Контакт

Забава

Обожавателите лути на плус сајз убавицата која ослабе 9 килограми

Објавено пред

Плус сајз моделот Ешли Грахам во текот на целата своја кариера беше тешка околу 90 килограми, но откако на неодамнешниот настан во Њујорк се појави во тесен жолт фустан и видливо послаба од порано, почнаа шпекулации дека Ешли одлучила да ја среди фигурата. Таа не сакаше да ги коментира овие шпекулации.

Славната плус сајз убавица изгледаше сензационално на неодамнешниот настан во Њујорк, облечена во тесен жолт фустан во комбинација со бежови чевли. Беше повеќе од очигледно дека Ешли ослабела, а нејзините обожаватели не беа задоволни откако таа се појави во шарен плетен фустан на модниот настан на „Вог“.

Ешли објави фотографии од својот изглед на настанот, а нејзините обожаватели ја обвинија дека „премногу ослабела“ и затоа повеќе не ги претставува како плус сајз модел.

Плус сајз убавицата, секако, не е многу среќна поради таквите коментари. Благодарение на поддршката на нејзините обожаватели низ светот, таа ја изгради својата кариера на модната сцена, а сега од неа зависи натамошниот развој на нејзината кариера. Можно е Ешли со губењето на облините да ги изгуби и деловните ангажмани, што не е добро за нејзиниот имиџ.

Забава

Дерматолозите предупредуваат: Немојте да заспивате на плажа

Објавено пред

Често се случува да задремеме несвесно на плажа, опиени од сончевите зраци и пријатната топлина. Иако звучи безопасно, спиењето директно на сонце не е добра идеја бидејќи може да има сериозни здравствени последици.

„Дремнувањето на сонце всушност може да предизвика оштетувања на кожата. Да се ​​наслоните на кремот за сончање, како единствена одбрана е погрешна тактика. Тоа нема да ве заштити, а особено ќе изгорите во области каде што сте го пропуштиле местото или сте нанесле многу тенок слој од кремата за сончање“, тврди Хариет Далвуд од британското здружение за дерматолози.

„Кремата за сончање може да се отстрани и со потење, и треба да се нанесува најмалку на секои два часа. Исто така, кремата со заштитен фактор треба да биде една од заштитниците од сонце, но не и единствена. Затоа, ги охрабруваме луѓето да користат заштитна облека. Најважно од се’, ако сте на плажа и се чувствувате уморни, засолнете се од сонцето под сенка“, објасни таа.

Предупредува дека многу луѓе сега уживаат да ставаат креми за сончање благодарение на современите формулации кои не се густи и не оставаат бел белег. Но, веројатно немаме навика да ги применуваме толку често колку што треба. Дури и да имаме, тешко дека ќе посветиме подеднакво внимание на секој дел од кожата.

Оштетувањата на кожата, естетски и здравствени, лесно се добиваат додека дремете во вашата градина, на плажа или во парк. Д-р Тиви Марутапу вели дека спиењето на сонце е „дерматолошки кошмар“.

„Вие ризикувате изгореници затоа што не сте свесни колку е силно сонцето и веројатно нема да ставате крема за сончање толку често колку што треба. Ако сепак сакате да спиете, најдете место под сенка, нанесете крем со заштитен фактор и покријте се со некоја заштитна облека.

„Добро е да поставите аларм на вашиот телефон за да не дремнувате премногу долго, и задолжително ставете многу крем со заштитен фактор“, советува Марутапу.

Освен кожата, постојат и други ризици.

Имено, д-р Клаудија Пастидес предупредува дека може да се појави и дехидрираност.

„Телото треба да ја регулира својата внатрешна температура за внатрешните органи да работат правилно. Тоа го прави на неколку различни начини, а еден од нив е потењето. Тоа може да предизвика дехидрираност, а дехидрираноста може да предизвика слабост, замор, главоболки и вртоглавица. Тешката дехидратација може да биде фатална, затоа проверете дали пиете доволно вода кога е топло надвор и избегнувајте да спиете под директна сончева светлина“, објаснува таа.

Други сериозни проблеми што треба да се земат предвид се топлотен удар и зголемена шанса за развој на рак на кожата. Краткиот сон на сонце може да доведе до изгореници кои тешко ќе ги залечите со денови. Затоа, следниот пат, изберете место во сенка или поставете аларм за 20 минути. Вашето тело ќе ви биде благодарно, пишува Гламур.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Среде ноќ затекнала слон во кујната кој си барал храна

Објавено пред

Рејчадаун Пуенграпс од Тајланд се разбудила во раните утрински часови во саботата, бидејќи слушнала врева. Кога излегла од собата, здогледала непоканет гостин во нејзината кујна.

Слон кој живее во националниот парк, а е познат како Банчуџи, го пробил ѕидот во потрага по храна.

Сопственичката ја пронашла просторијата во целосен хаос – слонот ги растурил фиоките, џвакал пластична кеса и ги фрлил садовите на подот.

„Пуенграпсон не знаела што да прави од неверување, но ја снимила оваа необична сцена на телефон“, пишува Гардијан.

Ова не е прв пат Банчуџи, кој живее во националниот парк Тајланд, да го посети блиското село, бидејќи, како што велат вработените, таму има локална продавница која ги привлекува слоновите поради миризбата на храна.

Според тајландските медиуми, Банчуџи предизвикал штета со упадот во кујната од околу 140 фунти.

Прикажи повеќе...

Забава

Европскиот суд: „Јутуб“ не е одговорен за кршење на авторските права

Објавено пред

Европскиот суд на правдата пресуди дека „Јутуб“ во сопственост на „Гугл“ и други платформи не е одговорен за кршење на авторските права за содржината што корисниците ја поставуваат на своите платформи под одредени услови.

Овој случај е најновиот развој во долготрајната битка помеѓу европската креативна индустрија и онлајн платформите, додека првите бараат надомест за неовластено користење на содржината која се пренесува онлајн.

„Јутјуб“ се најде на обвинителна клупа откако музичкиот продуцент Френк Петерсон гпокрена тужба во Германија, оти корисници на мрежата во текот на 2008 година прикачиле видеа на кои се прекршени авторските права.

Во друг случај, производствената компанија „Елсевиер“ во Германија го тужеше „Cyando“ – сервис што обезбедува услуги за складирање на податоци, откако нејзините корисници прикачиле неколку дела на „Елзевиер“ на платформата без нивно одобрување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Омбудсман: МВР да утврди одговорност кај службите за прекинот во издавањето лични документи

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи...

Европа46 минути

По најавите дека стадионот во Минхен ќе свети во боите на виножитото, Орбан не доаѓа на натпреварот

Oткако неколку германски политичари жестоко ја критикуваа одлуката на УЕФА за забрана за осветлување на стадионот во Минхен во боите...

Македонија1 час

Македонија на листата на безбедни земји за патување во Австрија

Три балкански држави се најдоа на австриската листа на безбедни земји за патување. Австриското Министерство за здравство ги објави имињата...

Македонија2 часа

Атина гневна зошто Заев на „Твитер“ напишал македонска фудбалска репрезентација

Грција го замрзнува ратификувањето на меморандуми за соработка со Северна Македонија поради објава на премиерот Зоран Заев на „Твитер“ за...

Свет4 часа

Најлошото допрва доаѓа, алармантно предупредување на научниците за клима

Недостиг на вода, глад, исчезнување на одредени видови животни и растенија, животот на Земјата, неизбежно ќе се трансформира со климатските...

Свет4 часа

Убијците на Кашоги поминале обука во САД, одобрена од Владата

Четворица Саудијци кои учествуваа во убиството на новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги во Истанбул во 2018 година, поминале обука...

Македонија16 часа

Владата одлучи дека компаниите за превоз можат да возат со полни автобуси

Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници, со максимален...

Македонија18 часа

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб...

Македонија19 часа

Бугарија не ја трга блокадата за Македонија, но го пофали прогресот на Албанија

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи...

Македонија20 часа

13 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на...

Македонија1 ден

И во кризната 2020 година општините потрошиле на тендери исто колку и во 2019 година, лидер е Град Скопје

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која...

Македонија1 ден

Филипче очекува до крајот на летото да постигнеме колективен имунитет

Министерот за здравство, Венко Филипче очекува до крајот на летото да биде постигнат колективен имунитет. Според планот за имунизација, како...

Свет1 ден

Кубанска вакцина против коронавирус покажа 92,28 проценти ефикасност

Кандидатот за вакцина „Абдала“ против коронавирус, изработена од Куба, која е и прва што се развива во Латинска Америка, покажа...

Свет1 ден

(Видео) Предградие во Чикаго погодено од торнадо

Торнадо погоди густо предградие на Чикаго, оштетувајќи повеќе од 100 куќи. Невремето собори десетици дрвја, а на некои места електричната...

Македонија1 ден

Палмер: Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, изјави заменик помошникот државен секретар за европски и...

Свет1 ден

СЗО: Половина од сиромашните земји немаат доволно вакцини

Повеќе од половина од посиромашните земји во светот кои примаат вакцини против коронавирус преку програмата за размена „Ковакс“ немаат доволно...

Спорт2 дена

Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес

Горан Пандев заминува од македонската репрезентација, како рекордер со 122 настапи и 38 гола, со остварено ветување за пласман на...

Спорт2 дена

ЕУРО 2020 заврши за Македонија, Холандија и Австрија во осминафиналето

Македонија со 0:3 пораз од Холандија го заврши историскиот настап на ЕУРО 2020, во меч кој носеше големи емоции за...

Спорт2 дена

Моменти за солзи – цела Амстердам арена со поздрав за Пандев

Горан Пандев имаше емотивно збогување со националниот дрес, откако селекторот Игор Ангеловски реши да го повлече од игра во 68....

Македонија2 дена

Нема најава за нови рестрикции по вториот случај на индиски вид во Македонија

Во текот на вчерашниот ден во Македонија беше детектиран и вториот случај на индискиот вид на коронавирусот, но засега нема...

Досие