друг актер пукаше во него со филмско оружје за кое се мислеше дека е наполнето со ќор-фишеци, кои произведуваат само светлина и звук, но немаат смртоносно полнење.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Ријана рекламира пижами од својот бренд

Објавено пред

Ријана се огласи на Инстаграм во саботата за да ги сподели новите производи на Savage X Fenty („Севиџ икс Фенти“).

33-годишната пејачка позира во пар карирани шорцови пижами од сопствената линија за долна облека.

Покрај оваа линија, Ријана неодамна се потруди да покаже што можат нејзините други Фенти-брендирани бизниси да понудат пред божиќните празници.

Во моментов пејачката поседува ексклузивна козметика Sephora („Сефора“) со потписот „Фенти бјути“ и линија за нега на кожата, која беше објавена минатата година и соодветно именувана како „Фенти скин“.

Откако ја почна својата деловна кариера со заштитниот знак Fenty во 2013 година, Ријана оттогаш има регистрирано преку 25 други трговски марки, вклучувајќи го Rihanna и имињата на нејзините компании. Пет години подоцна, Ријана го лансираше „Севиџ икс Фенти“ преку партнерство со луксузната модна групација LVMH.

Прикажи повеќе...

Забава

Адел постигна редок двоен рекорд на британските топ-листи

Објавено пред

„30“ на Адел се искачи на врвот на британската топ-листа, престигнувајќи ја „АББА“ и стана најбрзо продаваниот албум на годината досега.

Со 261.000 продадени примероци во првата недела значи дека го помина Voyage – повратниот албум на шведскиот поп-бенд – кој започна со 204.000 продадени примероци.

Сепак, бројките за продажба се значително пониски од оние на нејзиниот претходен албум „25“, објавен во 2015 година. Тој албум, нејзин трет, отвори со 800,000 продажби во првата недела, што значи дека „30“ продаде 32% од својот претходник.

Падот може делумно да се објасни со огромниот раст на стримингот во последните шест години. Дополнително на тоа, имаше поголем поттик за фановите да купат „25“, бидејќи беше исклучен од стриминг-платформите во првите шест месеци од објавувањето.

Адел го победи албумот „=“ (Equals) на Ед Ширан и го освои првото место оваа недела.

Ова значи дека таа сега има обезбедено двојна место на листата, а Easy On Me – водечкиот сингл на албумот, останува број еден шеста последователна недела.

Прикажи повеќе...

Забава

Џенифер Лопез чувствува дека ѝ е судено да биде со Бен Афлек

Објавено пред

Тие го прославија Денот на благодарноста заедно, откако ги изненадија фановите со обновената романса претходно оваа година.

А Џенифер Лопез чувствува дека на неа и на Бен Афлек им е судено да бидат заедно, пишува „Пипл“, цитирајќи извор близок до двојката. „Тие се супер. Џенифер сака да биде со Бен,“ вели изворот.

Џенифер (52) и Бен (49) официјално ја потврдија нивната романса минатиот јули, откако претходно беа забележани заедно во многу прилики.

Иако работните обврски ги одвоија во последните недели, двете мега ѕвезди сепак се посветени еден на друг. Пред да се врати во Лос Анџелес минатата недела, Лопез беше во Канада на снимање на претстојниот трилер „Мајка“.

„Џенифер долета назад во Л.А. од Ванкувер за да го прослави Денот на благодарноста со своите деца и Бен. Последните неколку недели беа интензивни за неа“, рече инсајдерот.

Нивната втора романса дојде многу брзо откако Џенифер ја заврши свршувачката со Алекс Родригез, со кого беше во врска четири години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа2 часа

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет3 часа

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија1 ден

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет1 ден

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија1 ден

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија1 ден

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет1 ден

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија2 дена

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија2 дена

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија2 дена

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија2 дена

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија2 дена

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Македонија2 дена

Османи: Со Бугарија сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше...

Свет2 дена

Можеме да ги приспособиме вакцините кон новата варијанта за околу 100 дена, велат од „Фајзер“

Производителите на вакцини изразија уверување дека ќе можат брзо да ги приспособат своите вакцини доколку се прошири варијантата Омикрон. Новиот...

Свет2 дена

Автобус се заби во куќа во Мексико, најмалку 19 загинати

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, кога автобус се...

Македонија2 дена

Двајца од повредените во несреќата се отпуштени од болницата „Пирогов“

Двајца повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од болницата во „Пирогов“. Отпуштените се во добра и стабилна состојба,...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Кој дал наредба автобусите на „Беса-транс“ да поминуваат граница над 100 пати без дозвола?

„Оставки и Спасовски и Бочварски, Беса транс возеле без дозволи, минувале граници и контроли, системот работел за мафијата. Скоро 140...

Македонија2 дена

Прифатена оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

На 12 декември, недела, ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката...

Регион3 дена

(Видео) Пукање во автобус со калашников во Косово, убиени возачот и двајца ученици

Во автобус вечерва е пукано од калашников кај селото Глоѓане кај Дечани, во Косово, а според последните информации загинале четири...

Досие