Контакт

Забава

Нова чизкејк-торта прелиена со тоблероне-чоколадо

Објавено пред

Чизкејк-тортата е, без сомнение, еден од најдобрите десерти во светот, а тоблеронето е тивок копнеж на многумина од нас.

Чоколадата тоблероне се претвори во толку многу замрзнати десерти: по сладоледите „тоблероне“, сега на пазарот е достапна и замрзната торта „чизкејк-тоблероне“.

Слатка вест и ново задоволство за љубителите на ова швајцарско чоколадо



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Меган Maркл ќе објави детска книга заснована на сопругот Хари и синот Арчи

Објавено пред

Меган, британската војвотка од Сасекс, следниот месец ќе објави детска книга под наслов The Bench (Клупа) за односот помеѓу татко и син, базирана на нејзиниот сопруг принцот Хари и детето на двојката Арчи, објави во вторникот издавачот.

Книгата е најнов потфат на Меган и Хари, внукот на кралицата Елизабета, откако тие се повлекоа од кралските должности и се преселија во Лос Анџелес минатата година со Арчи, кој го слави својот втор роденден подоцна оваа недела.

Илустрирана од уметникот Кристијан Робинсон, „Клупата“ ќе биде објавена на 8 јуни, а Меган ќе раскажува верзија за аудио книга, соопшти издавачот Random House Children’s Books.

The Bench започна како песна што ја напишав за мојот сопруг на Денот на таткото, еден месец по раѓањето на Арчи. Таа песна се претвори во оваа приказна,“ изјави војвотката.

„Се надевам дека оваа книга ќе одекне во секое семејство, исто како и во моето.“

Прикажи повеќе...

Забава

Бритни Спирс: Документарците за мојот живот се лицемерни

Објавено пред

Поп-пејачката Бритни Спирс во вторникот се осврна на неодамнешните документарни филмови за нејзиниот живот и кариера, нарекувајќи ги лицемерни затоа што ги повторуваат нејзините лични проблеми додека ги критикуваат медиумите кои првпат известувале за нив.

„Еф-икс“ мрежата на Волт Дизни и „Њујорк тајмс“ во февруари го објавија Framing Britney Spears. Документарецот го истражува метеорскиот успон кон слава на Бритни како тинејџерка, медиумскиот надзор кој уследи потоа, како и нашироко објавуваниот и коментиран нервен слом.

И овој месец, британската радиодифузна корпорација (Би-би-си) го објави новиот документарец „Битката за Бритни“ со оригинален наслов The Battle for Britney: Fans, Cash and Conservatorship. Во Велика Британија е веќе прикажан, а во САД и Канада ќе дебитира на 11 мај преку стриминг-услугата BBC Select.

Во објава на Инстаграм, Спирс директно не посочи кој документарец го коментира, но напиша „толку многу документарни филмови за мене оваа година со туѓи погледи на мојот живот“.

„Овие документарни филмови се толку лицемерни … ги критикуваат медиумите и потоа го прават истото“, додаде таа.

Во март, Спирс рече дека плачела две недели откако го гледала Framing Britney Spears.

Прикажи повеќе...

Забава

Оливија Џејд се релаксира во Мексико во цветни бикини

Објавено пред

Голема тежина падна од нејзините раменици откако и двајцата нејзини родители ги завршија затворските казни.

И затоа не е изненадување што Оливија Џејд изгледа безгрижно за време на викендот додека го впива сонцето во Кабо Сан Лукас, Мексико.

21-годишната ѕвезда на Јутјуб ја покажа својата витка фигура во цветни бикини, додека ужива во луксузниот резорт на брегот на полуостровот Баја Калифорнија.

Инфлуенсерката која има 1,3 милиони следачи на Инстаграм, има неколку аксесоари за да го дополни својот изглед за одмор – златни белезици и сламен каубојски шешир.

Оливија реши да се релаксира на плажа во време кога мајка ѝ Лори Логлин размислува да се пресели од Калифорнија и да го спаси бракот со Масимо Џанули откако и двајцата издржаа затворски казни поради корупција.

Актерката Лори Логлин беше два месеца во затвор поради нелегален обид да ги запише своите ќерки на колеџ. Познатата брачна двојка ја загубија судската битка во случајот со обвинението дека му платиле на Рик Сингер половина милион долари за да ги фалсификува спортските резултати на нивните ќерки со цел како успешни веслачки да се запишат на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Полициски час од 23 часот, угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот

Од денеска полицискиот час ќе почнува од 23 часот, а угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот, одлучи...

Регион13 часа

Борисов: Жртвата на Гоце Делчев да биде пример за Бугарија и Република Северна Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешното одбележување на 118-годишнината од смртта на Гоце Делчев рече дека тој е еден од...

Свет13 часа

Колкy заработи „Фајзер“ оваа година од вакцините против коронавирусот

Минатата година во трката за развој на вакцина против Ковид-19 компанијата „Фајзер“ донесе голема одлука. За разлика од конкурентите, кои...

Свет14 часа

(Видео) Масакр во Бразил: тинејџер со мачета влегол во градинка и убил три деца и учителка

Осумнаесетгодишно момче со мачета влегло во градинка и убило три деца и учителка во Саудадес во бразилската држава Санта Катарина....

Македонија15 часа

Од Австрија пристигна првата количина вакцини од „Фајзер“

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со Каролине Едштадлер, сојузна министерка за ЕУ и Устав на Австрија. „Денеска, од...

Македонија16 часа

Регистрирани 67 новозаболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 1.169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопе...

Европа18 часа

Шефот на СЗО за Европа: Гледаме светлина на крајот од тунелот

Шефот на канцеларијата на СЗО во Европа, Ханс Клуге, изјави во Сараево дека е претпазлив оптимист и верува дека светот...

Македонија19 часа

Поднесено обвинение против Оливер Дерковски за набавката на софтверот за изборите

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, и...

Економија21 час

Дизелот поскапува

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цената на бензините останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Свет22 часа

Светски научници: Нема да се постигне имунитет на стадо, вирусот брзо мутира

Меѓу научниците постои растечко верување дека имунитетот на стадото кога станува збор за коронавирус нема да се постигне во блиска...

Македонија23 часа

ИЈЗ: Намален бројот на новозаболени и починати од коронавирус

Во периодот од 26 април до 2 мај е регистриран намален број на новозаболени и починати од коронавирус во Македонија...

Македонија23 часа

Во Македонија досега се вакцинирани повеќе од 76.000 луѓе

Во Македонија досега се вакцинирани 76.937 граѓани, а две дози примиле 15.334 луѓе, соопшти Институтот за јавно здравје. Вакцинацијата во...

Свет1 ден

(Видео)15 починати и 70 повредени откако се сруши надвозник на метро во Мексико Сити

Најмалку 15 лица загинаа, а 70 се повредени кога се сруши надвозник на метрото во Мексико Сити, соопштија локалните власти....

Свет1 ден

(Видео)Тепачка во џамија во Турција: Верниците ги прекршија корона-мерките, полицијата реагираше со солзавец

Во регионот Газиантеп во југоисточна Турција, во џамија настана тепачка во која учествуваа собраните верници и членови на Фондацијата „Фуркан“...

Македонија2 дена

(Видео) Се утврдуваат причините за пожарот над Галичник

Полициска екипа врши увид и ги утврдува причините за пожарот кој избувна вчера над Галичник. Директорот на Центарот за управување...

Македонија2 дена

Повторно гореше трска кај Калишта

Нов случај на запалена трска на брегот на Охридското езеро, во делото од Струга кон Калишта е забележан вчера. „На...

Топ2 дена

Жена со повреди на главата пронајдена мртва во куќа во Охрид

Жена е пронајдена мртва во викенд-куќа во Охрид. Нејзиното тело било пронајдено утрово, од маж со кој престојувале во куќата....

Топ2 дена

Дваесетгодишна девојка од Скопје со автомобил излетала од пат, повредени три лица

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во скопското село Црешево. Според информациите на МВР, вчера...

Македонија2 дена

Кризниот штаб предлага полицискиот час да почнува од 23 часот, угостителските објекти да работат до 22 и 30 часот

Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на Министерството за здравство за измена на времетраењето на забраната за движење, односно...

Македонија2 дена

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 1.085 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Досие