Забава
Новак Ѓоковиќ со семејството ќе се пресели во Шпанија
Славниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ја пронајде идеалната локација за своето семејство, објавија српски медиуми. Тој со сопругата и децата наводно ќе го напушти Монте Карло, каде што живееја со години.
Во моменти кога бележи спортски рекорди во САД, најдобриот тенисер е концентриран на планот со сопругата Јелена да го сменат живеалиштето по низа години поминати во Монако.
Со синот Стефан и ќерката Тара тие ќе се преселат во Марбеља, Шпанија, пишува „Мондо“. Истиот извор додава дека двајцата се вљубиле во овој град на југот на Шпанија на прв поглед.
Наследниците на Ноле наскоро ќе почнат да одат во училиште во Марбеља, а ова познато туристичко место е по мерка на семејството Џоковиќ и најверојатно ќе стане нивен дом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Весна Петрушевска соопшти дека се бори со рак на дојка (ВИДЕО)
„Мојата дијагноза е од средината на април оваа година. Се работи за рак на дојка, имав две операции“, раскажува Весна Петрушевска во видео споделено на Инстаграм.
„Кога ќе ви кажат дека ви дијагностицирале, прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано. Јас се обидов тоа да не го кажувам, иако дијагнозата ми е од средината на април. Тоа не можеше да се забележи, бидејќи ја имав појавувања“, додаде Петрушевска.
„Имам рак, па што – живејте си го животот, еден е“, стои во описот на објавата.
View this post on Instagram
Забава
Луѓето се шокираа од изгледот на Адријана Лима: „Претерала со ботоксот“
Бразилската манекенка Адријана Лима последните години беше цел на хејтерите, кои го критикуваа нејзиниот изглед, а во последно време таа ретко се појавува на јавни настани.
43-годишната Адријана сега се појави на премиерата на филмот The Thicket и повторно изненади со изгледот на нејзиното лице со видно искосени очи и кренати веѓи.
Фановите претходно ја обвинуваа дека претерала со ботокс и филери, а таа на хејтерите им одговори со објавување фотографија без шминка.
„Лицето на уморна мајка на тинејџерка, две предтинејџерки, активно момче, едногодишно дете, кое учи да оди, и три кучиња… Ви благодариме за грижата“, напиша таа тогаш.
Адријана пред шест години се повлече од светот на манекенството и се посвети на семејството. Со поранешниот сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ, таа има две ќерки – Валентина (14) и Сиена (11), а со сегашниот сопруг, филмскиот продуцент Андре Лемер, го има двегодишниот син Сијан.
Забава
Една од најубавите жени на светот го привлече вниманието на шоуто на црвениот тепих во Венеција
Романската актерка и модел Мадалина Генеа, која е позната како една од најубавите жени на светот, прошета на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција и ја воодушеви публиката со својот изглед.
37-годишната Мадалина се појави на премиерата на филмот Joker: Folie a Deux во тесен фустан со светки, со долга, пуштена коса и насмеано им позира на фотографите.
Покрај тоа, актерката се појави и на премиерата на филмот Queer, а беше облечена во беж фустан со качулка и со изрез што ги истакна нејзините долги нозе.
Убавата Романка беше во врска со Џерард Батлер и Леонардо ди Каприо, а на крајот се омажи за романскиот милијардер Матеи Стратан, со кој има 7-годишна ќерка.