Забава
Нов филм за Ејми Вајнхаус одбележува 10 години од смртта на пејачката

Новиот документарец за Ејми Вајнхаус, во кој мајка ѝ ќе сподели детали од животот на покојната ќерка, ќе биде објавен во јули, со што ќе се одбележат 10 години од смртта на британската пејачка, која почина на 27-годишна возраст.
Документарниот филм Amy Winehouse: 10 Years On, нарачан од британските „Би-би-си 2“ и „Би-би-си мјузик“, ќе биде раскажен преку наративот на мајката на пејачката, која има мултиплекс склероза и сака да ги сподели своите спомени, соопшти телевизијата.
Истиот извор ја опишува мајката како „личност блиска до Ејми, од која допрва треба да слушнеме многу работи и чија верзија на настаните честопати се разликува од сториите што ни беа кажани претходно“.
Во филмот, мајката на Ејми, Џенис Вајнхаус, ќе ја раскаже својата страна од приказната.
„Мислам дека светот не ја познаваше вистинската Ејми, онаа што ја воспитав, и се радувам на можноста да понудам подлабок увид во вистинската Ејми и разбирање за нејзините корени“, рече Џенис Вајнхаус во средата.
Вајнхаус, добитничка на Греми-награда, почина од труење со алкохол во својата куќа во Лондон во јули 2011 година. Во поголемиот дел од својата кариера таа се бореше со зависност од алкохол и дрога.
Во документарецот ќе бидат прикажани досега необјавени фотографии и снимки од приватната архива на Ејми и нејзиното семејството, а исто така и од архивата на Би-би-си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Николас Кејџ и новата сопруга прошетаа на холивудскиот Булевар на славните

Тие го врзаа јазолот на 16 февруари оваа година – негов петти брак.
А Николас Кејџ докажа дека има уникатен вкус за локации за прошетка бидејќи ја однесе новата сопруга Рико Шибата во Холивуд за да може одблиску да ја видат неговата ѕвезда на Булеварот на славните.
57-годишниот актер се држи за рака со Рико (27) додека стојат до ѕвездата што ја доби во јули 1998 година.
Оскаровецот се ожени со Рико на интимна церемонија во хотелот „Вин“ во Лас Вегас на 16 февруари. Датумот бил избран во чест на роденденот на покојниот татко на младоженецот.
Забава
Џенифер Анистон ќе стане мајка на 52 години

Познатата американска актерка Џенифер Анистон (52), препознатлива по улогата на Рејчел Грин во популарната американска комедија „Пријатели“, ги воодушеви своите долгогодишни пријатели и колеги со веста дека ќе стане мајка.
Многуројни светски медиуми пишуваат дека Џенифер, по два развода, решила да посвои девојче што го запознала во сиропиталиште во Мексико, а самиот процес на посвојување трае веќе една година.
Инаку, Џенифер Анистон го финансира ова сиропиталиште веќе една година. Финализирањето на усвојувањето се очекува во јуни годинава.
„Судот знае дека актерката не сака од ова да направи голем настан во медиумите и сака тоа да биде нејзина лична и интимна одлука, но таа ја сподели убавата вест со своите колеги и пријатели“, заклучува извор пренесен од сите светски медиуми.
Веста им беше соопштена на колегите и пријателите од серијата „Пријатели“ на снимањето на продолжението на оваа популарна серија, која почна овој месец на радост на милиони обожаватели во светот.
Забава
(Видео) Енди Гарсија го прослави роденденот на гости кај Џими Кимел

Холивудскиот актер Енди Гарсија синоќа беше гостин во вечерното шоу на Џими Кимел, каде што се појави во студиото по специјалната најава на водителот.
„Тој реши својот 65. роденден да го прослави со нас вечерва!“, рече Џими најавувајќи го својот гостин, проследено со големи овации на публиката.
„Изгледаш фантастично за 65 години,“ рече Џими и му ја отпеа Happy birthday, dear Andy додека носеа торта со запалени свеќички.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш