Забава
Новата девојка на Бред Пит многумина ја споредуваат со Амал Клуни
Бред Пит и Џорџ Клуни дојдоа на 81. Филмски фестивал во Венеција со своите партнерки. Бред со себе ја донесе својата 26-годишна девојка Инес де Рамон, а Џорџ дојде со сопругата Амал.
Откако четворицата се прошетаа на црвениот тепих пред премиерата на филмот Wolfs, во кој глумат Пит и Клуни, многумина на социјалните мрежи почнаа да пишуваат дека Инес и Амал неверојатно си личат.
„И Бред е со Амал“, „Зарем само мене ми изгледаат исто?“, „Бред ја најде истата девојка како Џорџ“, „Тие се како близначки“, се дел од коментарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Истражување: Секоја цигара им го скратува животот на мажите за 17 минути, а на жените за 22
Луѓето што пушат се предупредуваат да се откажат од својата навика во новата година бидејќи најновото истражување покажало дека мажите губат 17 минути од животот со секоја испушена цигара, а на жените животот им се скратува за 22 минути.
Ова е повеќе од претходните процени, кои сугерираат дека секоја цигара го скратува животот на пушачот за 11 минути. Процените на експертите, кои укажуваат дека секоја цигара во просек води до 20 минути загуба на животот кај двата пола, се засновани на најновите податоци од долгорочните студии што го следат здравјето на населението.
Истражувачите од „Јуниверзити колеџ“ во Лондон рекоа дека штетата предизвикана од пушењето е кумулативна и колку побргу човекот се откаже и колку повеќе цигари избегнува толку подолго живее.
Новата анализа, нарачана од британското Министерство за здравство и благосостојба, сугерира дека ако пушач, кој пуши 10 цигари дневно, се откаже од 1 јануари, тој би можел да спречи губење цел ден од животот до 8 јануари.
До 20 февруари животот би можел да им биде продолжен за цела недела, а доколку се откажат од пушењето до 5 август, веројатно ќе живеат цел месец подолго отколку кога би ја продолжиле лошата навика.
Авторите додадоа: „Истражувањето сугерира дека пушачите обично губат приближно ист број здрави години, како и вкупен број години живот. Така, 60-годишниот пушач обично ќе има здравствен профил на 70-годишен непушач“.
Анализата, која ќе биде објавена во списанието Journal of Addiction заклучува: „Проценуваме дека во просек пушачите во Британија, кои не престануваат да пушат, губат приближно 20 минути животен век за секоја цигара што ја пушат“.
Експертите велат дека откажувањето од пушење на која било возраст е корисно, но колку побргу пушачите се симнат од овој ескалатор на смртта, толку подолг и поздрав живот може да очекуваат“.
Забава
Бредли Купер отвори ресторан во Њујорк, во понуда само едно јадење
Американскиот актер Бредли Купер реши да ги прошири своите хоризонти и да се испроба во гастрономијата, а неодамна во Њујорк отвори ресторан наречен „Danny & Coop“.
Имено, Купер се здружил со Дени ДиЏиампиетра, сопственик на познатата пицерија во Филаделфија Angelo’s и заедно решиле на посетителите да им понудат само едно јадење – легендарниот Philly Cheesesteak.
Philly Cheesesteak е иконски американски сендвич со потекло од Филаделфија. Создаден е во 1930-тите на уличен киоск, кога браќата Пет и Хари Оливиери, кои вообичаено продаваа хот-дог, решија да експериментираат со тенко исечено говедско месо.
@exploringwithjaylynn Bradley Cooper is not only a good actor but a good cook apparently! Today I’m trying his Philly cheesesteak as he has a pop up over the weekend in the East village! I got there an hour and 15 minutes before they opened and there was already someone waiting for four hours! Thankfully there wasn’t a big line when I got there but it was freezing. I couldn’t even use my phone because my fingers felt like they were going to fall off. Thankfully after an hour, Bradley came out and said let’s eat! It was so busy and the space was tiny but it was worth the wait!! I loved the meat and cheese but wish there was some more cheese! The bread was food but nothing to die for but the sweet peppers with it made it so much better! Overall 8.5/10 +++ Hi! If you’re new here, I am Jaylynn, I post content mainly on food and activities! I am based in the NYC and NJ area. I love traveling, eating out, and just exploring! Let me know anything you’d like to see and thank you for liking and supporting me #nycspots #nyceats #contentcreator #food reviews #njeats #newyorkfoodblogger #eats #njdatenight #njfoodspots #nycfoodspots #njlocalspots #foodstagram #viralfood #eats #njfoodspots #njlife #njisntboring #njrestaurants #njcontentcreator #njthingstodo #njisfun #njactivities #njfoodie #njspots #njdatenight #njrestaurants #datenight #njfoodie #angeloscheesesteak #bradleycooper #cheesesteak #phillycheesesteak ♬ original sound – exploringwithjaylynn
Овој сендвич стана толку популарен што набрзо го освои поширокиот пазар и стана вистински туристички симбол.
Отворањето на ресторанот предизвика големо внимание, а голем број посетители го споделија своето искуство на социјалните мрежи. Една од нив рече дека пред отворањето стоела во ред повеќе од еден час, а кога влегла, просторот на ресторанот бил мал и преполн, речиси како ноќен клуб.
Сепак, нарачките стигнале брзо, а Бредли Купер лично ги подготвил сендвичите и ги поздравил гостите.
Забава
Георгина Родригез блесна во црн фустан од тантела на доделувањето на наградите во Дубаи
Георгина Родригез се појави во придружба на нејзиниот партнер Кристијано Роналдо на доделувањето на Глоуб Сокер наградите во Дубаи. Таа со својот впечатлив фустан го привлече вниманието на луѓето.
Родригез избра црна боја. Таа беше облечена во долг, црн фустан од тантела со сатенски детали.
Тенкиот фит фустан имаше долги ракави, а таа го искомбинира со црни потпетици. Покрај тоа, таа носеше огрлица и обетки со жолти дијаманти и црна Биркин чанта од крокодилска кожа.