Забава
Објавени номинациите за „Оскар“

Нетфликсовата холивудската драма „Менк“ од 1930 го предводеше разноликото поле на номинации за „Оскар“ во понеделникот (16 март), преполно со историски новитети од типот првпат, но без јасен фаворит за највисоката почест во филмската индустрија, коментира „Ројтерс“.
„Менк“, филм за снимањето на „Граѓанинот Кејн“, доби 10 номинации, вклучувајќи ја и таа за најдобар филм, за режисерот Дејвид Финчер и за актерите Гери Олдман и Аманда Сејфрид. Но, повеќето од неговите номинации беа во занаетчиски области, како дизајн на звук и шминка.
По шест потврдувања со глава заработија другите кандидати за најдобар филм – „Татко“, „Исус и црниот месија“, „Минари“, „Земја на номадите“, „Надежна млада жена“, „Звук на металот“ и „Судењето на седумтемина од Чикаго“.
Девет од 20-те номинации им припаднаа на небели актери, вклучувајќи ја првата за муслимански актер Риз Ахмед и за Јужнокорејката Ју Јанг Јун, во она што „Варајети“ го опиша како најразноликата актерска плоча на „Оскарите“ досега.
„Никогаш ниту во соништата не помислував дека корејска актерка ќе биде номинирана за ‘Оскар’ и не можам да верувам дека тоа сум јас!“, рече Јун, која глуми палава баба во „Минари“.
Чедвик Боузман посмртно е номиниран за „Оскар“ за најдобар актер за својата последна филмска улога во „Ма Рејни: Мајка на блузот“, а во оваа категорија се и Ентони Хопкинс за „Татко“, Риз Ахмед за „Звук на металот“, Гери Олдман за „Менк“ и Стивен Јеун за „Минари“.
Петте номинирани актерки се Андра Деј за „САД против Били Холидеј“, Вајола Дејвис за „Ма Рејни: Мајка на блузот“, Френсис Мекдорманд за „Земја на номади“, Ванеса Кирби за „Делови од жена“ и Кери Малиган за „Надежна млада жена“.
За најдобра режија се номинирани Клои Жао за „Земја на номади“, Емералд Фенел за „Надежна млада жена“, Дејвид Финчер за „Менк“, Ли Ајзак Чанг за „Минари“ и Томас Винтерберг за „Уште една тура“.
Рекордни 76 номинации им припаѓаат на жени, соопшти Академијата за филмски уметности и науки. Првпат во 93-годишната историја на „Оскарите“ две жени – Клои Жао и Емералд Фенел – ќе се натпреваруваат во трката за најдобра режија, која одамна е машко упориште.
Академијата за филмски уметности и науки, која ги доделува „Оскарите“, соопшти дека анализира можности како да ја одржи церемонијата во живо во Лос Анџелес на 25 април, два месеца подоцна од вообичаеното. Академијата го замоли режисерот Стивен Содерберг повторно да го осмисли овој настан во екот на пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Николас Кејџ и новата сопруга прошетаа на холивудскиот Булевар на славните

Тие го врзаа јазолот на 16 февруари оваа година – негов петти брак.
А Николас Кејџ докажа дека има уникатен вкус за локации за прошетка бидејќи ја однесе новата сопруга Рико Шибата во Холивуд за да може одблиску да ја видат неговата ѕвезда на Булеварот на славните.
57-годишниот актер се држи за рака со Рико (27) додека стојат до ѕвездата што ја доби во јули 1998 година.
Оскаровецот се ожени со Рико на интимна церемонија во хотелот „Вин“ во Лас Вегас на 16 февруари. Датумот бил избран во чест на роденденот на покојниот татко на младоженецот.
Забава
Џенифер Анистон ќе стане мајка на 52 години

Познатата американска актерка Џенифер Анистон (52), препознатлива по улогата на Рејчел Грин во популарната американска комедија „Пријатели“, ги воодушеви своите долгогодишни пријатели и колеги со веста дека ќе стане мајка.
Многуројни светски медиуми пишуваат дека Џенифер, по два развода, решила да посвои девојче што го запознала во сиропиталиште во Мексико, а самиот процес на посвојување трае веќе една година.
Инаку, Џенифер Анистон го финансира ова сиропиталиште веќе една година. Финализирањето на усвојувањето се очекува во јуни годинава.
„Судот знае дека актерката не сака од ова да направи голем настан во медиумите и сака тоа да биде нејзина лична и интимна одлука, но таа ја сподели убавата вест со своите колеги и пријатели“, заклучува извор пренесен од сите светски медиуми.
Веста им беше соопштена на колегите и пријателите од серијата „Пријатели“ на снимањето на продолжението на оваа популарна серија, која почна овој месец на радост на милиони обожаватели во светот.
Забава
(Видео) Енди Гарсија го прослави роденденот на гости кај Џими Кимел

Холивудскиот актер Енди Гарсија синоќа беше гостин во вечерното шоу на Џими Кимел, каде што се појави во студиото по специјалната најава на водителот.
„Тој реши својот 65. роденден да го прослави со нас вечерва!“, рече Џими најавувајќи го својот гостин, проследено со големи овации на публиката.
„Изгледаш фантастично за 65 години,“ рече Џими и му ја отпеа Happy birthday, dear Andy додека носеа торта со запалени свеќички.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш